МАЛДИВИ

2021 / 2022

МАЛДИВИ

 

Малдивите се островска земја составена од група атоли во Индискиот океан, југозападно од Индија и околу 700 км западно од Шри Ланка. 26 атолски групи содржат вкупно 1.192 островчиња. Малдивите се познати по своите природни убавини – син океан, бели плажи и умерени температури. Температурите на водата и воздухот се околу 30°С во текот на целата година. Главни индустрии се туризмот и рибарството. Природните убавини се магнет за туристите и воедно туризмот претставува најважна индустрија на Малдивите. Поради прекрасните подводни корални пејсажи, Малдивите се рангирани како една од најдобрите дестинации за нуркачите во светот. 

 

 

БИТНО Е ДА СЕ ЗНАЕ:

  • Малдивите се најниска земја на светот – најголемата висина на копното над морето е 2,3 м. Во текот на минатиот век нивото на морето се има подигнато за околу 20 см и доколку тој тренд продолжи, се заканува со потопување на островите. Покрај тоа, Малдивите се многу чувствителен еко-систем поради тоа што коралите кои се клучен фактор за ланецот на исхраната на морскиот свет страдаат од зголемувањето на температурите и од човечкото уништување.
  • При посета на главниот град или локалните острови мажите не треба да носат кратки панталони а жените кратки сукњи, колената и рамениците треба да бидат покриени.
  • Во туристичките ресорти не мора да се плаќа во локална валута. Може да се плаќа во готовина /американски долари, евра/ и со кредитни картички.
  • ​Co oглед на тоа дека Малдиви е исламска земја, топлес и нудизам се строго забранети, казните за непочитување се високи.
  • Поседување или внес на нелегални наркотици најстрого се казнува.
  • Внес на алкохолни пијалоци, преработки од свинско месо, списанија со несоодветни содржини, оружје, харпун е забрането.
  • Јавно покажување на било која друга вера освен исламот е забрането.

ЕСЕН ВО ЈОРДАН

Акаба – Вади Рум – Петра – Мадаба – Небо – Мртво море – Аман – Џераш – Аџлун

Есен во Јордан

*октомври / ноември 2023

ПОВЕЌЕ ДЕТАЛИ

EQUATOR VILLAGE Resort *** – Addu Atol, Maldivi

Хотелски комплекс Equator Village се наоѓа на островот Ган и на 64 км јужно од екваторот. Лоциран среде тропска градина со кокосови дрвја, гостите можат да одберат дали ќе одседнат во соби со поглед кон...

Hotel KAANI PALM BEACH **** – Maafushi, Maldivi

Kaani Palm Beach се наоѓа на островот Маафуши на морскиот брег, на плажата позната како Бикини Бич. Хотелот е на 25 километри од аеродромот во Мале. Содржи: Спа центар, бесплатно изнајмување на велосипеди, бесплатен бежичен интернет...

Каква е климата на Малдиви и кога е најповолен период за патување?

Климата на Малдиви е со просечна температура помеѓу 29 и 32 степени, со повремени тропски врнежи. Најповолно време за патување е во периодот околу божиќните и новогодишни празници, кога на Малдивите времето е суво и топло. Перодот од мај до ноември е исто така топол, но со поголем степен на влажност во воздухот и поголеми шанси за дожд. Од крајот на мај до почетокот на септември е монсунски период кој се карактеризира со повремен дожд и ветар, додека во периодот од ноември до април – североисточен монсун кој е топол и сув.

Дали е потребна виза за македонски државјани?

Државјаните на Република Македонија, при влез на Малдиви, добиваат бесплатна виза, односно истата се издава на аеродром, со претходно обезбедување на: важечка патна исправа /мин. 6 месеци важност од датумот на напуштање на земјата и две празни страници од пасошот/, повратен авио билет, хотелска резервација или доказ на поседување на финансиски средства.

Услови за влез на Малдиви (Ковид 19)

– За сите туристи потребен е негативен PCR тест, на англиски јазик. Негативен тест треба да поседуваат сите патници постари од 1 година и да го носат со себе во печатена форма. При слетување на аеродромот во Мале, службениците имаат право да извршат тестирање на патници. Доколку се покаже дека се позитивни на Ковид 19, обезбедено е место за изолација. 24 часа пред пристигнување и заминување од Малдиви, потребно е да пополните Travel Declaration Form. 

Art of Travel

  • Лондонска 2/17А Скопје

  • +389 2 305 1905

  • +389 70 27 93 95

  • artoftravel.mk@gmail.com

  • info@artoftravel.mk

ГАЛЕРИЈА

КОНТАКТ





Страницата на Art of Travel е од информативен карактер! Се трудиме редовно да ја ажурираме, но постои можност за поинакви информации од моментално објавените. Ве молиме сите цени и описи на објекти да ги проверите директно во агенцијата телефонски, на mail или лично. Ви благодариме на разбирањето.



© Copyright document.write(new Date().getFullYear()); Art of Travel