СИВОТА

ЛЕТО 2020

СИВОТА

 

Сивота припаѓа на регијата Теспротија, областа Епир во северозападниот дел на Грција. Сместена помеѓу Игуменица и Парга, во преубав архипелаг, каде што секоја увала крие убава плажа со кристално чиста вода. Доколку барате мирно место за одмор, а со сите потребни содржини, Сивота би можела да биде Вашиот избор. Центарот амфитеатрално се спушта кон морето, со поглед на 2 островчиња, а посебен впечаток му дава марината со десетици всидрени јахти и бротчиња. Сивота ја препорачуваме исклучиво за одмор со сопствен превоз од причина што  плажите се оддалечени една од друга, а самото место е брдовито. До одредени плажи има и туристичко вовче, а може да се изнајми и чамец.

Mega Ammos, песочно-камчеста и најголема плажа во регионот – надвор од Сивота на патот кон Пердика. Плажата е организирана, со лежалки и чадори, кафетерии, таверни, мини маркети.

Mikri Ammos во близина на Mega Ammos плажата, и е со слични карактеристики, само помала.

Bella Vraka е една од најубавите плажи во Сивота, која треба да се посети задолжително. Сместена на островот Mourtemeno, до нејзе се пристинува преку песочен спруд. Морето тука е топло, но бидејќи не е организирана, за престој на оваа плажа треба да земете се што ви е потребно.

Zavia е организирана плажа со бар, лежалки и чадори за сонце.  Морето е смарагдно зелено, а има и доста сенка на самата плажа.

Galikos Molos  се наоѓа во близина на Сивота, најблиска до централниот дел и марината. Плажата е потесна и со ситни камчиња, но со топла вода, па се препорачува за семејства со мали деца. На самата плажа постои и мала таверна, каде можете да се освежите.

Zeri е живописна, мала, камчеста плажа, сместена помеѓу плажите Dei и Galikos Molos. Името го добила по традиционалната турска таверна, каде што можете да уживате во кафето или јадењето во прекрасно опкружување. Влезот во водата е плиток, морето топло а за најмладите тука има мини аква парк.

Piscina е најпозната и најдобра плажа на островцето Macro oros, со бела ситна песок и прекрасна сина вода, како на некој егзотичен остров. Името на оваа плажа значи базен и до нејзе може да се дојде само со чамец или бротче. Морето е плитко, но не е организирана, па ако планирате подолг престој понесете се што ви е потребно.

Karvouno е плажа најблиску до пристаништето. Плажата е организирана, со лежалки и чадори, ресторан и бар.

Karavostasi  е широка и 2 km долга плажа со кристално чисто и топло море, на 16 км оддалеченост од Сивота. Плажата е организирана со лежалки и чадори. Оттука се протега убав поглед на островите Паксос, Антипаксос и Крф, кои препорачуваме да ги посетете.

Ова е само дел со најпознати плажи во Сивота… Останатите ви оставаме вам да ги откриете…

РАЗГЛЕДАЈТЕ ЈА НАШАТА ПОНУДА

ЛЕТО 2020

ПОВЕЌЕ

ЛЕТО 2020

ПОВЕЌЕ

ЛЕТО 2020

ПОВЕЌЕ

ЛЕТО 2020

ПОВЕЌЕ

ЛЕТО 2020

ПОВЕЌЕ

ЛЕТО 2020

ПОВЕЌЕ

ЛЕТО 2020

ПОВЕЌЕ

ЛЕТО 2020

ПОВЕЌЕ

ЛЕТО 2020

ПОВЕЌЕ

ЛЕТО 2020

ПОВЕЌЕ

ЛЕТО 2020

ПОВЕЌЕ

ЛЕТО 2020

ПОВЕЌЕ

ЛЕТО 2020

ПОВЕЌЕ

ЛЕТО 2020

ПОВЕЌЕ

ЛЕТО 2020

ПОВЕЌЕ

ЛЕТО 2020

ПОВЕЌЕ

Art of Travel

  • Лондонска 2/17А Скопје

  • +389 2 305 1905

  • +389 70 27 93 95

  • artoftravel.mk@gmail.com

  • info@artoftravel.mk

ГАЛЕРИЈА

КОНТАКТ





Страницата на Art of Travel е од информативен карактер! Се трудиме редовно да ја ажурираме, но постои можност за поинакви информации од моментално објавените. Ве молиме сите цени и описи на објекти да ги проверите директно во агенцијата телефонски, на mail или лично. Ви благодариме на разбирањето.



© Copyright 2018 Art of Travel