ВРЊАЧКА БАЊА

WELLNESS & SPA СРБИЈА

ВРЊАЧКА БАЊА

 

Врњачка Бања се наоѓа во централна Србија, во долината на Западна Морава, на надморска височина од 17 m, и административно му припаѓа на Рашкиот регион. Сместена е помеѓу планината Гоч (1216 m) и Западна Морава. Климата во Врњачка Бања е умерено континентална со влијание на планинска. Летата се со свежи утра и вечери, поради ветерот кој дува од Гоч кон Западна Морава, а зимите се снежни и без остри мразови. Средната годишна температура е 10,5°C, а средната летна 0°C.

Врњачка Бања има седум минерални извори: топла вода, Слатина, Снежник, Езеро, Борјак, Бел извор и Врњачко врело, од кои за терапиите се користат четири (топла вода, Снежник, Езеро и Слатина), додека водите од другите три извора се флашираат како природни минерални води (Вода Врњци – Борјак, Борјак 3 и Белимарковац за Елемент вода).

Врњачка Бања има долга традиција на лекувалиште. На врњачкиот топол минерален извор од 2.-4. век Римјаните изградиле лекувалиште AQUAE ORCINAE. За тоа сведочат археолошките наоѓалишта, римскиот извор на топла минерална вода (Fons Romanus) и металните парички пронајдени во изворот. 

Развојот на модерната Врњачка Бања започнал во 1868-ма година. 

Врњачките минерални води се за лекување: шеќерни болести, состојби по прележана заразна жолтица, хронично воспаление на цревата и желудникот, заболувања на жолчната кеса и жолчните патишта, чир на желудникот и на дванаестопалачно црево, заболувања на бубрежната карлица и уринарниот тракт.

Во регионот околу Врњачка Бања имате можност да уживате во убавините на многубројните манастири, старите цркви и тврдини, културно-историските споменици, планинските излетишта, убавите реки, мирисните лозја. Падините на Гоч се прекриени со густа букова и четинарска шума, стебла со сливи, лозја и бројните полиња со малини. 

Тука е создадена првата српска држава Рашка. Од тој период останале и најзначајните споменици на културата. Стари градови, манастири и цркви, сочувани до денешните денови сведочат за културата на српскиот народ. Од позначајните се остатоци на Маглич, Рас, Брвеник, Јелац, Лазарев град, Козник и др. Во овие краишта се и спомениците на Рашката и Моравската школа: манастир Студеница (1196), Жича (1210), манастир Љубостиња (1405), Ѓурѓеви ступови (1168), Сопоќани на кралот Урош I.

 

Hotel ZEPTER 4* – Vrnjacka Banja

Хотелот е уникатен спој на стара и нова градба. Хотелот Цептер располага со 96 лукс соби, 18 делукс соби и 4 делукс апартмани. На своите гости им нуди најразлични капацитети: два ресторани (ресторан ...

Hotel VRNJAČKE TERME 4* – Vrnjacka Banja

Hotel Vrnjačke Terme 4* се наоѓа во срцето на Врњачка Бања, на само 450 м од центарот и во близина на Јапонската градина. Комплексот има 8 базени и 4 тобогани. Базените се со термо-минерална вода со темп. од 32℃ - 36℃...

Hotel TONANTI 5* – Vrnjacka Banja

Hotel Tonanti е еден од најлуксузните хотели оваа регија. Лоциран во строгиот центар на Врњачка Бања, во непосредна близина на паркот. Во понуда се 146 сместувачки единици...

2021 / 2022

Повеќе

Hotel Aleksandar – Vrnjacka Banja

Hotel Aleksandar се наоѓа во центарот на Врњачка Бања, во подножјето на „црквеното брдо„ на само 40 m од централниот градски парк и главното шеталиште.

Art of Travel

  • Лондонска 2/17А Скопје

  • +389 2 305 1905

  • +389 70 27 93 95

  • artoftravel.mk@gmail.com

  • info@artoftravel.mk

ГАЛЕРИЈА

КОНТАКТ





Страницата на Art of Travel е од информативен карактер! Се трудиме редовно да ја ажурираме, но постои можност за поинакви информации од моментално објавените. Ве молиме сите цени и описи на објекти да ги проверите директно во агенцијата телефонски, на mail или лично. Ви благодариме на разбирањето.



© Copyright document.write(new Date().getFullYear()); Art of Travel