ПАРГА

ЛЕТО 2020 АПАРТМАНИ / First minute

ПАРГА

 

Парга – бајковито летувалиште на копнениот дел на Јонскиот брег, сместено помеѓу Игуменица и Превеза, во областа Епир, блиску до устието на реката Ахерон. Единствена по многу нешта, со право го носи епитетот “Невестата од Епирот”. Благодарејќи на убавината, особеноста и архитектурата, прогласена е за најинтересна европска туристичка дестинација. Куќите во стариот дел на градот по правило можат да се бојадисуваат само црвено или жолто. Изградена е на падината во природен амфитеатрален изглед кој се спушта кон заливот со островчиња.

 

Венецијанската тврдина – изградена во XI век како би го заштитила градот од гусарите и Турците, од каде се протега импресивен поглед на град, море, како и на блиските острови – Крф, Паксос и Антипаксос. 

Француска тврдина-дворец – доминира на највисоката точка на островот Богородица покрај Парга. Од тврдината се протега импресивен поглед на црквата Св. Спиридон од едната страна и Агиос Атанасиос од другата страна.

Али Пашина тврдина – се наоѓа помеѓу Антуса и Аја,  6 km од Парга. Изградена 1814 година во времето на Али-Паша, гувернерот на Јањина, за организација на напад на Парга, но битката никогаш не се случила, поради тоа што населението само се иселило на Крф. До трврдината може да се дојде со туристичко вовче. Од нејзините ѕидини се протега преубав поглед на Крф и Паксос.

Музејот на маслините – каде што може да се види целиот процес на производство на маслиново масло, сапуни и др. и каде што истите можат и да се купат.

Островцето Панаија, сместено во средишниот дел на заливот, на само 50тина метри од плажата Крионери, и до кое можете да допливате или да дојдете со педалина или чамец. Тука се и две цркви, Црква на Пресвета Богородица и Св. Никола.

 

Парга има неколку плажи: 

Крионери е главна градска плажа. Песочна е и сместена под самото градско шеталиште. 

Пизо Крионери е мала плажа, заклонета со карпи и брдо и со камчиња.

Најпозната и најубава плажа е Валтос, до која може да се дојде пеш или со бротче. Долга 2 km, со тиркизно сина боја на водата, со фини бели камчиња, кои на некои места преминуваат во песок. На плажата скоро да нема место да спустите свој пешкир, така да е скоро задолжително изнајмување на лежалка и чадор. 

Лихнос  е песочно-камчеста плажа на 3 km оддалеченост од Парга. Може да се дојде и пеш по патеката низ маслиниците преку брдото.

Саракинико е можеби наубавата и најчистата плажа на 12 км оддалеченост од Парга и до нејзе може да се дојде или со автомобил или со бротче.

Она што секако препорачуваме да посетите се островите Паксос и Антипаксос, реката Ахерон, крстарење до Лефкада, Кефалонија и Итака од Нидри на Лефкада, острово Крф…

РАЗГЛЕДАЈТЕ ЈА НАШАТА ПОНУДА

Lemoni – Parga

ЛЕМОНИ се наоѓа над патот во Парга, на 1 км оддалеченост од градската плажа. Располага со двокревети и трокреветни студија, на прв и втор кат. Секое студио е со балкон, комплет опремена кујна, фрижидер, ...

ЛЕТО 2020 /

15% попуст

ПОВЕЌЕ ДЕТАЛИ

Rina – Parga, Jonski Breg

Rina е оддалечена 500 m од плажата и 250 m од центарот. Двокреветните и трокреветните студија се на приземје и 1. кат, имаат кујна, балконска гарнитура, купатило, ТВ, ...

ЛЕТО 2020 /

10% попуст

ПОВЕЌЕ ДЕТАЛИ

Oliva 1 – Parga

Олива се наоѓа во мирен дел на Парга, идеален за оние кои сакаат да избегаат од гужва, на 900 м оддалеченост од центарот на Парга или најблиската Писо Крионери, на 750 метри оддалеченост. Куќата нуди и базен ...

ЛЕТО 2020 /

15% попуст

ПОВЕЌЕ ДЕТАЛИ

Harmony Garden – Parga, Jonski breg

Harmony Garden е сместена во убаво опкружување, над плажата Валтос. Од морето е оддалечена околу 850 m а од центарот на Парга 1.600 m. ...

ЛЕТО 2020 /

20% попуст

ПОВЕЌЕ ДЕТАЛИ

Nanos – Parga, Jonski Breg

Nanos се наоѓа на околу 50 m над магистралата и е оддалечена околу 400 m од центарот и околу 750 m од градската плажа. Куќата има убав двор, а и две паркинг места. Сите сместувачки единици се на прв ...

ЛЕТО 2020 /

10% попуст

ПОВЕЌЕ ДЕТАЛИ

Limona – Parga, Jonski Breg

Limona е оддалечена 400 m од центарот и 600 m од плажата. Располага со двокреветни и трокреветни студија. Сите сместувачки единици имаат кујна, купатило, балкон, ТВ, WiFi и клима (со доплата на лице место).

ЛЕТО 2020 /

10% попуст

ПОВЕЌЕ ДЕТАЛИ

Isidor – Parga

Isidor e оддалечена 100 m од малата градска плажа (Piso Krioneri) и околу 300 m од големата градска плажа (Krioneri). Во непосредна близина е и главно шеталиште. Поседува двокреветни, трокреветни и ...

Nikolau – Parga, Jonski Breg

Nikolau е оддалечена 500 m од плажата, во мирниот дел на Парга, опкружена со зеленило. Двокреветните и трокреветните студија се на приземје и се наменети за максимум 2 или 3 лица (секој гостин ...

Nikas – Parga, Jonski Breg

Nikas се наога во непосредна близина на центар, од плажа оддалечена околу 350 m. Во понуда се двокреветни и трокреветни студија, на прв и втор кат, како и четворокреветни и петткреветни дуплекс апартмани, на приземје. ..

Anna – Parga

Anna е оддалечена 100 m од малата и 300 m од големата градска плажа, а во непосредна близина на шеталиштето. Со Исидор имаат заеднички двор. Поседува трокреветни и трокреветни студија со ...

Sifakis – Parga

ВИЛА СИФАКИС е една од најубавите вили во Парга. Се наоѓа во центарот на Парга, оддалечена 300 метри од градската плажа. Комплексот располага со луксузни двокреветни студија, со можнот од ...

ЛЕТО 2020 /

15% попуст

ПОВЕЌЕ ДЕТАЛИ

Fotis – Parga, Jonski Breg

Vila Fotis House се наоѓа на самиот влез во Парга, оддалечена 500 m од плажата Piso Krioneri, помала, претежно ситно-камчеста увала. Fotis ...

ЛЕТО 2020 /

20% попуст

ПОВЕЌЕ ДЕТАЛИ

Sakis One – Parga, Jonski Breg

Sakis 1 е оддалечена околу 700 m од Валтос плажата, во мирен дел на Парга, со голем двор. Има студија за 3 и 4 лица, со стандардни или кревети на кат, сите се на приземје. Сите имаат кујнски дел, купатило, пешкири, простор за седење...

ЛЕТО 2020 /

10% попуст

ПОВЕЌЕ ДЕТАЛИ

Oliva – Parga, Jonnski Breg

Oliva е оддалечена 650 m од плажата Piso Krioneri. Се наоѓа во мирниот дел на Парга, со убаво уредена градина, базен со лежалки, ресторан, снек бар, интернет кафе и на свиоте гости им го нуди сиот комфор потребен за одмор. ...

Portokali – Parga, Jonski breg

Vila Portokali се наоѓа во централниот, мирен дел на летувалиштето, во близина на шеталиштето и на околу 500 m од градската плажа. Во близина се ...

ЛЕТО 2020 /

20% попуст

ПОВЕЌЕ ДЕТАЛИ

Elpida – Parga

ЕЛПИДА се наоѓа во центарот на Парга (стариот дел) на 300 метри од градската плажа и од пристаништето. На 500 од Валтос плажата. Комплексот располага со двокревети студија на приземје. Студиjата се опремени со...

ЛЕТО 2020 /

15% попуст

ПОВЕЌЕ ДЕТАЛИ

Dimas – Parga

Димас се наоѓа во Парга, на 700 м оддалеченост од плажата Валтос и на 1,5 км од центарот на Парга. Куќата располага со интернет, убаво уреден двор, паркинг и летниковец. Собите располагаат...

ЛЕТО 2020 /

15% попуст

ПОВЕЌЕ ДЕТАЛИ

Vila Tekli – Parga

Вила Текли се наоѓа во Парга, во склопот на хотелот Алкион, на 700 метри оддалеченост од плажа. Вилата располага со 2 спални соби на приземје, и една спална соба во поткровје, дневна соба со кујна, ...

ЛЕТО 2020 /

15% попуст

ПОВЕЌЕ ДЕТАЛИ

Alexandros – Parga

Alexandros се наоѓа во рамниот дел на Парга, оддалечена околу 100 m од плажата Piso Krioneri (мала градска плажа) околу 300 m од плажата Krioneri (главна градска плажа) и центарот на местото.

ЛЕТО 2020 /

10% ПОПУСТ

ПОВЕЌЕ ДЕТАЛИ

Olga – Parga

ВИЛА ОЛГА се наоѓа на 70 м од малата градска плажа и на само неколку минути од центарот. Сите студија се двокреветни (брачен кревет), балкон, комплет опремена кујна, фрижидер, ТВ, клима (се доплаќа 5евра на ден) и Wi-Fi...

ЛЕТО 2020 /

15% попуст

ПОВЕЌЕ ДЕТАЛИ

Art of Travel

  • Лондонска 2/17А Скопје

  • +389 2 305 1905

  • +389 70 27 93 95

  • artoftravel.mk@gmail.com

  • info@artoftravel.mk

ГАЛЕРИЈА

КОНТАКТ





Страницата на Art of Travel е од информативен карактер! Се трудиме редовно да ја ажурираме, но постои можност за поинакви информации од моментално објавените. Ве молиме сите цени и описи на објекти да ги проверите директно во агенцијата телефонски, на mail или лично. Ви благодариме на разбирањето.



© Copyright 2018 Art of Travel