САРДИНИЈА - ЛЕТО 2020

Чартер програма од Софија

САРДИНИЈА


Сардинија е втор по големина остров во Средоземното море (по Сицилија). Се наоѓа на околу 300 км од копнениот дел на Италија. Популарноста ја гради на традицијата, сочувани природни убавини и развиена инфраструктура. Развој на туризмот не го загрозил автентичниот изглед на островот. Доколку сакате летување во амбиентот на недопрена природа, а со полниот комфор како во метрополите, тогаш треба да го посетите островот..

НИКАКО НЕ ПРОПУШТАЈТЕ ДА ПОСЕТИТЕ

АЛГЕРО

Алгеро е престолнина на северна Сардинија. Основан е во 12. век. Богат со цркви, како и природни богатства како што е пештерата на Нептун. Сеуште можат да се најдат примероци на архитектурата од 16. век, а седумте кули кои некогаш се користеле за одбраната на градот и сега доминираат над градот. Центарот на градските збиднувања е пристаништето со рибарските кајчиња, барови, ресторани…Блиску до градот е Порте Конте со своите убави плажи, како и остатоците на Палмарева Нурага. Блиску се и Стинтино, Кастелсардо, Изола Роса, Боса, а и песочни ували, долги плажи со бела песок и смарагдна боја на морето.

АРБОРЕА

Арбореа е мало место на западниот брег на Сардинија, помеѓу Алгеро на север и Каљари на југ. Брои 3.000 жители а од брегот е оддалечено околу 3 км. Познато е по долга песочна плажа, борова шума во позадина и коњички клуб кои е права атракција.

КАЉАРИ

Главен и најголем град на Сардинија, со скоро 500.000 жители. Со центарот и градбите од 12. и 13. век, должината на брегот од 13 км, преубави паркови и градини, катедрали и замоци, секако е препорака да го посетите.

Art of Travel

  • Лондонска 2/17А Скопје

  • +389 2 305 1905

  • +389 70 27 93 95

  • artoftravel.mk@gmail.com

  • info@artoftravel.mk

ГАЛЕРИЈА

КОНТАКТ





Страницата на Art of Travel е од информативен карактер! Се трудиме редовно да ја ажурираме, но постои можност за поинакви информации од моментално објавените. Ве молиме сите цени и описи на објекти да ги проверите директно во агенцијата телефонски, на mail или лично. Ви благодариме на разбирањето.



© Copyright 2018 Art of Travel