Hotel Kamena 3* е позициониран централно во ски резортот Пампорово. Опкружен со густа четинарска шума, идеален е за мирен семеен одмор, но и за поголеми друштва. Се работи за помал хотел со ограничени содржини но со добра услуга и умерени цени. Хотелот во својата понуда има вкупно 42 сместувачки единици. Секоја е опремена со кабловска ТВ, мини бар, простор за седење, интернет. Некои се со балкон. Од хотелските содржини издвојуваме: интернет, надворешен паркинг, ресторан со 80 места, меана со 100 места, лоби бар со маса за билијар, релакс зона со теретана, парна бања, сауна, и масажа со резервација, детска игрална, ски остава, трансфер до ски лифтот.
Цената вклучува:
1 ноќевање по лице со вклучен полупансион, теретана, ски остава, интернет, надворешен паркинг, трансфер до ски лифтот, Туристичка такса
За валидна резервација потребна е уплата од мин. 25% од вкупната сума. Останатиот дел се доплаќа најдоцна 15 дена пред поаѓање, за Нова година 25 дена пред поаѓање. Плаќањето е во денари по курс 1 еур=62 ден.
Страницата на Art of Travel е од информативен карактер! Се трудиме редовно да ја ажурираме, но постои можност за поинакви информации од моментално објавените. Ве молиме сите цени и описи на објекти да ги проверите директно во агенцијата телефонски, на mail или лично. Ви благодариме на разбирањето.
© Copyright Art of Travel