Кипар 24. - 28. мај 2023

Мајски патувања / 4 ноќевања / авио од Солун со трансфер од Скопје

Типот на програма

Авионска програма
Поаѓање од Скопје

Промо цена 359 еур

5 дена / 4 ноќевања
услуга ВВ

Европа

Кипар

ПРОМОТИВНА ЦЕНА ЗА РЕЗЕРВАЦИЈА ДО 10.05.2023 – 359 ЕУР

КИПАР

Остров со 340 сончеви денови годишно

Република Кипар е островска земја во Средоземното Море, трет по големина остров во Европа со површина од 9.251 км2 и околу 233 км крајбрежје. Кипар го нарекуваат  многумина остров Афродита, затоа што според митот, тука е родена грчката божица на љубовта. Низ 10 000 – годишната историја  бил населен и освојуван од  Грци, Римјани, Асирци, Персијци, Египќани, Византијци  и крстоносците, поради што тука се испреплетуваат митологијата и античката историја. Кипар има високо развиен туризам, благодарение на својата богата историја и прекрасно одржуваните одморалишта. Улици  на кои можат да се видат луксузни автомобили, пријателски расположени домаќини, квалитетни, добро опремени хотели, топла медитеранска клима, прекрасни плажи, интересни настани и ноќни клубови, квалитетно вино, добар шопинг.

 

Ларнака е најстариот град на островот, трет по големина, град со население од 75.000, на 5 километри од најголемиот меѓународен аеродром во Кипар. Сместен е на југоисточниот брег и е луксузно одморалиште со туристи кои доаѓаат на скапи јахти.

Предвесник на денешната Ларнака е античкиот град Китиум, чии урнатини сè уште се видливи. Значајна туристичка дестинација со многу знаменитости и туристички атракции како што се урнатините на античкиот Китиум – од 13 век. Градот е познат по прекрасно уреденото шеталиште покрај морскиот брег.

Лимасол е втор  град по големина, по главниот град Никозија, кој е и главно трговско пристаниште и важен туристички центар. Познат е како главно пристаниште и вински  центар на островот кој нуди мешавина од песочни плажи, трговски центри и  забавен ноќен живот

Аја Напа е сместена на југоисточниот брег, на околу 40 км од Ларнака, 8 км од Протарас, кај Кејп Греко. Позната е по прекрасните бели песочни плажи кои го носат синото знаме, по кристално чиста тиркизна вода и удобности што ги нудат. Покрај семејното одморалиште, ова место во последниве години стана „главен град на забава“ со над 150 барови и дискотеки, познати и како „Скулптура Ибица“. За малку повеќе од десет години, Аја Напа прерасна од мало рибарско село во еден од најпосетените туристички центри, со нови хотели долж километарскиот брег, со бесконечни бели песочни плажи по должината на тиркизното море, спортови на вода, тематски воден парк. Аја Напа е омилено одморалиште и за ентузијасти за нуркање.

ЦЕНА 359€/22.260,00 ден до 10.05.2023

Редовна цена 379€/23.500,00 ден

 

ПРОГРАМА

1. ден  СОЛУН – ЛАРНАКА

Состанок на групата пред хотел Холидеј Инн  во 08:00 часот. Заминување кон аеродромот во  Солун. Полетување за Ларнака во 15:50 ч. По пристигнувањето во 17:50 часот, трансфер до хотелот во Ларнака. Слободно време за индивидуални активности. Ноќевање.

 

2 ден –25.05 2023      ЛАРНАКА  – ЛИМАСОЛ – Плажата  АФРОДИТА  и  ПАФОС

Појадок. Факултативна посета на Лимасол и Пафос. На пат кон Пафос поминуваме низ Лимасол, каде имаме пауза во марината на Лимасол. Прошетка низ  популарната марина и шеталиштето во Лимасол. По пауза продолжуваме помеѓу плантажата со лимон и портокал Фасури  се до  античката грчка тврдина Куриум. По посетата на тврдината поминуваме низ британските воени бази Епископи и пристигнуваме на плажата Афродита, каде според легендата божицата на љубовта се родила во морска пена. Пауза за освежување и одмор со поглед на карпата на Афродита и кристално чистото море.

Следува продолжување на патот кон градот Пафос, чии споменици се под заштита на УНЕСКО (споменици од грчката историја и митологија и првите геометриски зачетоци  од античка Грција). На крајот од посетата, време за пауза во еден од многуте барови во пристаништето за кафе или ручек по ваш избор. Ноќевање

 

3. ден  ЛАРНАКА  – АЈА НАПА – ФАМАГУСТА

Појадок. Факултативна посета на Фамагуста, крајбрежниот град на Кипар. Заминување кон Аја Напа. АјаНапа е можеби најпопуларен туристички центар на Кипар, со многу сонце, кристално чисто море и прекрасни пејзажи. Некогашно мало, рибарско село, сместено во увала, денес е престижен туристички центар. Друго име му е и „втора Ибица“ за сите кои сакаат море, спортови на вода и  активен ноќен живот. Бројните ресторани, барови, дискотеки и тренд-клубови работат скоро непрекинато,  па се препорачува пред се на помладите, но секако дека има места и за помирен и опуштен одмор. Ја красат широки, песочни плажи, од кои најпознатите се Golden Beach – долга 1 км и Nissi Beach – долга 2 км. Патување што Ви дава можност да го посетите прекрасниот крајбрежен град Фамагуста и да одите што е можно поблиску до оградениот и запечатениот дел од градот кој е познат низ целиот свет како  „град на духови“. Посетатa на манастирот Свети Барнабас, основачот на кипарската православна црква и античкиот град-кралство Саламис. Следната станица е стариот центар на Фамагуста, за да ги видите венецијанските ѕидини во стариот дел од градот и посета на готската црква на Свети Никола и замокот Отело. Враќање во хотел. Слободни активности. Ноќевање.

 

4. ден  ЛАРНАКА  –  НИКОЗИЈА

Појадок. Факултативен разглед на главниот  град на Кипар, Никозија.  Еден  град поделен на два со 130.000  жители, две временски зони, граница и пасошка контрола.  Фактот дека се преминува од една во друга држава за само 2 минути и поместувањето на часовникот за еден час понапред  е посебно искуство. Најинтересниот дел на грчката страна од градот е наречен  Laiki Getonia – (Добар комшија) исполнет со голем број на продавнички, кафетерии, атељеа  и тесни улички. Голем број од старите куќи се рестарвирани, а во рамките на стариот град се наоѓа  Етнографскиот музеј, катедралата на Св Јован, големата палата на  архиепископот  Макариос III, првиот и доживотен претседател на републиката, како и најголемата банка на Кипар, за која се кажува дека е во сопственост  на кипарската православна цркава. Слободно време за ручек. По ручекот се заминува према зелената линија  и познатиот ѕид кој  го дели Кипар на  грчки и турски дел. Враќање во хотел во Ларнака. Ноќевање.

 

5. ден  ЛАРНАКА – СОЛУН

Појадок. Одјавување од хотел во 10:00 часот. Трансфер до аеродормот во Ларнака. Чекирање, пасошки и царински формалности. Полетување од Ларнака  во 13:15 часот. Пристигнување во Солун во 15:30 ч. Трансфер до Скопје. 

ПОГЛЕДНИ ДЕТАЛИ

ЦЕНА 359€ до 10.05.2023

Редовна цена 379€

 

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧЕНИ СЕ СЛЕДНИТЕ УСЛУГИ:

  • Автобуски трансфер  Скопје – Солун – Скопје
  • Директен лет на релација Солун – Ларнака – Солун со авикомпанија Wizz Air
  • Аеродромски такси
  • Мала кабинска торба со димензии 40x30x20cm
  • Организирани трансфери: аеродром Ларнака – хотел – аеродром Ларнака
  • Сместување во хотел на база 4 ноќевања со појадок  во хотел Cactus 3* во Ларнака
  • Организација на аранжманот и придружник на патувањето.

 

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ СЕ ВКЛУЧЕНИ СЛЕДНИТЕ УСЛУГИ:

•  Доплата за кабински багаж до 

10кг (55 x 40 x 23 cm)– информации во агенција

  • Влезници за локалитети и карти за локален превоз
  • Факултативна посета на Аја Напа и Фамагуста со локален водич и трансфер 55€ (минимум 15 патника)
  • Факултативна целодневна посета,на Пафос и Афродитина плажа со локален водич и трансфер 50€(минимум 15 патника)
  • Факултативна целодневна посета на Никозија со локален водич и трансфер 50€ (минимум 15 патника)
  • Патничко осигурување 

 

За реализација на програмата  потребнa е група од 25 патника

 

ПРИЈАВУВАЊЕ ЗА ФАКУЛТАТИВНИТЕ ИЗЛЕТИ ПРИ РЕЗЕРВАЦИЈА ВО АГЕНЦИЈА !!!!

Резервација се прави со авансна уплата од минимум 50% од цената на аранжманот. Комплетна доплата 15 дена пред поаѓање.

Цената е валидна за плаќање во готово или на сметка на Арт оф Травел.

Општи напомени за патување:

Агенцијата го задржува правото, во случај на промена на цена на превоз или недоволен број на пријавени патници, да ја измени цената на аранжманот или да го откаже истиот во целост 7 дена пред поагање, како и промена на редоследот на факултативни излети во случај на објективни непредвидени причини.

За време на разгледите на градовите наведени во програмата не се предвидени посети на внатрешноста на јавните згради, институции или културни споменици, освен ако тоа не е посебно нагласено во програмата.

Пасошот треба да важи минимум 3 месеци од завршувањето на патувањето

Доколку се патува за Никозија и Фамагуста важноста на пасошот мора да биде 6 месеци до денот на влегувањето на турскиот дел поточно во Северен Кипар

 

Цените се дадени во евра, уплата се врши исклучиво во денарска противвредност по курс 1€ = 62 мкд. Калкулацијата за факултативните излети е направена нa минимум 15 особи, а пријавувањето е при резервација во агенција.

Можеби ќе Ви се допадне

KATERINA – Vasiliki, Lefkada

ELENI NEW – Sarti, Sitonija

VLAHOS – Pefkohori, Kassandra

ALFA ALFA – Neos Marmaras, Sithonia

Art of Travel

  • Лондонска 2/17А Скопје

  • +389 2 305 1905

  • +389 70 27 93 95

  • artoftravel.mk@gmail.com

  • info@artoftravel.mk

ГАЛЕРИЈА

КОНТАКТ





Страницата на Art of Travel е од информативен карактер! Се трудиме редовно да ја ажурираме, но постои можност за поинакви информации од моментално објавените. Ве молиме сите цени и описи на објекти да ги проверите директно во агенцијата телефонски, на mail или лично. Ви благодариме на разбирањето.



© Copyright Art of Travel