Vesna - Rafailovici

ЛЕТО 2019

Превоз

Сопствен

Оддалеченост од плажа

50 метри

Црна Гора

Будванска ривиера

Рафаиловиќи е популарна туристичка дестинација во Црна Гора, познато по најубавата плажа на Будванска ривиера – Бечиќи, долга околу 2000 м, со песок и кристално чисто море. Будва е оддалечена 3,2 km, а до нејзе води пешачка патека и стални автобуски линии. Редовни автобуски линии има и до Петровац, Херцег Нови, Бар, како и кон внатрешноста на Црна Гора. На 10 мин пешачење по уредена пешачка патека и тунел, се наоѓа уште една убава плажа – Каменово. Куќите во нашата понуда се од прва категорија, сите блиску до преубавата плажа, опремени со клима уреди, кабловска ТВ, сопствено купатило, бежичен интернет. Организирана е и исхрана во рестораните Мирон и Обала по пристапни цени, па сите кои сакаат ја имаат и таа опција во понуда.

Vesna се наоѓа во вториот ред куќи од плажата, на 50 м оддалеченост. Поголемиот број на балкони се со директен поглед на море. Куќата поседува апартмани, студија и еднокреветна соба. Апартманите и студијата имаат опремени кујни, купатила, клима (вклучена во цената), сателитска ТВ, бежичен интернет. Еднокреветна соба е без клима уред. Пешкирите се менуваат секој втор ден, а постелнината еднаш во текот на престој. Бесплатно бебешко креветче е достапно на барање.

СЛИКИ И УСЛОВИ

Појаснување:

1/3+1 APP – трокреветен апартман со четвртиот помошен кревет, една просторија со кујна и единечен кревет, втора просторија со француски и единечен кревет, балкон со поглед на море.

1/4+1 APP – четворокреветн апартман со петтиот помошен кревет, две спални соби, една со француски кревет, втора со два единечни кревета, во трета просторија кујна и помошен кревет, балкон со поглед на море.

1/3+1 STD – трокреветно студио со четвртиот помошен кревет, француски и единечен кревет од каде се извлекува помошниот, балкон со поглед на море.

1/3+1 STD BT – трокреветно студио со четвртиот помошен кревет, француски и единечен кревет од каде се извлекува помошен, без балкон.

1/1 soba – Еднокреветна соба, помал француски кревет, без клима уред (вентилатор), купатило, фрижидер, без ТВ, помал балкон со поглед на море.

НАПОМЕНА: – Бебешко креветче на расклопување достапно во сите студија и апартмани на барање и без доплата

Можна доплата:

– Полупансион во ресторан “Miron” – 9 евра по лице на ден, деца до10 год. 7 евра

– Полн пансион во ресторан “Miron” – 13 евра по лице на ден, деца до 10 год. 10 евра

– Полупансион во ресторан ”Obala”– 11 евра по лице на ден, деца до 10 год. 8 евра

ПРОГРАМА НА ПАТУВАЊЕ – СОПСТВЕН ПРЕВОЗ:

Влегување во собите е по 12:00 часот, а напуштање најдоцна до 09:00 часот.

НАПОМЕНА ЗА ПАРКИНГ: Опција за паркинг во Рафаиловиќи е јавна гаража, која се наплаќа или бесплатен на улица секаде каде што ќе најдете место!

Цена на аранжманот опфаќа:

– Сместување на база на одбраната услуга

– Услуга на претставникот

Цената на аранжманот не опфаќа:

– Индивидуални трошоци
– Меѓународно патничко здравствено осигурување / информации во агенција/

– Такса за престој (се плаќа на лице место – 1 евро на ден за возрасни, 0,5 евро на ден за деца од 12-18 год., деца до 12 год.не плаќаат)

УСЛОВИ ЗА РЕЗЕРВАЦИЈА:

Цените се во евра, плаќањето е во денари по курс 1 еур = 62 ден. За валидна резервација е потребна уплата од мин 30% од вкупната сума, останатата сума се доплаќа најдоцна 20 дена пред поаѓање и важи за плаќање во готово или вирмански.

Побарај понуда

Можеби ќе Ви се допадне

Art of Travel

  • Лондонска 2/17А Скопје

  • +389 2 305 1905

  • +389 70 27 93 95

  • artoftravel.mk@gmail.com

  • info@artoftravel.mk

ГАЛЕРИЈА

КОНТАКТ





Страницата на Art of Travel е од информативен карактер! Се трудиме редовно да ја ажурираме, но постои можност за поинакви информации од моментално објавените. Ве молиме сите цени и описи на објекти да ги проверите директно во агенцијата телефонски, на mail или лично. Ви благодариме на разбирањето.



© Copyright 2018 Art of Travel