Драч претставува најголемо пристаниште и најстар град во Албанија, со 3.000 години долга историја, за што говорат бројните археолошки наоѓалишта и локалитети. Денес е модерен град, со околу 120.000 жители и туристички центар со модерни згради, хотели и угостителски објекти.
Промо цена на аранжманот за резервација до 18.09.2020: 7.400 денари (119 евра)
Редовна цена на аранжманот: 8000 ден (129 еур)
ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ Е ВКЛУЧЕНО:
Превоз со туристички автобус
Сместување во хотел 4* во Драч на база 3 ноќевања со појадок
Посета и разглед со водич на Берат и Драч
Посета на Елбасан
Организација на аранжманот и придружник на патувањето
ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ Е ВКЛУЧЕНО:
Посета и разглед со водич на Скадар и Тирана – 25 евра
Задолжително патничко – здравствено осигурување
УСЛОВИ И НАЧИН НА ПЛАЌАЊЕ
Плаќањето е во денари по курс 1 еур = 62 денари
За валидна резервација потребна е уплата од 30% а останатиот дел најмалку 15 дена пред поаѓање
ОПШТИ НАПОМЕНИ НА ОРГАНИЗАТОРОТ НА ПАТУВАЊЕТО
За реализација на аранжманот потребен е минимум од 40 патници.
Организаторот го задржува правото да го откаже во целост аранжманот 7 дена пред поаѓање. Организаторот на патувањето го задржува правото за промена на програмата (активностите по денови и датуми) за патување во случај на непредвидени објективни причини, како на пр: застој на граница, застој во сообраќајот, затвореност на некој од локалитетите предвиден за посета и сл.
Во Албанија се патува со пасош или лична карта.
Состанок на групата на паркингот спроти хотелот “Holiday Inn”, во 01:30 часот. Поаѓање за Албанија во 02:00 часот. Се патува преку граничен премин Ќафасан со попатни паузи. Пристигнување во Берат наречен “Градот на илјада прозорци” поради големите прозорци кои ги красат куќите. Град со прекраснo испреплетена архитектура со христијански и муслимански карактеристики, многу религиозни објекти: џамии, цркви (Св. Троица, Св. Илија…), кои припаѓаат на Албанската православна црква, чијашто автокефалност била прогласена во Белград, во 1922 година. Разглед на градот и неговите најзначајни знаменитости. Во договорено време поаѓање кон Драч. Пристигнување и сместување во хотел. Ноќевање.
Појадок. Разглед на градот и неговите културно – историски знаменитости: националниот музеј, римскиот амфитеатар, шеталиштето долж брегот… Драч претставува најголемо пристаниште и најстар град во Албанија, со 3.000 години долга историја, за што говорат бројните археолошки наоѓалишта и локалитети. Денес е модерен град со околу 120.000 жители и туристички центар со модерни згради, хотели и угостителски објекти. Слободно попладне. Ноќевање.
По појадокот, факултативно, посета на Скадар – познат како центар на католицизмот во Албанија и совршен пример како различните религии живеат сложно заедно. Главна знаменитост на градот е тврдината Розафа, изградена во 3тиот век п.н.е. од која се протега прекрасен панорамски поглед на најголемото природно езеро на Балканскиот полуостров – Скадарско езеро. Градот е полн со зеленило, широки улици, кафе барови, градби со медитеранска и ориентална архитектура. Во договорено време заминување од Скадар и посета на Тирана. Прошетка низ центарот каде се сместени: плоштадот Скендербг, операта, џамијата Етем беј, националната библиотека, Саат кула – симбол на градот, остатоците на Јустинијановата тврдина, културниот центар, поранешниот музеј на Енвер Хоџа, националниот историски музеј… Вечерта, враќање во Драч. Ноќевање.
Појадок. Посета на Елбасан, четвртиот град по големина во Албанија, кој претставува центар за производство на маслиново масло, пченица и тутун. Во договорено време поаѓање кон Македонија и пристигнување во доцните вечерни часови.
Страницата на Art of Travel е од информативен карактер! Се трудиме редовно да ја ажурираме, но постои можност за поинакви информации од моментално објавените. Ве молиме сите цени и описи на објекти да ги проверите директно во агенцијата телефонски, на mail или лично. Ви благодариме на разбирањето.
© Copyright 2018 Art of Travel