КРФ

ЛЕТО 2020

КРФ

 

Крф е дел од Јонскиот архипелаг со бујна вегетација, преубави плажи, специфична архитектура… Го карактеризира блага медитеранска клима и обилни врнежи од дожд во текот на зимата, па е едно од најзелените острови на Грција. Туризмот е најразвиен во крајбрежниот дел, а во внатрешноста на островот се наоѓаат недопрени автентични села со традиционален шарм. Градот Крф се развил помеѓу двете тврдини, богат со преубави италијански и француски градби, византиски цркви и плоштади полни со цвеќе. Најпознати се главниот плоштад, Esplanade или Spiniada, Јонската академија, зградата Листон, плоштадот на светците, палатите на св. Михаил и св. Ѓорѓи, дел на градот наречен Мандуки, полуостровот Канони, како и тврдините. Paleokastritsa е едно од најпознатите и најживописните села на островот, на 26 km северозападно од градот Крф, со 750 жители. Место опкружено со импозантни карпи и шесте преубави камчести и песочни плажи, познати по несекојдневното синило на морето, но и по ладната морска вода. Aggelokastro – византиската тврдина во близина на Paleokastritsa на 330 m височина, изградена во 13. век, која што служела за заштита од честите напади на пирати. Achillion – палатата во близина на селото Gastouri, изградена од страна на австриската царица Елизабета 1891. година во чест на грчкиот јунак Ахил. Во текот на II светска војна тука биле сместени болницата и главниот штаб. Островот Vido – Сината гробница и мавзолеј на српските војници од Првата светска војна.

Островот е познат по богатиот ноќен живот, градот Крф со голема понуда на барови и ноќни клубови, како и останатите места Кавос, Рода, Ипсос, Гувиа и Дасиа.

 

 

Со право Крф може да се пофали со исклучително убави плажи. На југозападната страна се: Glyfada, Yaliskari, Ag. Giordiоs, Ag. Stefanos, Paleokastritsа. На северната страна се Sidari и Aharavi, со долги песочни плажи. Источната страна е богата со мали, камчести плажи во Kassiopi, Nissaki, Barbati, a во Ipssos, Dassia и Gouvia се долги, песочно-камчести плажи. Помали, камчести плажи се на јужниот дел на островот во Peramа и Benitses.

Agios Georgios30 км јужно од Крф – Една од најубавите плажи на островот

Agios GordiоsНа средината на западниот брег – Песочна,  опкружена со карпи од вулканско потекло

Agios Stefanos45 км северозападно од Крф – преубава песочна плажа и важи за една од најсигурните плажи на островот, бидејќи е од сите страни заштитена од ветерот

Paleokastritsa26 км северозападно од Крф – најсликовитите плажи: камчести и песочни

MyrtiotissaЗападниот брег – Името го добила по манастирот Myriotissa кој се наоѓа над нејзе. Плажата е неорганизирана, неофицијално нудистичка

Barbati20 км северно од Крф – една од најчистите плажи

Ermonesзападниот, средишниот дел на остров – во подножјето на високата карпа, до која се стигнува со жичара

Glifadaзападниот брег, во близина на Пелекас – една е од најпопуларните на островот, 16 км западно од Крф. Песочна е, опкружена со пошумени стрмнини
Roda –  36 км северно од Крф – Рибарско пристаниште со многубројни ресторани и барови

Kalami30 км северно од градот – плажата е широка и од гладок камен

Agios Georgios II20 км јужно од Крф – мало одморалиште со добра понуда на таверни и барови, ноќни клубови и продавници

Agios Stefanos IIсевероисточен брег – мала рибарска населба која прераснала во популарно одморалиште со голем избор на вили

Arilas35 км северно од градот – долга песочна плажа сместена помеѓу два мали полуострови кои ја штитат од силниот ветер

Art of Travel

  • Лондонска 2/17А Скопје

  • +389 2 305 1905

  • +389 70 27 93 95

  • artoftravel.mk@gmail.com

  • info@artoftravel.mk

ГАЛЕРИЈА

КОНТАКТ





Страницата на Art of Travel е од информативен карактер! Се трудиме редовно да ја ажурираме, но постои можност за поинакви информации од моментално објавените. Ве молиме сите цени и описи на објекти да ги проверите директно во агенцијата телефонски, на mail или лично. Ви благодариме на разбирањето.



© Copyright 2018 Art of Travel