Приказна од северот на Бачка /12.05 - 16.05.2021 / автобус

Пролетни патувања

Типот на програма

автобус

Цена 9.240 ден

4 дена / 3 ноќевања

Србија

Келебија>Суботица>Пачир>Палиќ

ЗА 30% УПЛАТА ДО 12. АПРИЛ 2021 ЦЕНА 9.240 ден – СО СИТЕ ИЗЛЕТИ ВКЛУЧЕНИ

ТЕРМИН: 12.05.2021

ПРИКАЗНА ОД СЕВЕРОТ НА БАЧКА

Дворец како од бајките, дива убавина и спокојство, липицанери, фијакери, вкусно вино, барок, термални извори и Розевото Езеро сред Бачката рамнина

термин

12.05 – 16.05.2021

 

Има ли било каде крај каде што секогаш е пролет? Можеби ќе го откриеме на нашето заедничко патување на најсеверниот дел од Бачка…Тука, под крошните на столетните дрвја меѓу топлиот колорит, прошараното небо, симпатичното езерце, најразличните шатки и гуски и преубавите бели коњи липицанери… тука ќе ги наполниме батериите!

Прв ден: 12.05.2021 (среда)

Во 23:00 часот заминување на групата од Скопје кон Србија со туристички автобус преку граничниот премин Табановце, со попатни одмори.

Втор ден: 13.05.2021 (четврток)

Пристигнување во претпладневните часови на најсеверниот дел на Бачка, во селото Келебија, кое се наоѓа на само десетина километри од центарот на Суботица и на 500 метри од границата со Унгарија. Сместување на групата во хотел-вила  „Majur“ 4*, преубав објект кој потсетува на дворец од бајките (http://www.vilamajur.com/sr/).  Слободно време за одмор од патувањето и за користење на содржините на хотелот, кој има wellness центар: затворен базен, сауна, мини теретана и просторија за масажа. Хотелот е опкружен со прекрасен парк во кој доминираат борот и елата, со уредени патеки за прошетка и летниковци за одмор, вештачко езеро со дрвена куќичка наменета за гуските и шатките, тениски игралишта… Вистински рај за одмор на душата. Во попладневните часови заминуваме на разглед на најголемата ергела за одгледување на коњи од расата липицанери, ергелата Келебија која е во сопственост на хотелот (или хотелот е во сопственост на ергелата, сосема сеедно) (http://www.ergelakelebija.rs/). Изградена е во 1993-та година на површина од неверојатни 25 хектари, а денес тука се одгледуваат 80 липицанери чии матични грла биле купувани од ергелите во бивша Југославија.  Организиран разглед на ергелата и на музејот каде се наоѓа колекција од  повеќе од 30 различни кочии, фијакери, чези и санки. Потоа следува несекојдневно доживување-возење со фијакерите низ преубаво уредениот парк и боровата шума, а сите љубители на јавањето можат со помош на искусните инструктори да пробаат да ги јаваат мирните коњи. Враќање  во хотелот. Ноќевање.

Трет ден: 14.05.2021 (петок)

Појадок. Заминуваме кон Суботица, градот кој извесно време бил под австро-унгарска власт, што имало најголемо влијание врз стилот на градбите. Во центарот на градот доминира Градската куќа како најголема атракција  и Народниот театар. Една од најрепрезентативните градби во барокниот стил е катедралата градена кон крајот на XVIII век, а најубав пример за градба во стилот на сецесијата е Рајхловата палата, некогашна семејна куќа на архитектот Ференц Рајхл. Организиран разглед на градот со локален туристички водич и слободно време за индивидуални прошетки. Потоа заминуваме кон зеленото море на лозовите плантажи на  винаријата „Zvonko Bogdan“ (https://www.vinarijazvonkobogdan.com). Организирана обиколка на винаријата каде ќе имате можност да уживате во преубавиот амбиент и во  дегустација на три различни вина кои го носат печатот на лозовите насади на Палиќ. Во попладневните часови враќање во хотелот. Слободно време за индивидуални активности. Ноќевање.

Четврти ден:15.05.2021 (сабота)

Појадок. Денот го започнуваме со уште едно ново доживување: заминуваме кон термалната бања Пачир или розевото езеро кое освен во Мексико, Сенегал и Австралија го има и во Војводина, во општината Бачка Топола. Езерото се наоѓа во состав на термална бања со лековита вода која доаѓа од  длабочина од околу 1400 метри минувајќи низ слоеви на различни карпи и така се збогатува со многу минерали од кои најзастапени се натриумот, јод и бром. Заради нивното присуство, водата е солена. Во самиот извор температурата на водата е 72 степени, а кога ќе стигне до површината се разладува на температура меѓу 25 и 35 степени. Розевата боја ја создаваат алгите кои се застапени во месеците јули и август, но степенот на бојата зависи и од јачината на сончевите зраци. Од неодамна на површина од 200 квадратни метри се изградени затворени базени со термална вода, со што оваа бања е достапна за посетителите не само за време на летото туку и во зимските месеци. Слободно време за прошетки низ езерото и за користење на внатрешните базени со топла термална вода. Во состав на базените има и ресторан за закуска. Во попладневните часови враќање во хотелот. Ноќевање.

 

Петти ден: 16.05.2021 (недела)

Појадок. Одјавување од хотелот и заминување кон најголемото природно езеро во Србија, езерото Палиќ за кое постојат записи уште во XV век. Три века подоцна започнале испитувањата за лековитоста на водата и тоа бил почетокот на изградбата на бањата која и денес постои. Предвидена е прошетка покрај езерото и околината со локален туристички водич: Разглед на малата гостилница, големата тераса, големиот парк, Музичкиот павиљон, Спомен чешмата, споменикот на Лајош Вермеш, плажата… . Во договореното време заминуваме кон Македонија. Пристигнување во понеделник, на 17. Мај во раните утрински часови.

 

Промотивна цена за уплата до 12.04.2021….149 евра (9.240 денари)

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ………159 евра (9.860 денари)

(плаќање во денарска противвредност)

 

Напомена: Промотивната цена важи за резервација со 30 % аконтација до 12. април

и целосна доплата до 30. април

 

 

Во цената на аранжманот се вклучени следните услуги:

Ø  Превоз со туристички автобус

Ø  Три ноќевања со појадок  во хотел „Majur“ 4* на Келебија

Ø  Посета на ергелата за коњи липицанери „Kelebija“  со вклучена влезница за ергелата и музејот, возење со кочии, јавање на коњи и ручек

Ø  Посета на винаријата „Zvonko Bogdan“ со дегустација на три вина

Ø  Организиран разглед на Суботица

Ø  Организирана посета на бањата Пачир со вклучена влезница за користење на затворените базени со термална вода

Ø  Организиран разглед на езерото Палиќ

Ø  Локален туристички водич за време на сите разгледи

Ø  Организација на патувањето и лиценциран туристички придружник

 

Во цената на аранжманот не се вклучени следните услуги:

–        Патничко осигурување

–        Доплата за еднокреветна соба – 10 евра од ден

Услови за деца: До 4 години бесплатно. За деца од 4-12 години се плаќа 70 % од аранжманот

ПОГЛЕДНИ ДЕТАЛИ

Промотивна цена за уплата до 12.04.2021….149 евра (9.240 денари)

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ………159 евра (9.860 денари)

(плаќање во денарска противвредност)

 

Напомена: Промотивната цена важи за резервација со 30 % аконтација до 12. Април

и целосна доплата до 30. Април

 

 

Во цената на аранжманот се вклучени следните услуги:

Ø  Превоз со туристички автобус

Ø  Три ноќевања со појадок  во хотел „Majur“ 4* на Келебија

Ø  Посета на Eргелата за коњи липицанери „Kelebija“  со вклучена влезница за ергелата и музејот, возење со кочии, јавање на коњи и ручек

Ø  Посета на винаријата „Zvonko Bogdan“ со дегустација на три вина

Ø  Организиран разглед на Суботица

Ø  Организирана посета на бањата Пачир со вклучена влезница за користење на затворените базени со термална вода

Ø  Организиран разглед на Езерото Палиќ

Ø  Локален туристички водич за време на сите разгледи

Ø  Организација на патувањето и лиценциран туристички придружник

 

Во цената на аранжманот не се вклучени следните услуги:

–        Патничко осигурување

–        Доплата за еднокреветна соба – 10 евра од ден

 

Услови за деца: До 4 години бесплатно. За деца од 4-12 години се плаќа 70 % од аранжманот

Напомена: Промотивната цена важи за резервација со 30 % аконтација до 12. април и целосна доплата до 30. април

За патување во Република Србија не е потребен PCR тест за Covid-19

За реализација на аранжманот потребни се минимум 35 патници

 (за време на патувањето ќе се почитуваат сите здравствени протоколи)

Последен рок за пријавување: 05. мај 2021 година

ПРОГРАМА

Прв ден: 12.05.2021 (среда)

Во 23:00 часот заминување на групата од Скопје кон Србија со туристички автобус преку граничниот премин Табановце, со попатни одмори.

Втор ден: 13.05.2021 (четврток)

Пристигнување во претпладневните часови на најсеверниот дел на Бачка, во селото Келебија кое се наоѓа на само десетина километри од центарот на Суботица и на 500 метри од границата со Унгарија. Сместување на групата во хотел-вила  „Majur“ 4*, преубав објект кој потсетува на дворец од бајките (http://www.vilamajur.com/sr/).  Слободно време за одмор од патувањето и за користење на содржините на хотелот кој има wellness центар: затворен базен, сауна, мини теретана и просторија за масажа. Хотелот е опкружен со прекрасен парк во кој доминираат борот и елата, со уредени патеки за прошетка и летниковци за одмор, вештачко езеро со дрвена куќичка наменета за гуските и шатките, тениски игралишта… Вистински рај за одмор на душата. Во попладневните часови заминуваме на разглед на најголемата ергела за одгледување на коњи од расата липицанери, ергелата Келебија која е во сопственост на хотелот (или хотелот е во сопственост на ергелата, сосема сеедно) (http://www.ergelakelebija.rs/). Изградена е во 1993-та година на површина од неверојатни 25 хектари, а денес тука се одгледуваат 80 липицанери чии матични грла биле купувани од ергелите во бивша Југославија.  Организиран разглед на ергелата и на музејот каде се наоѓа колекција од  повеќе од 30 различни кочии, фијакери, чези и санки. Потоа следува несекојдневно доживување-возење со фијакерите низ преубаво уредениот парк и боровата шума, а сите љубители на јавањето можат со помош на искусните инструктори да пробаат да ги јаваат мирните коњи. Враќање  во хотелот. Ноќевање.

Трет ден: 14.05.2021 (петок)

Појадок. Заминуваме кон Суботица, градот кој извесно време бил под австро-унгарска власт што имало најголемо влијание врз стилот на градбите. Во центарот на градот доминира Градската куќа како најголема атракција  и Народниот театар. Една од најрепрезентативните градби во барокниот стил е катедралата градена кон крајот на XVIII век, а најубав пример за градба во стилот на сецесијата е Рајхловата палата, некогашна семејна куќа на архитектот Ференц Рајхл. Организиран разглед на градот со локален туристички водич и слободно време за индивидуални прошетки. Потоа заминуваме кон зеленото море на лозовите плантажи на  винаријата „Zvonko Bogdan“ (https://www.vinarijazvonkobogdan.com). Организирана обиколка на винаријата каде ќе имате можност да уживате во преубавиот амбиент и во  дегустација на три различни вина кои го носат печатот на лозовите насади на Палиќ. Во попладневните часови враќање во хотелот. Слободно време за индивидуални активности. Ноќевање.

Четврти ден: 15.05.2021 (сабота)

Појадок. Денот го започнуваме со уште едно ново доживување: заминуваме кон термалната бања Пачир или розевото езеро кое освен во Мексико, Сенегал и Австралија го има и во Војводина, во општината Бачка Топола. Езерото се наоѓа во состав на термална бања со лековита вода која доаѓа од  длабочина од околу 1400 метри минувајќи низ слоеви на различни карпи и така се збогатува со многу минерали од кои најзастапени се натриумот, јод и бром. Заради нивното присуство, водата е солена. Во самиот извор температурата на водата е 72 степени, а кога ќе стигне до површината се разладува на температура меѓу 25 и 35 степени. Розевата боја ја создаваат алгите кои се застапени во месеците јули и август, но степенот на бојата зависи и од јачината на сончевите зраци. Од неодамна на површина од 200 квадратни метри се изградени затворени базени со термална вода, со што оваа бања е достапна за посетителите не само за време на летото туку и во зимските месеци. Слободно време за прошетки низ езерото и за користење на внатрешните базени со топла термална вода. Во состав на базените има и ресторан за закуска. Во попладневните часови враќање во хотелот. Ноќевање.

Петти ден: 16.05.2021 (недела)

Појадок. Одјавување од хотелот и заминување кон најголемото природно езеро во Србија, езерото Палиќ за кое постојат записи уште во XV век. Три века подоцна започнале испитувањата за лековитоста на водата и тоа бил почетокот на изградбата на бањата која и денес постои. Предвидена е прошетка покрај езерото и околината со локален туристички водич: Разглед на малата гостилница, големата тераса, големиот парк, Музичкиот павиљон, Спомен чешмата, Споменикот на Лајош Вермеш, плажата… . Во договореното време заминуваме кон Македонија. Пристигнување во понеделник, на 17. Мај во раните утрински часови.

Барање за резервација

МОЖЕБИ ЌЕ ВИ СЕ ДОПАДНЕ

Hotel Festa Chamkoria – Borovets

Palazzo di Zante Hotel & Water Park **** – Vasilikos, Zakintos

Art of Travel

  • Лондонска 2/17А Скопје

  • +389 2 305 1905

  • +389 70 27 93 95

  • artoftravel.mk@gmail.com

  • info@artoftravel.mk

ГАЛЕРИЈА

КОНТАКТ





Страницата на Art of Travel е од информативен карактер! Се трудиме редовно да ја ажурираме, но постои можност за поинакви информации од моментално објавените. Ве молиме сите цени и описи на објекти да ги проверите директно во агенцијата телефонски, на mail или лично. Ви благодариме на разбирањето.



© Copyright 2018 Art of Travel