САРИМСАКЛИ

ЛЕТО 2022

САРИМСАКЛИ

 

Туристичка регија Ајвалик е избор на голем број љубители на совршен одмор под сонце на широка песочна плажа на местото Саримсакли. Се наоѓа на околу 150 km од Измир, а од центарот на Ајвалик само 5 km. Наспроти местото е популарното острово Лезбос со архипелагот од триесетина острови. Саримсакли се истакнува со убава, широка, песочна плажа, долга околу 15 km со синото знаме за чистота на водата и брегот. Климата е погодна за белодробни и срцеви заболенија, бидејќи дестинацијата е позната како воздушна бања благодарејќи на изнимно сувиот воздух. Локалните жители се љубезни, местото брои 7000 жители. Идеално е како место, пред се за семеен одмор, но и за парови кои сакаат мирен а сепак исполнет одмор со многу содржини. Регија е позната по производство на маслинки, по традиционални турски и егејски јадења. „Шејтанова софра“ е видиковец над Саримсакли, од каде се протега преубав поглед на целата регија и кој задолжително треба да се посети, а легендата за тоа како го добил името ќе Ви ја раскажат локалните жители. За љубителите на крстарења во понуда на локалните агенции е крстарење околу Ајвалик, пливање во убавите скриени ували на Егејското море, а и неизбежниот „шопинг“ во центарот на Ајвалик и пазар кој е во понуда еднаш неделно

HOTEL GRAND TEMIZEL ***** – Sarimsakli

Hotel Grand Temizel се наоѓа на сопствена плажа, во мирен дел на Саримсакли, на 800 m оддалеченост од центарот на градот. Во понуда се 260 соби, неколку бара, ресторан, бифе, слаткарница, ...

Hotel ACEM *** – Sarimsakli

Hotel Acem се наоѓа наспроти градската плажа, на главното шеталиште и на 800 m од центарот на Саримсакли. Хотелот е нов. На терасата опкружена со палми е базен со лежалки и бар. Од ...

OLCAY ** – Sarimsakli

Hotel Olcay е семеен хотел со пријатна, домашна атмосфера. Комплетно е реновиран. Од градската плажа е оддалечен само 120 m а од центарот на Саримсакли 300 m. Сопствениците на хотелот се ...

HOTEL MUSHO **** – Sarimsakli

Hotel Musho Otel 4* се наоѓа на самиот влез во Саримсакли, на оддалеченост околу 800m од центарот. Изграден е 2016-та година на површина од 10.000m2 и е препорака за сите кои сакаат мирен ...

OLIVERA *** – Sarimsakli

Hotel Olivera се наоѓа во центар на Саримсакли, на шеталиштето покрај плажата. Хотелот има надворешен базен со делот за најмалите, како и бар покрај базенот. Лежалките на плажата се бесплатни за ...

Hotel SEZER ** – Sarimsakli

Hotel Sezer е економичен хотел кој ги има освоено сите симпатии на гостите поради својата добра услуга, внимание и љубезноста на персоналот. Оддалечен е од плажата само 100 m и 300 m од центарот...

Art of Travel

  • Лондонска 2/17А Скопје

  • +389 2 305 1905

  • +389 70 27 93 95

  • artoftravel.mk@gmail.com

  • info@artoftravel.mk

ГАЛЕРИЈА

КОНТАКТ





Страницата на Art of Travel е од информативен карактер! Се трудиме редовно да ја ажурираме, но постои можност за поинакви информации од моментално објавените. Ве молиме сите цени и описи на објекти да ги проверите директно во агенцијата телефонски, на mail или лично. Ви благодариме на разбирањето.



© Copyright document.write(new Date().getFullYear()); Art of Travel