Aparthotel Zoned & Spa - Kopaonik

ЗИМА 2023 / 2024

Услуга

НВ

Локација

3,5 км од центарот на Копаоник

Србија

Копаоник

ApartHotel & Spa Zoned 4* е модерен објект изграден во планински стил кој се наоѓа во викенд населбата на само 3,5 km од центарот на Копаоник, на регионалниот пат Копаоник – Рашка. Објектот е изграден од најквалитетни материјали и со својата архитектура и содржини целосно прилагоден за туристичка намена. Нуди 96 сместувачки единици,  бесплатен бежичен интернет, релаксација во Wellness и Spa центарот (џакузи, парна бања, тепидариум, сауна, фитнес соба), хотелски бар, ресторан, пицерија, обезбеден паркинг, игротека, просторија со друштвени игри. Од сезона 2021/22 во понуда е уште еден објект Зонед 2 со уште 84 сместувачки единици како и внатрешен базен. Двата објекти се поврзани со топла врска.  Хотелот се наоѓа на 1,5 км од најблиската патека – Сончева долина. Достапен е бесплатен превоз до ски-центарот

 

Опис на сместувачките единици

Студио 2+1 – на пониски катови, стандардно опремено (25-30м2), со кујна, купатило со туш, фен, бањарка, папучи, француски или два единечни кревета + фотеља или софа на развлекување, ЛЦД ТВ, телефон, сеф, мини-бар, бежичен интернет (Зонед 1)

Студио Лукс 2+1 – на повисоките катови, луксузно опремено со декоративен камен на ѕидовите и дифузно халогено и лед осветлување (25-30м2), со кујна, купатило со туш, фен, бањарка, папучи, француски или два единечни кревета + фотеља или софа на развлекување, ЛЦД ТВ, телефон, сеф, мини-бар, бежичен интернет (Зонед 2)

Апартман 2+2, 2+3 – сместени на ниво на рецепција и пониско, стандардно опремени (35-40м2), спална соба со француски кревет, дневна соба со софа и фотеља на развлекување, кујна, купатило со туш, фен, бањарка, папучи, ЛЦД ТВ, телефон, сеф, мини-бар, бежичен интернет (Зонед 1)

Супериор Апартман 2+2, 2+3 – сместени на повисоки катови,  опремени (45-50м2), луксузно опремено со декоративен камен на ѕидовите и дифузно халогено и лед осветлување во дневната соба, спална соба со француски кревет, дневна соба со софа и фотеља на развлекување, кујна, купатило со туш, фен, бањарка, папучи, 2 ЛЦД ТВ, телефон, сеф, мини-бар, бежичен интернет (Зонед 2)

Family deluxe apartman 4+2 – луксузно опремен апартман со 2 одделни спални соби француски легла + дневна соба со гарнитура на развлекување и поглед на планина, опремена кујна,
купатило, 3 ТВ, телефон, сеф, минибар, бежичен интернет. (Зонед 2).

*Во термините обележени со +2 гратис сместување за 2 деца до неполни 12 год. во сместувачки единици тип апартман, супериор апартман, супериор лукс апартман и кралски апартман. 

 

Цената вклучува:

·        Цените се по лице на ноќ на база полупансион (појадок и вечера), за престој во смена нед/нед., освен за кралскиот апартман

·        НВ-полупансион (појадок и вечера) шведска маса

·        Wi-Fi на територија на цел хотел

·        Wellness & Spa центар: внатрешен базен, џакузи, парна бања, сауна, тепидариум, бањарка, папучи (задолжителна резервација)

·        фитнес центар

·        Детско катче 0-12 години

·        бебeшко креветче – на барање БЕСПЛАТНО

·        сеф во соба

·        Надворешен паркинг (мал капацитет – ограничени места)

·        Користење на ски – остава (се наоѓа во центар до ски-лифтот)

·        Организиран транспорт до Конаците претпладне од 08:30-11:00 часот и попладне од 15:00-17:00 часот на секој пола саат /повеќе информации на рецепција/

·        Услови за деца и 3. и 4. лице важат исклучиво на 2 полноплатежни лица

  • Деца до 4 год престојуваат бесплатно
  • Прво дете од 4-12 год со 2 возрасни 60% попуст
  • Второ и трето дете од 4-12 год со 2 возрасни по 70% попуст
  • Трето возрасно лице 30% попуст
  • Четврто и петто возрасно лице 70% попуст

За престој помалку од 7 ноќевања, цените се зголемуваат за 20% од цените наведени во табелата, исклучиво на барање!

Деца до 18 години во спа – центар, исклучиво во пристутво на возрасно лице

Престој на домашни миленици до 6кг е на барање и со доплата од 2000 динари за завршно чистење!

 

Check In-по 14:00 / Check Out – до 10:00

 

Цената не вклучува:

Такса за престој 120 ДИН по лице од ден (се плаќа на рецепција по пристигнувањето!)

Деца од 7-15 години плаќаат туристичка такса 60 ДИН по лице од ден.

Деца од 0-7 не плаќаат такса

СЛИКИ И УСЛОВИ

за престој помалку од 7 ноќевања, цените се зголемуваат за 20% од цените наведени во табелата, исклучиво на барање!

 

Услови за резервација:

За валидна резервација е потребна уплата од мин. 50% од вкупната сума, во денари, по курс 1 еур = 62 ден. Останатиот дел се доплаќа 15 дена пред поаѓање.

Цените се загарантирани само за комплетна уплата со резервација. Во спротивно загарантирана е само уплатената сума!

Услови за откажување на резервација од страна на патникот:

Патникот е должен по писмен пат да достави допис за откажување на патување. Истиот ќе биде проследен до хотелот. Пеналите се според денот на откажувањето и за истите важат посебни услови на откажување усогласени со условите на давателот на услугата, а не Општите на Арт оф Травел:

До 10 дена пред поаѓање 10% 

9-5 дена пред поаѓање 40% пенали

4-2 дена пред поаѓање 70% пенали

1-0 дена пред поаѓање 90% пенали

Non show 100% пенали

*Доколку гостинот порано од предвидениот датум го напушти хотелот од било која причина, не се врши рефундација на неискористената сума!

*Неповолните временски услови нема да се сметаат за оправдана причина за откажување на резервација!

Слични понуди

FAIRY TALE – Plataria, Jonski breg

ALEXANDROS Hotel **** – Perama, Corfu

SONNALM Hotel **** – Bad Kleinkirchheim

PAVLINA BEACH Hotel **** – Niforeika, Ahaia-Peloponnese

Art of Travel

  • Лондонска 2/17А Скопје

  • +389 2 305 1905

  • +389 70 27 93 95

  • artoftravel.mk@gmail.com

  • info@artoftravel.mk

ГАЛЕРИЈА

КОНТАКТ





Страницата на Art of Travel е од информативен карактер! Се трудиме редовно да ја ажурираме, но постои можност за поинакви информации од моментално објавените. Ве молиме сите цени и описи на објекти да ги проверите директно во агенцијата телефонски, на mail или лично. Ви благодариме на разбирањето.



© Copyright document.write(new Date().getFullYear()); Art of Travel