VILA LIDA - SARANDA, Albanija

AЛБАНИЈА - ЛЕТО 2021

ПРЕВОЗ

Автобуски / сопствен

Оддалеченост од плажа

70 m

Албанија

Саранда

Вила Лида се наоѓа во Саранда, град во јужна Албанија, сместен покрај брегот на Јонското море.  Локацијата на оваа вила е на 70 метри оддалеченост од плажа и на само 5 минути пешачење до центарот на градот. Вилата располага со 1/2, 1/3 и 1/4  студија. Дел од нив се со директен ппоглед на море а дел со страничен. Комплетно се опремени со кујна, балкон, ТВ, клима (вклучена во цена), сопствен тоалет и wifi.

СЛИКИ И УСЛОВИ

Напомена

·  Цените во табелата се однесуваат за наем на студио за 8 дена / 7 ноќевања без вклучен превоз

·  Во студијата е дозволено сместување на лица согласно предвидениот капацитет, односно број на кревети  

·  За уплата на два последователни термини одобруваме 10% попуст на вториот термин

·  Сместувањето е првиот ден по 14.00 часот по локално време, а собите ги напуштате последниот ден во 09.00часот

·  Употреба на клима е вклучено во цената

·  Вилата поседува WIFI интернет

·  Препорачуваме патничко осигурување во агенција поради новите протоколи

·  Агенцијата нема одговорност за трансфер до вилата доколку користите превоз од друга компанија.

·  Ве информираме за новите настани околу Ковид-19-користење на превоз капацитетите во автобус/минибус ќе се користат согласно протоколот од 75% капацитет

 

 

ПРЕВОЗ:

·     Поаѓањето е во вечерните часови, еден ден пред дадените термини во табелата (секоја сабота)

·     Цена на повратен билет – 55€  

·     Деца до 2 години бесплатно (без седиште);

·     Деца од 2-8 год. – 40€

 

Превозот со автобус / минибус се извршува до туристичката дестинација односно до местото што дозволува да застане автобусот близу вилата

Патниците самостојно го пренесуваат својот багаж од автобусот до вилата

Патувањето за Валона, Саранда и Ксамил се реализира преку граничниот премин Ќафасан-Струга и може да се патува со важечка лична карта или пасош не постар од 3 месеци.

 

Време на поаѓање за  Ксамил:

21:30h Штип (Нова пошта)

22:00h Куманово (рафинерија, окта автопат)

22:30h Скопје (Хотел Вип)

23:15h Тетово (влез макпетрол)

23:50h Прилеп (Лукоил – Трансфер до Охрид)

00:30h Битола (Трансфер до Охрид)

00:45h Кичево (бензинска пумпа Лукоил)
01:30h Охрид (Аеродром влез)
01.45h Струга (кружниот тек излез)

 

Важни информации:

·  Ги замолуваме патниците да бидат на местата за поаѓање 15 минути пред поаѓањето доколку користат превоз.

·  Поради густиот сообраќај во текот на летната сеозна можни се определени доцнења за кои однапред се извинуваме.

·  Во студио е дозволено сместување на лица согласно предвидениот капацитет (број на кревети)

·  Превозот ги остава патниците на најблиската локација до сметувањето каде може да се паркира автобус/минибус

·  Препорачуваме патничко осигурување (информации во агенцијата)

·  За отказ на резервација со “рана уплата” или резервации во “последен момент”, не се враќа уплатениот износ

·  За резервација на аранжманот е потребно 30% уплата од вкупната сума

·  За рана уплата со попуст потребна е уплата од 50% од цената на аранжманот

·  Важат Општите услови на Организаторот    

Барање за резервација

Можеби ќе Ви се допадне

SUNSHINE – Sarti, Sithonia

ORFEAS – Leptokarija, Pieria

EVI 2 – Nea Kalikratia, Solunska regija

LAMBROS – Sarti, Sitonija

Art of Travel

  • Лондонска 2/17А Скопје

  • +389 2 305 1905

  • +389 70 27 93 95

  • artoftravel.mk@gmail.com

  • info@artoftravel.mk

ГАЛЕРИЈА

КОНТАКТ





Страницата на Art of Travel е од информативен карактер! Се трудиме редовно да ја ажурираме, но постои можност за поинакви информации од моментално објавените. Ве молиме сите цени и описи на објекти да ги проверите директно во агенцијата телефонски, на mail или лично. Ви благодариме на разбирањето.



© Copyright Art of Travel