Aммос Апартманите се од “B” категорија и се наоѓаат на шеталиштето во строгиот центар на Калитеа. Од вилата до градската плажа има неколку минути пешачење или 200 метри удолница. Под самите апартмани се наоѓа бутик и продавница како и канцеларија за прием на гостите и оставање на багаж. Исто така, во вилата има wi-fi.
Вилата располага со студија на високо приземје и кат (трокреветни, четворокреветни и едно шесткреветно студио) опремени со кујна, клима (вклучена во цената), ТВ, wc и балкон кој гледа кон шеталиштето или задната страна на вилата.
GPS Координати: 40.0757656, 23.4471873
Таксата не вклучена во цената, 0,5 еур по сместувачка единица на ден се плаќа на лице место
Услови за резервирање:
При резервација се уплаќа аванс од 30% од вредноста на аранжманот, а остатокот најдоцна до 20 дена пред реализацијата на аранжманот.
Услови за “early booking”: За резервација е потребно 30% уплата од сумата на аранжманот, доплата се врши најдоцна до датумот кога истекува попустот за рано букирање. Сите резервации направени или платени по предвидените датуми за рано букирање ќе бидат наплатени по редовни или ревидирани услови и цени актуелни во периодот на доплата.
На промо цените не следува попуст за 2 последователни термини и попуст за рана резервација и истите се резервираат со мин. 50% уплата.
Плаќањето е во денари по курс 1 еур=62 ден
ОСТАНАТИ УСЛОВИ И ПОПУСТИ
*За уплата на два или повеќе последователни термини 7% попуст /не важи за промо цени/
*Не е дозволена комбинација на попустите
*Во студио е дозволено сместување на лица согласно предвидениот капацитет (број на кревети), преку дозволениот број може да се смести максимум едно дете до 6 години во кревет со родител
*Превозот ги остава патниците на најблиската локација до сметувањето каде може да се паркира автобус
*Препорачуваме патничко осигурување (информации во агенцијата)
*Важат Општите услови на СКТМ
Во цената не е вклучен превоз. Повратен превоз до Калитеа чини:
ЦЕНА ЗА ПРЕВОЗ од Скопје за Халкидики (секоја недела)
Скопје (Дрводекор) – 35€ по лице
Штип (паркинг пред пошта) – Трансфер до Велес – 40€ по лице
Струмица (бензинска пумпа Макпетрол нов кружен тек) -Трансфер до Удово – 40€ по лице
Велес (бензинска пумпа, мотел Македонија) – 35€ по лице
Неготино (бензинска пумпа, Неготино) – 35€ по лице
Удово (бензинска пумпа, Удово) – 35€ по лице
Граничен премин(бензинска пумпа Шимов) – 35€ по лице
– Деца од 2 до 12 години: Попуст 10 Евра од редовната цена
– Деца до 2 години бесплатно /без седиште/
– Возрасни над 63 год. 10 еур попуст
ПОАЃАЊЕ ОД ГРЦИЈА:
15:00 локално време (14:00 Мак. време) Калитеа
14:45 локално време (14:00 Мак. време) Полихроно
14:30 локално време (13:30 Мак. време ) Ханиоти
14:15 локално време (13:15 Мак. време) Пефкохори
Страницата на Art of Travel е од информативен карактер! Се трудиме редовно да ја ажурираме, но постои можност за поинакви информации од моментално објавените. Ве молиме сите цени и описи на објекти да ги проверите директно во агенцијата телефонски, на mail или лично. Ви благодариме на разбирањето.
© Copyright 2018 Art of Travel