Panorama Hotel & Spa комплетно е реновиран 2018та година и е еден од најубавите хотели во Македонија.
Во понуда се 20 сместувачки единици, 12 двокреветни соби, 2 трокреветни соби и 6 апартмани. Во зимската сезона жичарницата и ски лифтовите се бесплатни за гостите на хотелот. Од останатите содржини тука е ресторанот со преубавиот панорамски поглед кон градот, внатрешниот базен со стаклен покрив, како и џакузи и финска сауна, конференциска сала со 70 места.
Скиjачки центар
Лоциран на падините на Бушова планина, скијачкиот центар е како измислен за првите скијачки и санкачки искуства, а има патеки и за поискусните скијачи. Жичарата ве води од центарот на Крушево до скијачките терени и до ски-лифтите. Центарот има опрема за вештачки снег и возила за обработка на патеките.
Авантуристички парк
Ако сте жедни за авантури и адреналински доживувања на чист воздух и на 1.400 метри надморска висина, од следната сезона ве очекува и адреналинскиот парк.
Најмување велосипед
Крушевскиот крај е вистински велосипедски рај. Во коријата и зад коријата, по околните ледини, падини и гори има огромен број волшебни предели кои трпеливо чекаат да ги откриете. Ако се одлучите за незаборавна прошетка со велосипед, во ПАНОРАМА хотел и спа за изнајмување на штрек, ве очекуваат 15 одлични планиснки велосипеди Трек.
Посета на крушевска влашка куќа
Подготвени ли сте за патување низ времето? За незаборавна средба со традиционалната крушевска архитектура? Сакате ли да ѕирнете зад портите на величествените влашки куќи? Да ги видите древните чардаци, долапи и одаи, во кои се напластиле сеќавањата? Ако одговорот е потврден, повелете и придружете ни се во организирана посета на старите крушевски куќи!
Лет над Крушево
По големиот број успешно одржани национални, европски и светски првенства, веќе цел свет знае дека Крушево е едно од најатрактивните места за летање со параглајдер на планетава. Ако сакате да си приредите незаборавно летечко искуство и ако сакате да проверите како изгледа пола Македонија од птичја перспектива во ПАНОРАМА хотел и спа можете да закажете лет со тандем параглајдер, водени од врвни летачи.
Јавање коњи низ крушевската корија
Искусете незаборавно доживување низ недопрената природа на планинско Крушево! Јавањето коњ е несекојдневен начин да се откријат убавините на овој волшебен крај.
Пешачење
Пешачењето во природа е еден од најсигурните влогови во здравјето. Да се пешачи по планините и шумите околу Крушево е вистински благослов. Но доколку ви треба искусен водич, кои ќе ви ги открие скриените убавини, обратете се на рецепција.
Страницата на Art of Travel е од информативен карактер! Се трудиме редовно да ја ажурираме, но постои можност за поинакви информации од моментално објавените. Ве молиме сите цени и описи на објекти да ги проверите директно во агенцијата телефонски, на mail или лично. Ви благодариме на разбирањето.
© Copyright Art of Travel