Истра /19.10 - 25.10.2021 / автобус

Есенски патувања

Типот на програма

автобус

Цена 319 еур

6 дена / 4 ноќевања

Hrvatska

Pula>Brioni>Rovinj>Porec>Groznjan>Motovun>Opatija

ЦЕНА 319 eur = 19.800 ден

ТЕРМИН: 19.10 – 25.10.2021

ИСТРА

(ПУЛА-БРИОНИ-РОВИЊ-ПОРЕЧ-ГРОЖЊАН-МОТОВУН-ОПАТИЈА)

Допрете ја магичната црвена земја… Нека Ве погали медитеранското златно сонце… И почувствувајте ја Истра… Ја нарекуваат хрватска Тоскана… заради синото море, зелените пејзажи, средновековните места изградени во венецијански стил, мирисот на рузмаринот, вкусот на лимонадата од лаванда, афродизијакот тартуф, белото вино малвазија…Магијата може да започне!

термин

19.10 – 25.10.2021

Прв ден: 19.10.2021 (вторник)

Поаѓање на групата од  Скопје во 18.00 часот кон Хрватска со туристички автобус преку граничниот премин Табановце, со попатни одмори.

Втор ден: 20.10.2021 (среда)

Пристигнување во Пула во пладневните часови. Сместување во хотел „Pula“ 3 *** (https://www.hotel-pula.hr/). Слободно време за одмор од патувањето. Потоа организиран разглед со локален туристички водич на Пула, најголем град на истарскиот полуостров кој според преданието го основале уморните морепловци од стара Елада  кои сакале да се скријат во заливот. Пула се споменува уште во грчката митологија во приказната за Јасон и Медеј кои го украле златното руно. Најголемата туристичка атракција во градот е еден од најдобро сочуваните римски амфитеатри изграден во првиот век кој популарно го нарекуваат Арена каде денес се организираат концерти, филмски фестивали и многу културни настани. Слободно време за индивидуални прошетки во градот. Враќање во хотелот. Ноќевање.

Трети ден: 21.10.2021 (четврток)

Појадок. Заминување на групата на организиран излет на Националниот парк Бриони. Најпрво се упатуваме кон местото Фажана од каде со брод заминуваме кон Бриони, местото кое е познато како некогашна резиденција на  претседателот на поранешна Југославија, Јосип Броз Тито. Легендата вели дека ангелот посакал дел од Земјата да го обликува според сликата од Рајот. Така настанала Истра. Но љубоморниот ѓавол го уништил неговото дело истурајќи ја вреќата во која ангелот ги носел остатоците од неискористените камења, па илјадници камени карпи се распослале по истарската земја. Растажените ангели ги собрале деловите од рајот останати меѓу  камењата и ги заштитиле со морски бранови. Така настанал архипелагот Бриони, составен од  два големи и неколку помали острови-вкупно 14 кои ја сочинуваат единствената убавина на Истра од кои најголемиот е Големи Бриони чиј разглед трае четири часа во придружба на локален водич на хрватски јазик. Автохтони растенија, ливади на кои безгрижно пасат елени и муфлони, археолошки локалитети  како и сафари паркот во кој заедно живеат зебрите, сомалиските овци, индиските говеда, лама, но и истарските овци, кози и говеда се само дел од излетничката програма која делумно ќе се реализира со туристички воз. Во текот на разгледот се посетуваат малата готска црква Св. Германа од 15-от век со постојана изложба на копија на фрески, како и брионската градина која претставува врвна атракција со 169 различни видови автохтони билки. За време на поранешна Југославија островите биле летна резиденција на претседателот Тито, за што сведочи богата музејска збирка фотографии „Тито на Бриони“. Островот може да се пофали со еден од најголемите голф терени во Европа. По завршувањето на разгледот се враќаме повторно назад во Фажана. Слободно време за индивидуални активности. Ноќевање.

Четврти ден: 22.10.2021 (петок)

Појадок. Одјавување од хотелот и заминување кон Ровињ, најромантичното место на Медитеранот, градот кој многумина го нарекуваат Монте Карло на истарската ривиера. Тоа е еден од најчесто фотографираните хрватски градови, со разнобојни куќи кои како да се издигаат од морето кон катедралата Св. Еуфемија, со камени поплочени улици полни со уметнички галерии, со ренесансни и барокни палати… Разглед на градот со локален туристички водич, а потоа слободно време за индивидуални прошетки. Во пладневните часови ја напуштаме оваа сентиментална морска атмосфера и заминуваме кон Пореч. Сместување во хотел „Porec“ 3* (www.hotelporec.com) кој се наоѓа на само 200 метри од строгиот центар на градот. Слободно време за одмор од патувањето и за индивидуалнни прошетки низ градот кој нуди интересна мешавина на средновековно наследство. Најпозната знаменитост е Еуфразијевата базилика од VI век, прекрасна градба од ранохристијанската архитектура ставена на листата на УНЕСКО како светско културно наследство. Ноќевање.

Петти ден: 23.10.2021 (сабота)

Појадок. Заминување на групата со локален туристички водич на целодневен излет во континентално-зелениот дел на Истра, во двата града кои се фаворити во централна Истра: Грожњан и Мотовун. Грожњан е сместен над долината на реката Мирна, на надморска висина од 228 метри. Тоа е единствената средновековна урбана целина каде во последните 275 години не е изградена ниту една нова градба и единственото место во Хрватска каде мнозинството жители се Италијани. Во 1965-та година Грожњан е прогласен за Град на уметниците – денес тука има дваесетина галерии и речиси постојано на камените улици се одржуваат уметнички манифестации. Грожњан е единственото место од каде имате можност да ја погледнете Истра со очите на уметниците. Потоа продолжуваме кон Мотовун, најбајковитиот град во Хрватска.  Блиската шума под градот е дом на познатата подземна печурка тартуф која се смета за крал на хрватската гастрономија. Пред да започнеме со организираниот разглед на градот ќе имате можност да ја доживеете авантурата лов на тартуфи следејќи ги во шумата дресираните кучиња кои неуморно го бараат „Златото од Истра“, богатството скриено на 10-20 см под Вашите нозе. После ловот кој е несекојдневно доживување и вистинска релаксација, се упатуваме на дегустација во традиционално домаќинство Миро Тартуфи  ( http://miro-tartufi.com/en/). Потоа продолжуваме кон организиран разглед на градот во кој влезот со автобус е невозможен, па затоа се искачуваме со шатл автобус.  Мотовун е раскошен стар акрополски град сместен на врвот на 277 метри висок рид, преполн со фотогенични глетки од кои застанува здивот. Тоа е градот со богато наследство: градска врата со кула, ренесансна палата, градска ложа, средновековниот распоред на улиците… Околу градот се шират лозови насади на кои се одгледува грозје од познати сорти на истарските вина-теран и малвазија. Во попладневните часови враќање во Пореч. Ноќевање.

Шести ден: 24.10.2021 (недела)

Појадок. Одјавување од хотелот и заминување кон Опатија. Слободно време за индивидуални прошетки на познатото приморско шеталиште Фрањо Јосип на брегот на Јадранското Море. Во договореното време заминување кон Македонија. Пристигнување во понеделник, на 25. октомври во раните утрински часови.

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ………319 евра (19.800 денари)

(плаќање во денарска противвредност)

 

Во цената на аранжманот се вклучени следните услуги:

Ø  Превоз со туристички автобус на наведената релација

Ø  Две ноќевања со појадок  во хотел „ Pula“ 3* во Пула

Ø  Две ноќевања со појадок  во хотел „ Porec“ 3* во Пореч

Ø  Локален туристички водич во Пула, Бриони, Ровињ, Грожњан и Мотовун

Ø  Бродски билет на релација Фажана-Бриони-Фажана и влезница за островот Бриони со вклучен водич на хрватски јазик

Ø  Излет до Грожњан и Мотовун

Ø  Органиран лов на тартуфи и дегустација

Ø  Билет за локален автобус до градот Мотовун

Ø  Туристичка такса во хотелите

Ø  Организација на патувањето и туристички придружник

Во цената на аранжманот не се вклучени следните услуги:

–        Доплата за еднокреветна соба – 55 евра

–        Патничко осигурување

ПОГЛЕДНИ ДЕТАЛИ

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ………319 евра (19.800 денари)

(плаќање во денарска противвредност)

 

Во цената на аранжманот се вклучени следните услуги:

Ø  Превоз со туристички автобус на наведената релација

Ø  Две ноќевања со појадок  во хотел „ Pula“ 3*** во Пула

Ø  Две ноќевања со појадок  во хотел „ Porec“ 3*** во Пореч

Ø  Локален туристички водич во Пула, Бриони, Ровињ, Грожњан и Мотовун

Ø  Бродски билет на релација Фажана-Бриони-Фажана и влезница за островот Бриони со вклучен водич на хрватски јазик

Ø  Излет до Грожњан и Мотовун

Ø  Органиран лов на тартуфи и дегустација

Ø  Билет за локален автобус до градот Мотовун

Ø  Туристичка такса во хотелите

Ø  Организација на патувањето и туристички придружник

 

Во цената на аранжманот не се вклучени следните услуги:

  • Доплата за еднокреветна соба – 55 евра
  • Патничко осигурување

Напомена: цената важи за резервација со 30 % аконтација и целосна доплата 10 дена пред поаѓање

За реализација на аранжманот потребни се минимум 35 патници

 (за време на патувањето ќе се почитуваат сите здравствени протоколи)

Последен рок за пријавување: 13. октомври 2021 година

ПРОГРАМА

Прв ден: 19.10.2021 (вторник)

Поаѓање на групата од  Скопје во 18.00 часот кон Хрватска со туристички автобус преку граничниот премин Табановце, со попатни одмори.

Втор ден: 20.10.2021 (среда)

Пристигнување во Пула во пладневните часови. Сместување во хотел „Pula“ 3 *** (https://www.hotel-pula.hr/). Слободно време за одмор од патувањето. Потоа организиран разглед со локален туристички водич на Пула, најголем град на истарскиот полуостров кој според преданието го основале уморните морепловци од стара Елада  кои сакале да се скријат во заливот. Пула се споменува уште во грчката митологија во приказната за Јасон и Медеј кои го украле златното руно. Најголемата туристичка атракција во градот е еден од најдобро сочуваните римски амфитеатри изграден во првиот век кој популарно го нарекуваат Арена каде денес се организираат концерти, филмски фестивали и многу културни настани. Слободно време за индивидуални прошетки во градот. Враќање во хотелот. Ноќевање.

Трети ден: 21.10.2021 (четврток)

Појадок. Заминување на групата на организиран излет на Националниот парк Бриони . Најпрво се упатуваме кон местото Фажана од каде со брод заминуваме кон Бриони, местото кое е познато како некогашна резиденција на  претседателот на поранешна Југославија, Јосип Броз Тито. Легендата вели дека ангелот посакал дел од Земјата да го обликува според сликата од Рајот. Така настанала Истра. Но љубоморниот ѓавол го уништил неговото дело истурајќи ја вреќата во која ангелот ги носел остатоците од неискористените камења, па илјадници камени карпи се распослале по истарската земја. Растажените ангели ги собрале деловите од Рајот останати меѓу  камењата и ги заштитиле со морски бранови. Така настанал архипелагот Бриони, составен од  два големи и неколку помали острови-вкупно 14 кои ја сочинуваат единствената убавина на Истра од кои најголемиот е Голем Бриони чиј разглед трае четири часа во придружба на локален водич на хрватски јазик. Автохтони растенија, ливади на кои безгрижно пасат елени и муфлони, археолошки локалитети  како и сафари паркот во кој заедно живеат зебрите, сомалиските овци, индиските говеда, лама, но и истарските овци, кози и говеда се само дел од излетничката програма која делумно ќе се реализира со туристички воз. Во текот на разгледот се посетуваат малата готска црква Св. Германа од 15-от век со постојана изложба на копија на фрески, како и Брионската градина која претставува врвна атракција со 169 различни видови автохтони билки. За време на поранешна Југославија островите биле летна резиденција на претседателот Тито, за што сведочи богата музејска збирка фотографии „Тито на Бриони“ . Островот може да се пофали со еден од најголемите голф терени во Европа. По завршувањето на разгледот се враќаме повторно назад во Фажана. Слободно време за индивидуални активности. Ноќевање.

Четврти ден: 22.10.2021 (петок)

Појадок. Одјавување од хотелот и заминување кон Ровињ, најромантичното место на Медитеранот, градот кој многумина го нарекуваат Монте Карло на истарската ривиера. Тоа е еден од најчесто фотографираните хрватски градови, со разнобојни куќи кои како да се издигаат од морето кон катедралата Свети Еуфемија, со камени поплочени улици полни со уметнички галерии, со ренесансни и барокни палати… Разглед на градот со локален туристички водич, а потоа слободно време за индивидуални прошетки. Во пладневните часови ја напуштаме оваа сентиментална морска атмосфера и заминуваме кон Пореч. Сместување во хотел „Porec“ 3*** (www.hotelporec.com) кој се наоѓа на само 200 метри од строгиот центар на градот. Слободно време за одмор од патувањето и за индивидуалнни прошетки низ градот кој нуди интересна мешавина на средновековно наследство. Најпозната знаменитост е Еуфразијевата базилика од VI век, прекрасна градба од ранохристијанската архитектура ставена на листата на УНЕСКО како светско културно наследство. Ноќевање.

Петти ден: 23.10.2021 (сабота)

Појадок. Заминување на групата со локален туристички водич на целодневен излет во континентално-зелениот дел на Истра, во двата града кои се фаворити во централна Истра: Грожњан и Мотовун. Грожњан е сместен над долината на реката Мирна, на надморска висина од 228 метри. Тоа е единствената средновековна урбана целина каде во последните 275 години не е изградена ниту една нова градба и единственото место во Хрватска каде мнозинството жители се Италијани. Во 1965-та година Грожњан е прогласен за Град на уметниците – денес тука има дваесетина галерии и речиси постојано на камените улици се одржуваат уметнички манифестации. Грожњан е единственото место од каде имате можност да ја погледнете Истра со очите на уметниците. Потоа продолжуваме кон Мотовун, најбајковитиот град во Хрватска.  Блиската шума под градот е дом на познатата подземна печурка тартуф која се смета за крал на хрватската гастрономија. Пред да започнеме со организираниот разглед на градот ќе имате можност да ја доживеете авантурата лов на тартуфи следејќи ги во шумата дресираните кучиња кои неуморно го бараат „Златото од Истра“, богатството скриено на 10-20 см под Вашите нозе. После ловот кој е несекојдневно доживување и вистинска релаксација, се упатуваме на дегустација во традиционално домаќинство Миро Тартуфи  ( http://miro-tartufi.com/en/). Потоа продолжуваме кон организиран разглед на градот во кој влезот со автобус е невозможен, па затоа се искачуваме со шатл автобус.  Мотовун е раскошен стар акрополски град сместен на врвот на 277 метри висок рид, преполн со фотогенични глетки од кои застанува здивот. Тоа е градот со богато наследство: градска врата со кула, ренесансна палата, градска ложа, средновековниот распоред на улиците… Околу градот се шират лозови насади на кои се одгледува грозје од познати сорти на истарските вина-теран и малвазија. Во попладневните часови враќање во Пореч. Ноќевање.

Шести ден: 24.10.2021 (недела)

Појадок. Одјавување од хотелот и заминување кон Опатија. Слободно време за индивидуални прошетки на познатото приморско шеталиште Фрањо Јосип на брегот на Јадранското Море. Во договореното време заминување кон Македонија. Пристигнување во понеделник, на 25. oктомври во раните утрински часови.

Барање за резервација

МОЖЕБИ ЌЕ ВИ СЕ ДОПАДНЕ

Apartmani KRALJEVI ČARDACI *** – Kopaonik

Vila Prive – Litohoro, Pieria

Delfini – Milina, Pilion

Residence Villas Hotel **** – Stalida

Art of Travel

  • Лондонска 2/17А Скопје

  • +389 2 305 1905

  • +389 70 27 93 95

  • artoftravel.mk@gmail.com

  • info@artoftravel.mk

ГАЛЕРИЈА

КОНТАКТ





Страницата на Art of Travel е од информативен карактер! Се трудиме редовно да ја ажурираме, но постои можност за поинакви информации од моментално објавените. Ве молиме сите цени и описи на објекти да ги проверите директно во агенцијата телефонски, на mail или лично. Ви благодариме на разбирањето.



© Copyright 2018 Art of Travel