Малта - Медитеранскиот бисер / 06 - 09. март 2024

Пролетни патувања / 3 ноќевања / авио од Скопје

Типот на програма

Авионска програма
Поаѓање од Скопје

Промо цена 339 еур

4 дена / 3 ноќевања
услуга ВВ

Европа

Малта

ПРОМОТИВНА ЦЕНА ЗА РЕЗЕРВАЦИЈА ДО 15.02.2024

МАЛТА – МЕДИТЕРАНСКИОТ БИСЕР

 

Малта е најголемиот остров и културен, трговски и административен центар. Тука се премостуваат милениуми од неверојатен спектар на работи кои треба да се откријат. Каде и да одите, сценографијата и архитектура се со спектакуларна позадина. Боите се впечатливи, боите на меден-камен во мешавина со медитеранската сина. Малта е опишана како еден голем музеј на отворено. Она што ја прави уникатна е тоа што толку многу од минатото е видливо денес. Истражете ја мистериозната праисторијата на островот, рутата на стапките на Свети Павле или пак видете каде витешкиот ред на Свети Јован се борел во своите најпознати битки. Малта е одмор, Малта е расположение… Може да се релаксирате со спорт, да ги посетите познатите историски знаменитости, и сеуште да имате време за ноќен живот. Тоа е вистинската предност на престојот тука. Малта има велнес и спа објекти на луксузни хотели и одморалишта. И, ако тоа не ви е доволно, тука се другите два острови – Гозо и Comino-кои може да бидат пријатна промена на сцена за време на вашиот престој во Малта. Изборот е ваш!

ПРОГРАМА

06 март (среда)               СКОПЈЕ – МАЛТА   

Состанок на група на аеродром Скопје во 19.30 часот . Полетувањето е во 21:25 часот. Слетување на аеродром во Малта во 23:15 часот. Трансфер од аеродром до хотел. Сместување. Слободно време. Ноќевање.

 

07 март (четврток)          МАЛТА – ВАЛЕТА – МДИНА

Појадок. Факултативно, разглед на главниот град на Малта – Валета, изграден од витезите на Св. Џон, чие културно наследство се открива пред вас како што ќе се движите по самите улици на градот. Прошетка низ сликовитите улички се до градините “Barracca” од каде што има панорамски поглед на „Големиот Залив“ и на „Трите Града“. Посета на богато украсената катедрала и музеј на Св. Џон, дом на светски познатите уметнички ремек дела од Караваџо и Матија Прети. По посетата на Валета попатно кон Мдина, посета на фабриката за стакло Mdina Glass во Ta’Qali, каде што ќе имате можност да ја видите специфичната техника на изработка на дувано стакло.  Посета на  Мдина – стариот средновековен главен град на Малта, наречен Тивкиот Град. Прошетка низ тесните поплочени улички, rазглед на познатите градини Св.Антони, Претседателската палата… Враќање во хотел. Ноќевање.

 

08 март (петок)               ГОЗО

Појадок. Целодневна факултативна посета на островот Гозо (Calypso’s Island), вториот најглем остров во Малтешкиот архипелаг. Пред пристигнување во пристаништето Cirkewa, со можност за кратка посета на светилиштето на Пресвета Богородица на Mellieha. Гозо во грчката митологија е наречен островот на Калипсо – грчка нимфа, која го држела Одисеј на нејзиниот остров. Посета на пештерата на Калипсо во Рамла Хамра заливот и прекрасните плажи. Панорамски разглед на Викториа (Рабат), главниот град кој не потсетува дека Мдина била изградена да ја заштити целата популација на Гозо од страшните пиратски напади, заливот Xlaendi… Попладне враќање во хотел.  Слободно време. Ноќевање.

 

09 март (сабота)             ТРИТЕ ГРАДА – МАРСАШЛОК – СКОПЈЕ

Појадок. Полудневна факултативна посета на трите града Senglea – Isla, Vitoriossa – Birgu, Cospicua Bormla – најубавите историски места на Малта каде ќе дознаеме повеќе за културата на живеење на малтежаните. Conspicoua пред 18. век бил познат како Bormla, име кое се уште е во употреба. Нејзините бедеми се конструирани за заштита на градот и неговите соседи Vittoriosa & Senglea. Биле изградени од страна на витешкиот ред на Малта. Посета на Vittoriosa, гратче идеално лоцирано за засолниште, познато по својата трговска, морска и воена активност. Senglea или Isla L’Isola (остров), е наречен во време на витешкиот ред. Овој локалитет е еден од најстарите градови на Малта кои датираат од 16. век. Изобилува со ботато наследство од страна на витешкиот ред на Св. Џон. Посета на шармантното, традиционално, рибарско село Марсашлок – познато по преубавата глетка, по пазарот за риба, рибните ресторани… Тука ќе ги видите живописно обоените чамци насликани со очи на лакот – наречерни Luzzu кои често се сметаат за симбол на Малта. Организиран трансфер до аеродром. Полетување за Скопје во 21:10 часот. Слетување во 22:45 часот.

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ: 399 € / 24.740 мкд

 попуст за ранa уплатa до 15.02: 369 € / 22.880 мкд

 

 

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ Е ВКЛУЧЕНО:

Авионски превоз на релација Скопје – Малта – Скопје

Аеродромски такси

Рачен багаж (1 торба/куфер до 10кг со димензии 40х30х20см)

Организиран трансфер аеродром-хотел-аеродром на Малта

Сместување во хотел Alexandra 3*, на база 3 ноќевања со појадок

Организација на аранжманот и придружник на патувањето

ПОГЛЕДНИ ДЕТАЛИ

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ Е ВКЛУЧЕНО:

Доплата за чекиран багаж – куфер до 10кг  / чекиран багаж – куфер до 20кг  *( цената е променлива, инфо во агенција 7 дена пред поаѓање

Факултативна посета на  Валета и Мдина – 50 евра

Факултативна посета на Гозо 65 евра

Факултативна посета на  Трите Града и Марсашлок 50 евра

ПАКЕТ за трите факултативни излети 150 евра

Туристичка такса 750 мкд – се плаќа  во агенција

Влезници во локалитетите, карти за локален превоз

Патничко осигурување

Долата за еднокреветна соба  4.200 мкд

 

Начини на плаќање:

Цената на аражманот се плаќа исклучиво во денари, во готово или на фактура, по курс 1€ = 62,00 мкд.  При резервација на аранжманот се уплаќа 30% од износот на аранжманот, како авансна уплата (важи и за цената во претпроидажба). Остатокот од аражманот се доплаќа на најдоцна 10 дена пред поаѓање. 

Напомена:

За реализација на аранжманот потребен е минимум од 25 патници.

За реализација на факултативните излети потребен е минимум од 20 особи. 

За овој програм важат Опшите Услови на патување на  Организаторот.

Пасошот треба да важи минимум 3 месеци од завршувањето на патувањето.

 

Општи напомени за патување:

Организаторот го задржува правото, во случај на промена на цената на превозот, хотелот, недоволен број на пријавени патници и слично, да ја измени цената на аранжманот или пак да го откаже во целост аранжманот на 7 дена пред поаѓање.

Организаторот на патувањето го задржува правото за промена на распоредот во програмата во случај на непредвидени објективни причини, како на пр: застој на граница, доцнење на летот, застој во сообраќајот, затвореност на некој од локалитетите предвидени за посета и сл.    

Можеби ќе Ви се допадне

TASOS 1 – Nea Flogita, Solunska regija

STAR PARADISE – Neos Marmaras, Sithonia

APOLLONION ASTERIAS Resort&Spa ***** – Xi Beach, Kefalonija

DJERBA GOLF Resort&Spa 4* – Djerba, Tunis

Art of Travel

  • Лондонска 2/17А Скопје

  • +389 2 305 1905

  • +389 70 27 93 95

  • artoftravel.mk@gmail.com

  • info@artoftravel.mk

ГАЛЕРИЈА

КОНТАКТ





Страницата на Art of Travel е од информативен карактер! Се трудиме редовно да ја ажурираме, но постои можност за поинакви информации од моментално објавените. Ве молиме сите цени и описи на објекти да ги проверите директно во агенцијата телефонски, на mail или лично. Ви благодариме на разбирањето.



© Copyright document.write(new Date().getFullYear()); Art of Travel