Хотелот е позициониран на најидеалниот дел од езерскиот брег, на само 3 километри од Охрид. Поседува 27 апартмани, 19 двокреветни соби и 3 резиденцијални (претседателски) апартмани, сместени на првиот и вториот кат, ресторан со 220 места, поделен на идеална половина внатре и на терасата покрај езерото. Хотелот поседува и лифт, сала за состаноци, надворешен базен кој што можат да го користат гостите на хотелот /оваа година поради пандемијата тоа не е возможно/. Сите сместувачки капацитети се опремени со безжичен интернет, балкон, фен, клима уред, ел. бокал, мал фрижидер, поедини со чајна кујна и трпезариска маса.
*Хотелот е прилагоден за лица со пречки во движење
Страницата на Art of Travel е од информативен карактер! Се трудиме редовно да ја ажурираме, но постои можност за поинакви информации од моментално објавените. Ве молиме сите цени и описи на објекти да ги проверите директно во агенцијата телефонски, на mail или лично. Ви благодариме на разбирањето.
© Copyright 2018 Art of Travel