РИМИНИ
Римини се наоѓа на источниот брег на Италија, на околу 200 милји јужно од Венеција, на Јадранското Море. Сместен е во регионот Емилија Ромања, во северниот дел на Италија. Во близина се наоѓаат Равена, градот на мозаиците, Република Сан Марино и регионот Ле Марке. Римини, честопати се нарекува главен град на италијанскиот крајбрежен туризам и ноќен живот, и е еден од најпопуларните центри во Италија а и еден од најголемите во Европа. Има 15 километри долга, песочна плажа. Шеталиштето е наредено со ресторани, хотели и ноќни клубови. Самиот град има интересен историски центар, римски рушевини и музеи. Филмскиот режисер, Федерико Фелини е од Римини.