Popis House - Kalithea

ЛЕТО 2020

Превоз

Автобуски
Сопствен

Оддалеченост од плажа

200 метри

Грција

Халкидики>Касандра>Калитеа

20% ПОПУСТ ЗА УПЛАТA ДО 30.12.2019

15% ПОПУСТ ЗА УПЛАТA ДО 31.01.2020

10% ПОПУСТ ЗА УПЛАТA ДО 30.04.2020

Вила Попис се наоѓа на самото шеталиште, т.е прва пешачка улица во строгиот центар на Калитеа. Во нејзина близина се наоѓа, маркет, слаткарница, продавници, фурна, ресторани, кафетерии итн. На 200 м оддалеченост се наоѓа плажата, до која се стигнува преку улица или скали. Калитеа е сместена на повисоко теренско место, затоа пристапот до плажа е по удолница.

Вилата не располага со паркинг и околу неа нема расположливост за паркинг, најблизок паркинг простор е на 150 м оддалеченост, кој е бесплатен и се наоѓа на 2 паралелни улици погоре од самата вила. Во долниот дел на вилата се наоѓа мала приемна канцеларија каде се подигаат клучевите за сместувањето и се остава багаж, додека се чека превоз при напуштањето на собите. Сите соби се двокреветни со брачен  кревет, со капацитет само за 2 лица со можност да се смести мало дете со неполни 6 год кое би спиело со родители, бидејки нема простор за дополнителни легла. Собите располагаат со мини кујна опремена со прибор за готвење и јадење која е во склоп на самото студио, тоалет, балкон, клима без доплата и wi-fi.

СЛИКИ И УСЛОВИ

GPS Координати: 40.0752723, 23.4478449

Таксата не вклучена во цената, 0,5 еур по сместувачка единица на ден се плаќа на лице место

Услови за резервирање:

При резервација се уплаќа аванс од 30% од вредноста на аранжманот, а остатокот најдоцна до 20 дена пред реализацијата на аранжманот.

Услови за “early booking”: За резервација е потребно 30% уплата од сумата на аранжманот, доплата се врши најдоцна до датумот кога истекува попустот за рано букирање.  Сите резервации направени или платени по предвидените датуми за рано букирање ќе бидат наплатени по редовни или ревидирани услови и цени актуелни во периодот на доплата.

На промо цените не следува попуст за 2 последователни термини и попуст за рана резервација и истите се резервираат со мин. 50% уплата.

Плаќањето е во денари по курс 1 еур=62 ден

 

ОСТАНАТИ УСЛОВИ И ПОПУСТИ

*За уплата на два или повеќе последователни термини 7% попуст /не важи за промо цени/

*Не е дозволена комбинација на попустите

*Во студио е дозволено сместување на лица согласно предвидениот капацитет (број на кревети), преку дозволениот број може да се смести максимум едно дете до 6 години во кревет со родител
*Превозот ги остава патниците на најблиската локација до сметувањето каде може да се паркира автобус
*Препорачуваме патничко осигурување (информации во агенцијата)
*Важат Општите услови на СКТМ

 

Во цената не е вклучен превоз. Повратен превоз до Калитеа чини:

 

ЦЕНА ЗА ПРЕВОЗ од Скопје за Халкидики (секоја недела)

Скопје (Дрводекор) – 35€ по лице

Штип (паркинг пред пошта) – Трансфер до Велес – 40€ по лице

Струмица (бензинска пумпа Макпетрол нов кружен тек) -Трансфер до Удово – 40€ по лице

Велес (бензинска пумпа, мотел Македонија) – 35€ по лице

Неготино (бензинска пумпа, Неготино) – 35€ по лице

Удово (бензинска пумпа, Удово) – 35€ по лице

Граничен премин(бензинска пумпа Шимов) – 35€ по лице

– Деца од 2 до 12 години: Попуст 10 Евра од редовната цена

– Деца до 2 години бесплатно /без седиште/

– Возрасни над 63 год. 10 еур попуст

 

ПОАЃАЊЕ ОД ГРЦИЈА:

15:00 локално време (14:00 Мак. време) Калитеа

14:45 локално време (14:00 Мак. време) Полихроно

14:30 локално време (13:30 Мак. време ) Ханиоти

14:15 локално време (13:15 Мак. време) Пефкохори

Барање за резервација

Можеби ќе Ви се допадне

Art of Travel

  • Лондонска 2/17А Скопје

  • +389 2 305 1905

  • +389 70 27 93 95

  • artoftravel.mk@gmail.com

  • info@artoftravel.mk

ГАЛЕРИЈА

КОНТАКТ





Страницата на Art of Travel е од информативен карактер! Се трудиме редовно да ја ажурираме, но постои можност за поинакви информации од моментално објавените. Ве молиме сите цени и описи на објекти да ги проверите директно во агенцијата телефонски, на mail или лично. Ви благодариме на разбирањето.



© Copyright 2018 Art of Travel