Разлики помеѓу wellness и spa центар

КОЈА Е РАЗЛИКАТА ПОМЕЃУ WELLNESS И SPA ЦЕНТАР?
И двата поима се однесуваат на здравје но, нивните значења се разликуваат. Спа е кратенка од „sanus per aquam“ што во превод значи „здравје кое доаѓа од водата“. Во пракса тоа значи дека секој центар кој се базира на вода (идеално би било да е термална или лековита, но тоа не е секогаш случајот) имаме оправдување да го наречеме спа центар.

 

Поимот велнес нема никаква директна врска со водата. Настанал како кованица од американскиот израз „well being“ и „fitness“ и означува „здрав концепт за животот“. Ако тоа го поврземе со центрите, се добива „здрав центар“ во кој вашите активности се насочени кон здравиот живот.

 

И двата поима се поврзани со здравјето, што во пракса значи дека двата центри тежнеат кон одржување на здрави животни навики.

 

Можеме да кажеме дека спа центарот е повеќе за релаксација и уживање, додека велнес центарот е место кое повеќе се поистоветува со концептот на здрав живот, трошење калории и конзумирање здрави овошни напитоци.

 

ШТО НЕ СЕ ВЕЛНЕС И СПА ЦЕНТРИТЕ?

 

За велнес и спа центри сигурно не можеме да ги сметаме масовните бањи, во чии што базени не можете да пливате поради гужвите и вревата. Таквите локации се аква парковите и сличните на нив места.

 

Во пракса, овие термини се мешаат, затоа и често не ни е јасно дали некое место е велнес или спа центар.. Но тоа не е ни толку важно, се додека на овие места можете квалитетно да се одморите и да уживате.

 

ШТО СЕ БАЊИ?

 

Концептите на велнес и спа се нови, додека бањите се традиционални. Она по што бањите се истакнуваат се лековитите води, кои помагаат при лечење на разни видови тегоби, како и чистиот воздух кој е одличен за шетање и престојување во природа. Кај бањите акцентот е ставен на традиционалните здравствени услуги.

 

Во денешно време, бањите се повеќе наликуваат на велнес центри, па освен стандардните услуги, нудат и многу популарни третмани како на пример масажи со чоколадо и топли камења, кои се покарактеристични за спа центрите кои се наоѓаат по градовите.

 

Освен рехабилитација, хотелите и бањите целат кон квалитетни и поздрави начини на живот и кон спречување на здравствени проблеми, па затоа се повеќе бањи имаат понуди кои се типични за модерните велнес и спа центри.

 

 

.

Art of Travel

  • Лондонска 2/17А Скопје

  • +389 2 305 1905

  • +389 70 27 93 95

  • artoftravel.mk@gmail.com

  • info@artoftravel.mk

ГАЛЕРИЈА

КОНТАКТ





Страницата на Art of Travel е од информативен карактер! Се трудиме редовно да ја ажурираме, но постои можност за поинакви информации од моментално објавените. Ве молиме сите цени и описи на објекти да ги проверите директно во агенцијата телефонски, на mail или лично. Ви благодариме на разбирањето.



© Copyright document.write(new Date().getFullYear()); Art of Travel