Истанбул - индивидуални пакет аранжман

авио - 7 дена / 6 ноќи

Превоз

Авион

Термин

До 15.03.2021

Турција

Истанбул>Бурса

ПАКЕТ АРАНЖМАН КАДЕ САМИ БИРАТЕ ПЕРИОД НА ПРЕСТОЈ

7 ДЕНА / 6 НОЌИ – ХОТЕЛИ 4* НА ОДЛИЧНИ ЛОКАЦИИ – ВКЛУЧЕНИ СИТЕ РАЗГЛЕДИ СО ПРЕВОЗ, ВЛЕЗНИЦИ И ПРОФЕСИОНАЛНИ ВОДИЧИ, КАКО И ТРИ РУЧЕЦИ – ВКЛУЧЕН ТРАНСФЕР ОД АЕРОДРОМ ДО ХОТЕЛ И НАЗАД

МОМЕНТАЛНА НАЈПОВОЛНА ЦЕНА НА АВИО БИЛЕТ 125 ЕУР СО ВКЛУЧЕНИ АЕРОДРОМСКИ ТАКСИ И РАЧЕН БАГАЖ

Истанбул – најкосмополитски град во светот, град на контрасти, единствен град кој ги преплавува сите сетила. Истанбул пречекува опсипан со светлина, град кој никогаш не спие – улици полни со весели луѓе, шаренило од бои, мириси, идеален спој на култура и религија, место на кое се состануваат Европа и Азија.

ЦЕНИ

4* THE PEAK HOTEL TAKSIM
242 EUR ПО ЛИЦЕ ВО 1/2 СОБА
230 EUR ТРЕТО ЛИЦЕ
357 EUR 1/1 СОБА

 

4* TAXIM HILL HOTEL
288 EUR ПО ЛИЦЕ ВО 1/2 СОБА
276 EUR ТРЕТО ЛИЦЕ
426 EUR 1/1 СОБА

 

5* HOLIDAY INN SISLI HOTEL
311 EUR ПО ЛИЦЕ ВО 1/2 СОБА
299 EUR ТРЕТО ЛИЦЕ
495 EUR 1/1 СОБА

 

ПОГЛЕДНИ ДЕТАЛИ

ЦЕНАТА ВКЛУЧУВА:
6 ноќевања со појадок во избраниот хотел

Сите наведени излети со вклучени влезници, трансфери, такси и професионален водич

3 ручека за време на излетите

Приватен повратен трансфер од аеродром во Истанбул до хотел и назад (Mercedes/Volkswagen)

10x медицински маски по лице

Организација на патувањето

 

ЦЕНАТА НЕ ВКЛУЧУВА:

Авио билет Скопје – Истанбул – Скопје /во моментов на објавување на програмата, најповолна цена 125 eur со вклучени аеродромски такси и рачен багаж/

Патничко здравствено осигурување

Индивидуални трошоци

 

УСЛОВИ ЗА ДЕЦА:
Дете од 0-2 год. бесплатно
Дете од 2-6 год 110 EUR
Дете од 6-12 год плаќа 70% од цената за возрасен во 1/2 соба

ПРЕДЛОГ ЗА СЛОБОДЕН ДЕН

Посета на Долмабахче сарај (цена на влезница со водич на англиски јазик во времетраење од 1 час моментално изнесува 20 еур по лице)

НАПОМЕНА:

Во случај да некој од понудените хотели не биде слободен во време на резервирање, ќе Ви биде понуден сличен хотел!

Пасошот треба да е со важност мин. 6 месеци од датумот на завршување на програмата, односно напуштање на Турција.

Моментално за влез во Турција е потребен негативен ПЦР тест и одлуката е на сила до 01.03.2021.

 

Цените се изразени во евра, плаќањето е во денарска противвредност по курс 1 еур=62 ден

За валидна резервација е потребна уплата од мин. 70% од вкупната сума. Останатиот дел се доплаќа најдоцна 10 дена пред поаѓање. Авио билетот се плаќа со резервација.

БАРАЊЕ ЗА РЕЗЕРВАЦИЈА

ПРОГРАМА

ДЕН 1

Пристигнување на аеродром во Истанбул и организиран трансфер до избраниот хотел

ДЕН 2

Целодневна тура „Ottoman & Byzantium Relics Tour“ со ручек

Посета на Аја Софија, Сина џамија, Топкапи палата, Хиподром, Капали чаршија, Мала Св. Софија џамија, Теодосиев обелиск, германска фондација на Вилхелм Втори, Константинов столб

ДЕН 3

Целодневна тура „Princess Island Tour“ со ручек

Посета на Островот на Принчевите, каде што за време на Византија принчевите и кралските семејства престојувале, а потоа и султаните од Отоманското царство. Пловење по Мраморно Море со траект. Единствен транспорт на островот е со коњи и кочии.

ДЕН 4

Целодневна тура „Bursa Tour with Electric Chair Lift“ со ручек.

Посета на Бурса, некогашна отоманска престолнина. Тука е и Зелениот мавзолеј каде што се погребани петте отомански султани, термални извори, Археолошкиот Музеј… Со една од најдолгите на светот гондоли, искачување до планината и познатиот ски центар Улудаг

ДЕН 5

Целодневна тура „Bosphorus Cruise Tour“

Посета на египетскиот пазар на зачините, втор по големина по Капали чаршија. Крстарење по Босфор, каде што ќе имате можност да видите многу знаменитости од бродот, од кои и шестте познати палати Топкапи, Долмабахче, Девојачка Кула, Бејлербеј палата, Румелоиска тврдина, Анадолска тврдина, Јилдиз парк и палата, селото Ортакој, Босфорскиот мост

ДЕН 6

Слободен ден за индивидуални активности.

ДЕН 7

Слободно време до трансфер до аеродромот. Лет до Скопје.

МОЖЕБИ ЌЕ ВИ СЕ ДОПАДНЕ

Gran Hotel Peniscola 4* – Costa Azaar

The Beach House Apartments – Afitos, Kassandra

MPM Merryan Hotel *** – Pamporovo

Aleksandra House – Neos Marmaras

Art of Travel

  • Лондонска 2/17А Скопје

  • +389 2 305 1905

  • +389 70 27 93 95

  • artoftravel.mk@gmail.com

  • info@artoftravel.mk

ГАЛЕРИЈА

КОНТАКТ





Страницата на Art of Travel е од информативен карактер! Се трудиме редовно да ја ажурираме, но постои можност за поинакви информации од моментално објавените. Ве молиме сите цени и описи на објекти да ги проверите директно во агенцијата телефонски, на mail или лично. Ви благодариме на разбирањето.



© Copyright 2018 Art of Travel