ХУРГАДА - online / 6 ноќи

Чартер програма од Скопје

ХУРГАДА 

 

Хургада се наоѓа на околу 5 часа возење (530 km) јужно од Каиро. Најголема атракција е беспрекорно чистото и топло море. Од Нил ја дели околу 150 km карпеста пустина чии врвови преминуваат 1700 m. Во градот се наоѓаат голем број ресторани, продавници, барови, дискотеки и ноќни клубови. Подводниот свет е исклучително богат па е интересна и за нуркачите. Покрај убавите плажи, интересен е и малиот архипелаг на ненаселените корални острови со преубав подводен свет.

Хургада e населена на почетокот на 20. век, и од мало рибарско место, прераснала во туристичка дестинација последните десетина години. 

ДАХАР – најстариот дел на Хургада, административен центар каде се наоѓаат главната пошта, автобуска станица, базар и пазар, градска управа. Во Дахар живее поголемиот дел од локалните жители.  

САКАЛА – спој на стариот традиционален Египет (многубројни продавници, традиционални сувенирници, национални ресторани) и современи туристички текови (хотели, нова марина, шеталиште, ресторани, клубови и барови на морскиот брег). 

МЕМША – нов туристички центар на Хургада, туристичка област која се развила многу бргу, со долго, уредено шеталиште каде се и хотелите, голем број на продавници, маркети, пазари, ресторани и познати барови и клубови, Hard Rock Café, Little Buddha, Elements. На само 2 km паралелно со шеталиштето е меѓународниот аеродром.

SAFAGA ROAD – се наоѓа помеѓу Мемша и заливот Sahl Hasheesh. Во централниот дел е новото шеталиште (долго oколу 2,5 km) со луксузни хотелски комплекси, продавници, маркети и голем шопинг центар Senzo Mall.

 SAHL HASHEESH – туристичка зона, вистински бисер на Црвеното море, која името го добила по истоимениот залив. Ексклузивен дел на јужниот дел на Хургада кого го чинат раскошните хотелски комплекси изградени на самиот морски брег а поврзани со шеталиште долго 8 km. 

SOMA BAY –  туристичка зона на крајниот југ на Хургада, во истоимениот залив, недалеку од градот Сафага, оддалечен од Мемша околу 45 km. Soma Bay e познат по луксузните хотелски комплекси и долгата песочна плажа. Коралните гребени се идеални за нуркачите. Идеален е за мирен одмор во луксузните хотели изградени во пустина.

 

Шарм ел Шеик е најпознато монденско летувалиште на Египет. Оддалечено 480 км од Каиро, на крајниот југ на Синајскиот полуостров, во азискиот дел на Египет. Морскиот брег е долг 15 км, составен од три корални заливи Nama Bay, Sharks Bay и Nabqa Bay, опкружени со бедуинските населби, планините и пустината.

 

Она што секако треба да го посетите додека сте во Шарм ел Шеик е манастирот на Св. Катерина. Сместен во подножјето на Мојсиевата гора, каде што ги примил 10-те божји заповеди, овој манастир се смета за најстар христијански манастир на светот. Го основал римскиот император Јустинијан во 527 год. Низ вековите претставувал оаза на мирот, сочуван поради својата изолираност. Темелите на манастирот биле поставени уште во 330 година, кога е изградена капелата, каде што Мојсие го видел пламтечкиот џбун. Името го добил во 9. век по александриската светителка.

ИЗБОР НА ХОТЕЛИ 6 НОЌЕВАЊА

Art of Travel

  • Лондонска 2/17А Скопје

  • +389 2 305 1905

  • +389 70 27 93 95

  • artoftravel.mk@gmail.com

  • info@artoftravel.mk

ГАЛЕРИЈА

КОНТАКТ





Страницата на Art of Travel е од информативен карактер! Се трудиме редовно да ја ажурираме, но постои можност за поинакви информации од моментално објавените. Ве молиме сите цени и описи на објекти да ги проверите директно во агенцијата телефонски, на mail или лично. Ви благодариме на разбирањето.



© Copyright 2018 Art of Travel