Ioannis House - Asprovalta, Strimonikos

ЛЕТО 2023

Превоз

Сопствен

Оддалеченост од плажа

70 метри

Грција

Залив Стримоникос>Аспровалта

LAST MINUTE – 09.07-19.07.2023

1/2 STD – 495 € 

1/3 STD – 540 € 

1/4 APP – 620 € 

*ЗА ПЛАЌАЊЕ СО КАРТИЧКА ПОПУСТОТ СЕ НАМАЛУВА ЗА 2%

IOANNIS House е една од најдобро позиционирани куќи во Аспровалта. Се наоѓа во првиот ред куќи до морето, спроти големиот јавен паркинг, на само 70м од плажата и на околу 100м од убавото шеталиште со таверни, кафетерии и центарот на местото полно со најразлични туристички содржини. Има убав двор со зеленило, погоден за семејства со деца. Во понуда се 1/2 и 1/3 студија, 1/3 и 1/4 апартмани и 1/4, 1/5 и 1/5+1 дуплекс апартмани сместени на високо приземје и ориентирани кон морето и големиот паркинг. Во апартманите, кујните се во издвоена просторија, додека сите кревети се во другата просторија. Во дуплекс апартманите во секоја спална има клима уред. Секоја сместувачка единица има основно опремена кујна, комарници, купатило, тераса со гарнитура за седење и клима уред чие користење се доплаќа на лице место 3 еур на ден. Во апартманите нема телевизор и пешкири, а промената на постелнината е на половина од смената. Има бежичен WI–FI интернет, за чија брзина агенцијата не може да гарантира. Објектот нема сопствен паркинг но дозволено е паркирањето пред куќата или на големиот јавен паркинг отспротива.

ГАЛЕРИЈА

Цените се во евра, плаќањето е во денари по курс 1 еур = 62 ден

 

ОПИС:

1/2 СТУДИО

во една просторија чајна кујна и брачен кревет

1/3 СТУДИО

во една просторија чајна кујна и брачен и единечен кревет

1/3 АПАРТМАН

во една просторија чајна кујна, во другата брачен и единечен кревет

1/4 АПАРТМАН

во една просторија чајна кујна, во другата брачен кревет и кревети на кат (190х90см)

1/4 ДУПЛЕКС

во една просторија чајна кујна, во едната спална брачен кревет, во другата спална брачен кревет

1/5 ДУПЛЕКС

во една просторија чајна кујна, во едната спална брачен и единечен кревет, во другата спална брачен кревет

1/5+1 ДУПЛЕКС

во една просторија чајна кујна, во едната спална брачен и единечен кревет, во другата спална брачен кревет и фотеља на извлекување (190х75см)

 

 

НАПОМЕНИ:

– Влезот во сместувачките единици е од 15:00 часот првиот ден, а напуштањето е до 09:00 часот последниот ден.

– За хигиената во сместувачката единица се грижат гостите. Евентуална неисправност и недостаток во сместувачките единици гостинот е должен да ја пријави на претставникот на агенцијата организатор. Секоја направена штета гостинот е должен да му ја надомести на сопственикот на објектот пред напуштање на истиот. При влез во сместувачката единица гостинот е должен да го преконтролира инвентарот и секој недостаток да го пријави на претставникот или на сопственикот. Секоја оштетување кое постоело во студиото/апартманот пред влезот, а не било пријавено, ќе се третира како штета предизвикана од гостите кои во моментот престојуваат во објектот. Гостите се должни да го почитуваат куќниот ред на објектот, во спротивно сопственикот има право да им го скрати правото на престој, а организаторот нема да ја преземе одговорноста за тоа нити е должен да ги обештети гостите за неискористениот дел од услугата.

– Димензиите на креветите во Грција се разликувааат од нашите стандарди. Грчки стандард за единечен кревет е ширина 75-90цм и должина 180-200 цм, за француски 120-150цм ширина и 180-20 цм должина. Помошните кревети се на расклопување, со дрвена или местална конструкција или фотељи на расклопување со помали димензии.

– Најголем дел од објектите во Грција користат систем на соларни бојлери за затоплување на водата, што подразбира нешто пониска температура на водата и помал притисок во одредени делови од денот од оние на кои сме навикнати.

 – Организаторот има право по пат на LAST MINUTE понуда да ги продаде свиоте преостанати капацитети по цени различни од објавените во ценовникот. Патниците кои уплатиле по објавените цени намаат право да побаруваат надомест за разликата во цена.

– Патниците се должни да ги почитуваат важечките законски и царински прописи на двете земји.

– Потписникот на договорот за патување е должен да ги извести сите патници во договорот за сите услови од истиот.

– Должност и одговорност на патниците е важноста на патните исправи. Патниците кои патуваат со пасоши на други држави се должни сами да се информираат и запознаат со визниот режим на земјата во која патуваат и да ги извршат потребните активности поврзани со визирање на своите пасоши.

Во случај патниците да не добијат виза за престој во избраната земја, агенцијата не презема никаква одговорност и ќе се смета за отказ на патување од страна на патникот и ќе се применуваат утврдените условите од Општите услови на патување на организаторот на патување.

– Ве молиме внимателно да ги прочитате Општите услови за патување кои се составен дел од оваа програма.

Можеби ќе Ви се допадне

Hotel FLORA 4* – Borovets

ALFA ALFA – Neos Marmaras, Sithonia

BITEZ GARDEN LIFE Hotel **** – Bodrum

Aparthotel ZONED & SPA – Kopaonik

Art of Travel

  • Лондонска 2/17А Скопје

  • +389 2 305 1905

  • +389 70 27 93 95

  • artoftravel.mk@gmail.com

  • info@artoftravel.mk

ГАЛЕРИЈА

КОНТАКТ





Страницата на Art of Travel е од информативен карактер! Се трудиме редовно да ја ажурираме, но постои можност за поинакви информации од моментално објавените. Ве молиме сите цени и описи на објекти да ги проверите директно во агенцијата телефонски, на mail или лично. Ви благодариме на разбирањето.



© Copyright document.write(new Date().getFullYear()); Art of Travel