Хотел Нова Ривиера се наоѓа на само шеесетина метри од центарот на Охрид , се верува дека повеќе од половина милион туристи престојувале во овој хотел во последните педесетина години. Иво Андриќ, Павле Вујисиќ, Бата Живојиновиќ, Петре Прличко, Лазар Личеноски се едни од многуте познати лица, глумци, писатели, сликари, музичари, политичари, од земјава и надвор, кои престојувале во хотелот и уживале во прекрасната музика, храна и пијалоци. Денес хотелот има нов изглед, нови сопственици и ново име Нова Ривиера, но ги има задржано старата традиција, обичаи и навики.
Хотел Нова Ривиера се наоѓа во центарот на Охрид, на само шеесетина метри од централниот плоштад во Охрид, на главнато градско шеталиште “Кеј Македонија” и има идеална локација со прекрасен поглед на езерото. Од едната страна е Стариот дел на градот, а од другата страна на хотелот се познатите плажи на Охрид. Хотелот располага со 39 соби, од кои 5 трокреветни соби и 34 двокреветни соби со брачни и раздвоени кревети. Секоја соба е опремена со клима уред, LCD TV, бесплатен бежичен интернет, телефон, тоалет со туш кабина, прибор за лична хигиена, фен за коса, собна услуга, мини бар, сопствен балкон. Ресторанот на Хотел Нова Ривиера е од отворен тип. Има капацитет од 220 седишта и може да се прилагодува според барањата и потребите на гостите. Прекрасно уредена летна тераса со капацитет од 80 седишта нуди фасцинантен поглед на Охридското езеро.
Страницата на Art of Travel е од информативен карактер! Се трудиме редовно да ја ажурираме, но постои можност за поинакви информации од моментално објавените. Ве молиме сите цени и описи на објекти да ги проверите директно во агенцијата телефонски, на mail или лично. Ви благодариме на разбирањето.
© Copyright Art of Travel