ЈАДРАН - Свети Стефан, Будва Тиват, Херцег Нови, Игало, Котор и Пераст

05. март - 09. март 2021

ПРЕВОЗ

Автобус

Цена 6.150 денари

5 дена / 2 ноќевања

Црна Гора

Св. Стефан - Будва - Тиват - Херцег Нови - Игало - Котор - Пераст

ОСМОМАРТОВСКО ПАТУВАЊЕ

ТЕРМИН: 05.03. – 09.03.2021

2 ноќевања

 

ПРОГРАМА:

 

1. ден 05. март:   СКОПЈЕ – СВЕТИ СТЕФАН 

 Состанок на групата на паркингот кај СЦ Борис Трајковски во 22:00 часот. Поаѓање за Будва во 22:30 часот. Се патува преку гр.премин Блаце, Приштина, Тирана, Подгорица  со попатни паузи поради одмор и царински формалности. Ноќно возење.

 

2. ден  06. март:     СВЕТИ СТЕФАН – БУДВА – ТИВАТ

Во утринските часови пристигнуваме на Јадранската обала. Првата куса пауза правиме кај монденското острово Свети Стефан. Можност за фотографирање и уживање во преубавата панорамска глетка. Продолжуваме кон Будва. Прошетка покрај обалата и низ стариот град. Можност за одмор покрај самото море. Патувањето го продолжуваме кон Тиват. Сместување во хотел. Слободно време за омор. прошетки и запознавање со местото, како и користење на содржините на хотелот. Можност за прошетка покрај стариот град  и монденското пристаниште  Порто Монтенегро.  Ноќевање.

 

3. ден  08. март:   ТИВАТ –  КОТОР – ПЕРАСТ

ПО појадокот можност за слободен ден за индивидуални активности или факултатувна  посета на КОТОР и ПЕРАСТ со локален водич. Прошетка низ стариот дел на градот Котор, денес под заштита на УНЕСКО.

Котор е град кој е опколен со моќни ѕидини од времето на Венецијанската владавина во 15 в. Слободно време за индивидуални прошетки. Продолжуваме накај Пераст, најголемиот град-споменик на Бока Которска, приморско гратче, цело во камен, со барокни палати, цркви и автентични камени куќи. Можност за посета на минијатурното островче крај Пераст со бродче. Островот е направен во 15ти век  и е наречен Госпа од Шкрпјела. На островот е изграден храмот посветен на Богородица…  според преданието браќата Моршиќи во Рисанскиот залив на 22.  јули ја пронашле сликата на Богородица, па Пераштанци во 1452 година одлучиле на тоа место да изградат православен храм посветен на Богородица. Враќање во Пераст. Слободно време за индивидуални прошетки.  Враќање во хотел. Ноќевање

 

4. ден  08. март:  ХЕРЦЕГ НОВИ/ ИГАЛО – СКОПЈЕ

Појадок. Претпладне одиме на факултативна посета на  Херцег Нови и Игало, со траект преку Бококоторскиот залив, стар повеќе од 600 год. (со локален водич). Поради многуте сончеви денови го има добиено називот “Град на сонцето“. Град на мимозите и прекрасен стар град со калдрмисани улички, стара тврдина Forte Mare, Kanli kula  (“кравава кула“) од времето на Османлиите, плоштадот  Бела виста со црквата на Свети Архангел Михаил, Саат кулата подигната по наредба на Султан Махмуд во 17 в. Низ пролазот на Саат кулата се наоѓа скулптура на Света Марија наречена Црна Богородица, бидејки е работена од нагорено дрво. Тука е и тврдината Шпањола, изградена во 16ти век од Шпанците, а покасно Турците ја обновиле. Изградена на 170 м.н.в. со прекрасен поглед на Бококоторскиот залив. Продолжуваме накај  Игало, некогашниот најелитен Спа центар во Црна Гора. Можност да се посети прочуената Вила ГАЛЕБ на ТИТО, градена 1976г. Се посетуваат просториите во кои Тито, со своите соработници престојувал, ги одржувал состаноците и гледал филмови. Се посетуваат и апартманите на неговите блиски соработници како и неговиот и апартманот на неговата сопруга.  Влезница 3 евра).  Во вечерните часови поаѓаме  кон Скопје. Се патува покрај Будва, Петровец на море, Подгорица, Тирана, Приштина. Ноќно возење.

 

5. ден 09. март:   СКОПЈЕ

Пристигнување во Скопје во раните утрински часови. Крај на програма.

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ:   6.150 денари

 

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА:

  • Високо туристички автобус  на наведената релација
  • Сместување на база  2 ноќевања со појадок во хотел 4* во Тиват    
  • Користење на  Спа центарот во хотелот
  • Посета и прошетка низ Будва,Тиват, Свети Стефан
  • Организација на аранжманот и туристички пратител на групата од агенција  

 

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА:

  • Доплата за ПОЛУПАНСИОН (2 вечери): 750 ден, наша препорака. Резервација и уплата во агенција.
  • Доплата за еднокреветна соба   2100 ден
  • Задолжително патничко и здравствено осигурување 
  • Влезници за културно историските споменици
  • Целодневен излет Херцег Нови/Игало со локален водич, автобус, траект  15 евра
  • Посета на Котор и Пераст со локален водич, автобус: 15 евра
  • Туристичка такса 250 ден, се плаќа во агенција

ГАЛЕРИЈА

НАПОМЕНИ:

* За реализација на ова патување, потребен е минимум од 25 патници.

* За резервација на аранжманот потребна е аконтација од 30% од вкупната сума. Целосна уплата се врши најдоцна 10 дена пред поаѓање.

 

За патување во Црна Гора не е потребен ПЦР тест

Барање за резервација

Можеби ќе Ви се допадне

DORA GARDEN – Sarti, Sithonia

Hotel Glazne **** – Bansko

Art of Travel

  • Лондонска 2/17А Скопје

  • +389 2 305 1905

  • +389 70 27 93 95

  • artoftravel.mk@gmail.com

  • info@artoftravel.mk

ГАЛЕРИЈА

КОНТАКТ





Страницата на Art of Travel е од информативен карактер! Се трудиме редовно да ја ажурираме, но постои можност за поинакви информации од моментално објавените. Ве молиме сите цени и описи на објекти да ги проверите директно во агенцијата телефонски, на mail или лично. Ви благодариме на разбирањето.



© Copyright 2018 Art of Travel