Sitonija House - Metamorfosi, Sithonia

ЛЕТО 2024

Превоз

Сопствен
Автобуски

Оддалеченост од плажа

100 метри

Грција

Халкидики>Ситонија>Метаморфози

10% ПОПУСТ ЗА РАНА РЕЗЕРВАЦИЈА

*ЗА ПЛАЌАЊЕ СО КАРТИЧКА ПОПУСТОТ СЕ НАМАЛУВА ЗА 2%

Куќа Ситонија се наоѓа на 100м од плажа. Располага со студија за 2, 3 и 4 лица. Сите студија се опремени со мини кујна за подготовка на лесна храна, тоалет, фен, пешкири, клима уред, чие користење е вклучено во цената и Wi-Fi за чија брзина агенцијата не може да гарантира. Сите студија се наоѓаат на втор кат. Двокреветните студија имаат еден брачен кревет, трокреветните еден брачен и еден единечен кревет, четирикреветните студија имаат еден брачен кревет и кревети на кат.

ЦЕНИТЕ СЕ ЗА НАЕМ НА СТУДИО НА 7 НОЌИ

ГАЛЕРИЈА

*Сликите на објектот и сместувачките капацитети прикажани на веб страната на Арт оф Травел се од информативен карактер, по случаен избор, за да имате претстава за изгледот на истиот и не значи дека сите сместувачки капацитети се со ист распоред, поглед, намештај, плочки во купатило и сл.

Цените се во евра, плаќањето е во денари по курс 1еур=62ден

 

За резервација потребна е уплата од 30% со резервација, а останатиот дел се доплаќа најдоцна 30 дена пред поаѓање.

Цените се валидни за плаќање во готово (кеш) или на ф-ра. За плаќање со картичка (Виза и Мастер) попустот се намалува за 2%, односно сумата без попуст се зголемува за 2% банкарска провизија!

 

За валидна резервација се потребни следните податоци:

-име и презиме на сите патници

-датум на раѓање на децата до 12 год

-контакт телефон

-е-маил адреса (доколку ја поседувате)

Документацијата потребна за патување (ваучер за уплатениот одмор) добивате 5-7 дена пред патување на е-маил адреса, оставена од Ваша страна во агенција или го подигнувате лично во агенцијата по добиено телефонско известување дека е спремен. Ваучерот е потребно да го имате во печатена верзија. 

Такса за престој, во висина од 1,5 евро по сместувачка единица на ден се плаќа на лице место пред влегување во објектот.

-Влез во сместувачките единици е по 14ч, а напуштање до 09ч по локално време.

-За хигиената во сместувачките единици се грижите сами, освен ако не е наведено поинаку во описот.

-Поради зголемувањето на цените на ел. енергија, се молат гостите да не го оставаат клима уредот вклучен кога не престојуваат во просторијата. Во спротивно сопственикот на објектот има право да ја укине услугата.

-За било какво оштетување на инвентарот за време на престојот, патниците се должни да ги известат сопствениците и истото да го подмират на лице место.

-За било каков недостаток од инвентарот, расипан уред или сл. пријавувањето можете да го извршите директно на сопственикот.

 

Патникот има право на отказ од патувањето, за што е должен писмено да го извести организаторот. Датумот на писмениот отказ претставува основа за пресметување на надокнадата која ја задржува организаторот, изразена процентуално во однос на вкупната цена на патувањето.

 

  • 30% од цената на чинење за отказ 30 дена пред патувањето.
  • 40% од цената на чинење за отказ 29-15 дена пред патувањето.
  • 70% од цената на чинење за отказ 14-8 дена пред патувањето.
  • 90% од цената на чинење за отказ 7-1 ден пред патувањето.
  • 100% од цената на чинење за отказ на денот на патувањето.

Промена на датумот на патување, сместувачката единица или објектот ќе се смета како откажување од патување.

За секоја извршена промена на податок во договорот за патување се наплаќа административна такса во висина од 10 ЕУР!

 

ПРЕВОЗ СО АВТОБУС И АВТОБУСКИ ТРАНСФЕРИ
Превозот со авобусот и автобуските трансфери се извршуваат со стандардни туристички автобуси спрема прописите и критериумите кои важат во земјите во кој е регистриран автобускиот превозник кој го ангажира организаторот на патувањето.
По правило, не постои однапред распоред на седишта на патниците, ниту пак утврден начин на промена на седиштата по денови во текот на патувањето со автобус. Исклучок можат да бидат поедини автобуски патувања; и во таквите случаеви ова патување е регулирано со посебна одредба во самиот програм на патувањето.
Во случај на доцнење на автобусот поради временските услови , вондредни услови во сообраќајот, прекумерни задржувања на границите, расипување на истите или слично, организаторот на патувањето нема одговорност за евентуалните настанати задоцнувања.
Одредбите во врска со патувањата на брод или железница наведени се во програмите на патувањето во кои е предвидено користење на овие превозни средства.

БАГАЖ
Патникот има право на бесплатен превоз на багаж до 15кг на чартер летовите и 20кг на редовните линии. Кај автобускиот чартер превоз дозволен е бесплатен багаж од една патна торба (до 20кг) по патник. За секој килограм багаж односно секоја патна торба преку дозволеното се плаќа во зависност од дестинацијата на патување. Деца до 2 години на авионскиот превоз и деца кои не плаќаат билет во автобусот, права на бесплатен багаж имаат согласно меѓународните правила. Како багаж не се дозволува внесување на трговска стока, храна, пијалаци, лекови, наркотици, хемиски и други запаливи средства, оружје, животни, растенија, амбалажи и слични предмети. При внесување и изнесување на багажот од возило, патникот со лично присуство одговара за истиот. Организаторот на патувањето не превзема одговорност за изгубен, оштетен багаж, ниту за кражба на истиот, за време на реализација на аранжманот за багажот се грижи самиот патник.

Важно
-Термините во табелата се денови на започнување на аранжманот.
-Доплата за туристичка такса 1.5 еур по апартман на ден и се плаќа во вилата.
-Цените се изразени во евра ЗА НАЕМ, а уплата се врши исклучиво во денарска противвредност (1еур=62мкд).
-Во апартманите дозволено е сместување на лица, согласно бројот на кревети.
-Над дозволениот број, може на дополнително барање, да се смести максимум едно дете до 6год.
-Кога се цените ПРОМО за уплата на два последователни термини, се рачунат две промо цени.
-За споен термин по редовните цени, на вториот термин се добива 10% попуст
-Попустите Не се комбинираат.
-Организаторот на патувањето го задржува правото по пат на Ultra First или Last minute понуда, по цени кои се разликуваат од оние кои се објавени во ценовникот.
-Патничко осигурување е задолжително и не е вклучено во цена.
-Сместување во собите е по 14.00час.-локално време, а напуштање на истите е во 09.00час.
-По завршување на летувањето, должни сте да го оставите апартманот во чиста состојба.
-Доколку е за време на престојот, истата се надоместува на лице место кај сопственикот на вилата.
-Во цената е вклучено користење на Wi-Fi (организаторот не гарантира за квалитетот на интернетот).
-Патникот има обврска да ја провери важноста и исправноста на патните исправи, поради кое не може да се направи промена на термин.

-Превоз за возрасен повратен билет 50 еур / 45 еур во еден правец
-Превоз за дете до 12год. повратен билет 45Еур / 35 еур во еден правец
-Дете до 2 год. (без седиште)-бесплатно

За влез во Р. Грција пасошот треба да е со важност мин. 3 месеци од денот на враќање. Ве молиме истите да ги проверите пред уплата на резервација! Агенцијата не е одговорна за невалидни и истечени патни документи на сите наведени лица од потпишаниот договор, и нема да се смета за основ за откажување на резервацијата!

Патничко здравствено осигурување е препорачано да го имате за патување во странство. Информациите околку тип, цена и сл. можете да ги добиете директно во агенција.

Можеби ќе Ви се допадне

FILIPPOS Hotel *** – Skala Rachoni, Tasos

Aparthotel MURITE **** – Bansko, Razlog

OLGA – Parga, Jonski Breg

STEFANIA – Nikiti, Sithonia

Art of Travel

  • Лондонска 2/17А Скопје

  • +389 2 305 1905

  • +389 70 27 93 95

  • artoftravel.mk@gmail.com

  • info@artoftravel.mk

ГАЛЕРИЈА

КОНТАКТ





Страницата на Art of Travel е од информативен карактер! Се трудиме редовно да ја ажурираме, но постои можност за поинакви информации од моментално објавените. Ве молиме сите цени и описи на објекти да ги проверите директно во агенцијата телефонски, на mail или лично. Ви благодариме на разбирањето.



© Copyright document.write(new Date().getFullYear()); Art of Travel