Копаоник 03. i 10. јануари / автобуски превоз

Зима 2021 / Копаоник

Превоз

автобус
сопствен

УСЛУГА

8 дена / 7 ноќевања
ноќевање / полупансион

Србија

Копаоник

КОПАОНИК – ТЕРМИНИ – 03.01. И 10.01.2021

7 НОЌЕВАЊА + АВТОБУСКИ ПРЕВОЗ

5-10% ПОПУСТ ЗА РАНА РЕЗЕРВАЦИЈА

Копаоник со право го заслужува своето второ име – Сончева планина. Со просечно 200 сончеви денови годишно, и просечно 160 снежни денови (од крајот на ноември до првите мајски денови), е дефинитивно идеална комбинација за секој вљубеник на природата и зимските спортови.

Планинскиот воздух несомнено му годи на организмот, а најубавата српска планина го има за секој свој посетител доволно, за да се врати од одморот свеж и препороден. Свежиот планински воздух е одлична превенција од разновидни болести, а и лекување на дел од нив. Планинскиот воздух го јакне имунитетот, ја подобрува крвната слика, поволно влијае на повлекување на кожните заболувања, ги ублажува алергиските реации и го нормализира притисокот. Несомнено влијае на подобро внатрешно чувство и е рецепт за излегување од депресијата, победа над анксиозноста, но и одличен одмор од секојдневието. По враќањето ќе се чувствувате подобро, посилни и спремни за работа, дружби и се она што подразбира секојдневие.

Ски центарот е погоден за сите категории и возрасти. Поседува преку 62км ски патеки, за нордиско и алпско скијање. Исто така нуди и парк за бордање. Моменталниот капацитет е  24 жичари и ски лифтови за преку 33.000 скијачи. 97% од патеките се покриени со системот за вештачко оснежување.

 

 

Карактеристики на ски центар Копаоник:

Височина – 1.770 м

Највисок врв – 2.017 m

Вкупна должина на патеките – 62.000 m

Вкупен капацитет на жичарите – 33.000 скијачи/час

Број на жичари, ски лифтови – 24

Број на лесни ски патеки – 21

Број на средни ски патеки – 9

Број на тешки ски патеки – 6

Максимална висинска разлика – 512 m

Најдолга ски патека – 3.500 m

Должина на ноќната ски патека – 450 m

Нордиски ски патеки – 12 km

97% покриеност со системот на вештачко оснежавање
Snow park

Три патеки по FIS стандард за слалом, велеслалом, супер велеслалом и спуст

МАПА НА СКИЈАЛИШТЕТО                                           

– 55 km ски патеки уредени за алпско скијање

– 18 km ски патеки за нордиско скијање

–  ноќна ски патека Мало Језеро

– snowboard парк

– 4  исклопиви четвороседни жичари

– 3 фиксни четвороседни жичари

– 3 двоседни жичари

– 2  сидра

– 8 чинии

– 97% оснежено – Караман A и B, Панчиќев врв, Дубока 1 и 2, Сунчана долина, Мало језеро, Крст, Крчмар, Кнежевске баре, Мали Караман, Марине воде, Гобеља и ски патишта кои им припаѓаат.

 

Опис на хотелите:

 

Х. Олга Дедијер

Хотелот се наоѓа на 600м од центарот на Копаоник, блиску до ски патека „Мало Језеро“ 450м. Располага со вкупно 232 легла, во двокреветни, трокреветни и четворокреветни соби. Нуди: ресторан со 300 места, аперитив и снек-бар, просторија за игра и забава, паркинг со ограничен број места и продавница.

Двокреветна соба – два единечни кревета, купатило со туш

Трокреветна соба – три единечни кревета или француски кревет и еден единечен кревет, купатило со туш

Четвокреветна соба – два француски кревета, купатило со туш

 

Х. Краљеви Чардаци

Комплексот Краљеви Чардаци се наоѓа во Викенд населба, на 5км оддалеченост од центарот на Копаоник. Во понуда се вкупно 307 сместувачки единици. Хотелот нуди: пансионски ресторан, а ла карт ресторан, пивница, фризерски салон, маркет и менувачница, Спа центар со делот за најмалите, лоби бар, детска игрална, теретана, конференциска сала, паркинг (ограничен број на места)

Двокреветна стандардна соба – купатило (туш кабина, фен, бањарка), француски кревет, кабловска ТВ/ЛЦД, телефон, мини-бар, ел. Бокал, сеф, бежичен интернет

Супериор соба – купатило (туш кабина, фен, бањарка), француски кревет, софа на расклопување, кабловска ТВ ЛЦД, телефон, мини-бар, ел. бокал, сеф, бежичен интернет

1/2+2 апартман – купатило (туш кабина, фен, бањарка), дневна соба со софа на извлекување, спална соба со француски кревет и еден единечен кревет, кабловска ТВ/2 ЛЦД телевизори, телефон, мини-бар, ел. бокал или мини кујна, сеф, бежичен интернет

1/2+3 апартман – купатило (туш кабина, фен, бањарка), дневна соба со софа на извлекување, спална соба со француски кревет, кабловска ТВ/2 ЛЦД телевизори, телефон, мини-бар, ел. бокал, сеф, бежичен интернет

1/2+4 апартман со камин– купатило (туш кабина, фен, бањарка), дневна соба со софа на извлекување и камин, две спални соби, едната со француски кревет, другата со две единечни легла, мини кујна со трпезариска маса, кабловска ТВ/ЛЦД телевизор, телефон, мини-бар, сеф, бежичен интернет

 

Апартмани Краљеви Чардаци

Комплексот Краљеви Чардаци се наоѓа во Викенд населба, на 5км оддалеченост од центарот на Копаоник. Во понуда се вкупно 307 сместувачки единици. Хотелот нуди: пансионски ресторан, а ла карт ресторан, пивница, фризерски салон, маркет и менувачница, Спа центар со дел за најмалите, лоби бар, детска игрална, теретана, конференциска сала, паркинг (ограничен број на места)

Студио (2 или 3 лица) – софа на извлекување за 2 лица + софа на извлекување за едно лице, купатило со туш кабина и фен, комплетно опремена кујна со ел. шпорет, фрижидер, прибор, трпезариска маса, кабловска ТВ/ЛЦД, бежичен интернет

Апартман (за 4 лица) – дневна соба со софа на извлекување за две лица, спална соба со француски кревет, купатило со туш кабина и фен, комплетно опремена кујна со ел. шпорет, прибор, фрижидер, трпезариска маса, кабловска ТВ/ЛЦД, бежичен интернет

Апартман (за 6 лица) – дневна соба со софа на извлекување за две лица (некои од апартманите имаат камин), две спални соби, едната со француски кревет, другата со два единечни кревета, купатило со туш кабина и фен, комплетно опремена кујна со ел. шпорет, прибор, фрижидер, трпезариска маса, кабловска ТВ/ЛЦД, бежичен интернет

 

Хотел Зонед

Хотелот се наоѓа во Викенд населба, на 3,5км од центарот на Копаоник и 1,5км од ски патека „Сунчана Долина“. Хотелот нуди: ресторан, кафе бар, детска игрална, сала за игри (билијар, стони фудбал, пикадо – со доплата, отворен јавен паркинг, ски остава, СПА центар (џакузи, парна бања, тепидариум, сауна, теретана), бежичен интернет.

Студио 2+1 – на пониски катови, стандардно опремено (25-30м2), со кујна, купатило со туш, фен, бањарка, папучи, француски или два единечни кревета + фотеља или софа на развлекување, ЛЦД ТВ, телефон, сеф, мини-бар, бежичен интернет

Студио Лукс 2+1 – на повисоките катови, луксузно опремено со декоративен камен на ѕидовите и дифузно халогено и лед осветлување (25-30м2), со кујна, купатило со туш, фен, бањарка, папучи, француски или два единечни кревета + фотеља или софа на развлекување, ЛЦД ТВ, телефон, сеф, мини-бар, бежичен интернет

Апартман 2+2, 2+3 – сместени на ниво на рецепција и пониско, стандардно опремени (35-40м2), спална соба со француски кревет, дневна соба со софа и фотеља на развлекување, кујна, купатило со туш, фен, бањарка, папучи, ЛЦД ТВ, телефон, сеф, мини-бар, бежичен интернет

Супериор Апартман 2+2, 2+3 – сместени на повисоки катови,  опремени (45-50м2), луксузно опремено со декоративен камен на ѕидовите и дифузно халогено и лед осветлување во дневната соба, спална соба со француски кревет, дневна соба со софа и фотеља на развлекување, кујна, купатило со туш, фен, бањарка, папучи, 2 ЛЦД ТВ, телефон, сеф, мини-бар, бежичен интернет

KOPAONIK PAKETI 7 NOKI

 

отвори го ценовникот за повеќе детали

+

ОРГАНИЗИРАН АВТОБУСКИ ПРЕВОЗ

ПОГЛЕДНИ ДЕТАЛИ

Цената вклучува:

Х. Олга Дедијер

– 7 полупансиони (појадок и вечера)

– претставник од страна на организаторот за време на патувањето и цело време на престојот

 

Х. Краљеви Чардаци

– 7 полупансиони (појадок и вечера)

– претставник од страна на организаторот за време на патувањето и цело време на престојот

– користење на СПА центарот (внатрешен базен, финска и био сауна, парна бања, амам, солена соба, тепидариум) ! дозволен влез за деца над 12 год

– користење на детскиот дел на СПА центарор (беби и детски базен, тобогани)

– бањарки, папучи и пешкири за во СПА центарот

– теретана

– пинг понг сала

– трансфер до ски депо „Мало Језеро„ 2,5 км од хотелот, 5 пати на ден додека работи жичарата

– бебешко креветче на барање

– детска игрална со задолжително присуство на родител

– бежичен интернет

 

Апартмани Краљеви Чардаци

– 7 ноќевања

– претставник од страна на организаторот за време на патувањето и цело време на престојот

– постелнина, пешкири, финално чистење, топла вода, ел. струја, греење

– чистење на апартманите и замена на пешкирите на 2 дена

– трансфер до ски депо „Мало Језеро„ 2,5 км од хотелот, 5 пати на ден додека работи жичарата

– ваучер со 15% попуст за користење на СПА центарот (внатрешен базен, финска и био сауна, парна бања, амам, солена соба, тепидариум) ! дозволен влез за деца над 12 год и користење на детскиот дел на СПА центарор (беби и детски базен, тобогани), бањарки, папучи и пешкири за во СПА центарот

– бежичен интернет

 

Хотел Зонед

– 7 полупансиони (појадок и вечера)

– претставник од страна на организаторот за време на патувањето и цело време на престојот

– Користење на скијашница (во центарот на Копаоник)

– трансфер до центарот на Копаоник (претпладне од 08:30-11:00 ч и попладне од центарот од 15:00-17:00 ч – поаѓања на секои пола час)

– користење на СПА центарот (џакузи, парна бања, сауна, тепидариум, бањарка, папучи) – со задолжителна резервација на термин на рецепција ! За децата до 15 год термин од 14 – 18 ч со задолжително присаство на родител

– користење на теретана

– детска игрална

– бебешко креветче на барање

– бежичен интернет

– паркинг (ограничен број на места)

– сеф во соба

 

Цената не вклучува:

– такса за престој возрасни 120 дин по лице на ден, деца од 7-15 год 60дин на ден, деца до 7 год не плаќаат. Осигурување 20 дин на ден, плаќаат сите

Цена за превоз за дете дете од 2 – 12 год. 45 е

– Цена за превоз за возрасен 60 е

– индивидуални трошоци

– се друго неспомнато

Услови за откажување во случај на заболување од Ковид 19

 

Олга Дедијер – 7 дена пред поаѓање без пенали

Краљеви Чардаци – пред поаѓање без пенали

Зонед – пред поаѓање без пенали

 

Во сите случаи задолжителна достава на медицински доказ. Можна замена за друг термин според расположивоста или враќање на целата уплатена сума, минусирана за административни и банкарски трошоци.

 

ВАЖНИ НАПОМЕНИ ЗА РЕЗЕРВАЦИЈА

За валидна резервација потребна е уплата од минимум 50% од вкупната сума.

Останатиот дел се доплаќа најдоцна 15 дена пред поаѓање.

За реализација на превозот е потребен минимум од 30 патници. Истиот се резервира со 30% уплата а доплата се врши 15 дена пред поаѓање. Во случај на недоволен број на пријавени патници, цената може да претрпи измена.

Такса за престој се плаќа со резервација.

 

Патување во Србија е возможно и со лична карта (важи само за возрасни), за децата е потребен валиден пасош.

Моментално, за влез во Србија е потребен ПЦР тест поради КОВИД 19, не постар од 72 часа.

ПРОГРАМА

Прв ден (03. или 10. јануари) - СКОПЈЕ – КОПАОНИК

Состанок на групата на паркингот пред нашата агенција во 05:50 ч. Планирано време за поаѓање во 06:00 ч. Патување преку граничниот премин Табановце, со застанување заради гранични формалности. Патувањето продолжува по новиот автопат. Попатна пауза во траење од околу 1 час, за појадок, кафе и сл. Пристигнувањето на Копаоник предвидено околу 14:00 ч. Сместување во избраниот хотел. Почеток на користење на услугите и уживање.

Втор до седми ден (03 – 10.01 или 10 - 17.01.) КОПАОНИК

Уживање во убавините на Копаоник. Скијање, прошетки на чист, планински воздух, пиење на кафе или чај, можеби блага ракија или варено вино во некоја од сончевите тераси, посета и релаксација во СПА центрите – секој по свој вкус.

Осми ден (10. јануари или 17. јануари) КОПАОНИК – СКОПЈЕ

По појадокот напуштање на собите до 10:00 ч. Оставање на багажот во простории предвидени за тоа или кај рецепција. Слободно време до поаѓање за Скопје. Предвидено време за поаѓање околу 15:00 часот. Попатна пауза од околу 1 час за закуска или кафе. Планирано пристигнување во Скопје околу 23:00 ч.

Барање за резервација

МОЖЕБИ ЌЕ ВИ СЕ ДОПАДНЕ

Art of Travel

  • Лондонска 2/17А Скопје

  • +389 2 305 1905

  • +389 70 27 93 95

  • artoftravel.mk@gmail.com

  • info@artoftravel.mk

ГАЛЕРИЈА

КОНТАКТ





Страницата на Art of Travel е од информативен карактер! Се трудиме редовно да ја ажурираме, но постои можност за поинакви информации од моментално објавените. Ве молиме сите цени и описи на објекти да ги проверите директно во агенцијата телефонски, на mail или лично. Ви благодариме на разбирањето.



© Copyright 2018 Art of Travel