8. март во Истанбул - 08.03. - 10.03.2024

2 ноќевања со појадок / Авионски од Скопје

Превоз

Авион

Промо цена 365 еур

3 дена / 2 ноќевања
услуга 2 ноќевања со појадок

Турција

Истанбул

ПРОМО ЦЕНА ЗА УПЛАТА ДО 25. ЈАНУАРИ

Истанбул 8-ми март со авион

8 Март | 3 дена | со Авион 

 

Истанбул – најкосмополитски град во светот, град на контрасти, единствен град кој ги преплавува сите сетила. Истанбул пречекува опсипан со светлина, град кој никогаш не спие – улици полни со весели луѓе, шаренило од бои, мириси, идеален спој на култура и религија, место на кое се состануваат Европа и Азија.

ПРОГРАМА:

 

08. март (петок)      Скопје – Истанбул
Состанок на група 06:45 часот на аеродромот во Скопје. Полетување за Истанбул во 08:45 часот со Turkish Airlines. Слетување во Истанбул во 12:20 часот. Организиран трансфер и панорамски разглед на градот со локален водич на македонски јазик. Сместување во хотел. Вечерта слободно време за индивидуални активности, факултативно крстарење по Босфор. Ноќевање.

 

09. март (сабота)      Истанбул
Појадок. По појадокот организиран пешачки разглед на градот со локален водич на македонски јазик: Хиподромот (кој некогаш служел за коњски трки, а денес е меморијален плоштад со обележја од минатото), Сината џамија (изградена на почеток на XVII век од страна на  познатиот архитект Мехмед-Ага, воедно е и последната импресивна градба на отоманската религиска архитектура), Аја Софија (најпознатата градба во Истанбул, изградена во времето на владеењето на Јустинијан први, една од најголемите цркви во светот, претворена во џамија по падот на Византиското царство) *за влез се доплаќа на лице место. Прошетката продолжува кон Капали чаршија и Галата Кула. Враќање во хотел. Вечерта слободно време за индивидиални активности. Ноќевање.

 

10. март (недела)       Истанбул – Скопје
Појадок. Одјавување од хотел и слободно време за индивидиални активности. Во попладневните часови организиран трансфер од хотел до аеродром во Истанбул. Летот од Истанбул за Скопје полетува во 20:25. Слетување во Скопје 19:55.

 

ПРОМОТИВНА ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ 365 € ПО ЛИЦЕ 

ЗА РЕЗЕРВАЦИИ НАПРАВЕНИ ДО 25.01.2024, СО УПЛАТА ОД 30%
Редовна цена на аранжманот: 399 € по лице

 

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ Е ВКЛУЧЕНО:
– Авионски превоз ( SKP-IST-SKP ) со Turkish Airlines (23 кг по лице вклучен багаж + 7 кг рачен багаж).
TK1004  08MAR 5 SKPIST        0845 1220
TK1005  10MAR 7 ISTSKP        2025 1955
– 2 ноќевања со појадок во хотел Samir Hotel Deluxe 4* Лалели. http://samirhotel.com/
– Вклучени ексурзии во цената на аранжманот, посета на: Хиподромот, Сината џамија, Аја Софија (со доплата за влезница во Аја Софија), Капали чаршија, кулата Галата.
– Организиран трансфер аеродром – хотел – аеродром.
– Организација и реализација на аранжманот со водич на групата од Скопје

ПОГЛЕДНИ ДЕТАЛИ

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ Е ВКЛУЧЕНО:
– Факултативно крстарење по Босфор 50 € (вклучува трансфери, вечера, лимитирани локални алкохолни и безалкохолни пијалоци, SHOW програма )
– Факултативни екскурзии и индивидуални трошоци при патувањето
– Задолжително здравствено и патничко осигурување.

НАПОМЕНА:
– За резервации е потребно уплата на аванс од 30% од вкупниот износ на аранжманот, а целосната доплата на аранжманот треба да биде завршена најдоцна до 25.02.2024.
– За ова патување потребен е валиден биометриски пасош со важност 180 дена од денот на патувањето
– Цените се дадени во евра, плаќањето е во денарска противвредност по курс 1 € = 62 денари.

-Цените важат за плаќање во готово или на фактура
– За овој аранжман важат Општите услови за патување на СКТМ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВИ СЕ ДОПАДНЕ

OSTRACO – Sarti, Sithonia

MIRAGGIO THERMAL SPA Resort ***** – Kanistro, Kassandra

Aparthotel LUCKY ***** – Bansko

NATASA 2 – Hanioti, Kassandra

Art of Travel

  • Лондонска 2/17А Скопје

  • +389 2 305 1905

  • +389 70 27 93 95

  • artoftravel.mk@gmail.com

  • info@artoftravel.mk

ГАЛЕРИЈА

КОНТАКТ





Страницата на Art of Travel е од информативен карактер! Се трудиме редовно да ја ажурираме, но постои можност за поинакви информации од моментално објавените. Ве молиме сите цени и описи на објекти да ги проверите директно во агенцијата телефонски, на mail или лично. Ви благодариме на разбирањето.



© Copyright document.write(new Date().getFullYear()); Art of Travel