Ti Blu Village Club **** Premium, Puglia

ЛЕТО 2019

Типот на програма

авион
Поаѓање од Софија

Цена од 636 еур

8 дена / 7 ноќевања
услуга All inclusive Soft

Италија

Апулија

ПРОМО ЦЕНИ ЗА РЕЗЕРВАЦИЈА ДО 30.11.2018

Најдобриот хотел од нашата понуда за одмор во Апулија. Преубава плажа, неверојатни кулинарски специјалитети, многу зеленило и забава.

 

Ti Blu Village Club 4* Premium

Марина ди Пистичи

 

http://www.tibluvillage.it/

 

Ti Blu Village Club 4* се наоѓа во Марина ди Пистичи. Мал резорт, познат по шуми со средоземни борови и прекрасно море. Хотелот се наоѓа на само 7 км од гратчето Марконија. Хотелот е вистински рај за семеен одмор со комбинација на прекрасната природа, кристалната морска вода, златната плажа, огромниот базен и разновидната анимација. Во близина до хотелот има пицерии, бар и маркет.

Соби
Хотелот нуди 400 удобни соби: двокреветни, соби со 1 или 2 спални и 2 купатила за поголеми семејства.

  • Балкон;
  • Индивидуална клима
  • Телевизор;
  • фен
  • Телефон;
  • Мини-бар (на барање).

 

Некои од собите имаат панорамски поглед кон базените или боровата шума (со доплата).

 

Ресторан
Ресторанот е поделен на две големи сали со отворена веранда. Гостите на хотелот имаат обележена маса за секоја соба. Храната е сервирана на бифе. Два пати неделно хотелот има вечера, со типични јадења од регионот. Појадокот е континентален, на шведска маса и вклучува овошје и зеленчук.

 

Бар
Хотелот располага со 2 бара: единиот покрај базенот, со детско катче, а другиот на терасата.

 

Плажа
Околу 600 м од хотелот, низ убав парк и борова шума на хотелот, стигнувате  до широка плажа со фина, златна песок. До плажата можете да одите пеш или со хотелското вовче. Плажата е опремена со чадори и лежалки. Нуди и дополнителни услуги:

  • Бар на плажа;
  • игралиште за одбојка
  • Кану;
  • едрење на даска
  • Катамарани и чамци ( за 2 – 5 лица).

 

Пешкирите за плажа се со доплата.

 

Анимација

Хотелот нуди анимациска програма на базенот и на плажата. Разни игри, забави, танци за сите. Навечер во амфитеатрот на хотелот се шоу-програми (танци, музика и проекции на филмови).

 

Дополнителни услуги

Ti Blu Village Club 4* Premium нуди голем избор на спортски содржини:

  • базен 1500 кв.м за аеробик во вода и пливање;
  • базен за деца;
  • Фудбалско игралиште;
  • 2 игралишта за Бочање;
  • Мултифункционално игралиште;
  • 4 тениски игралишта (со ноќно осветлување со доплата);
  • Пинг понг маса;
  • Фитнес патека;
  • Игралиште за деца;
  • Салон за убавина и фризерски услуги;
  • Амфитеатар со забавни програми;
  • Продавници (локални производи, играчки и костими за капење);
  • Часови по јавање;
  • Конгресна сала (од 40 до 250 места);
  • Медицински услуги;
  • Коли под наем;
  • Перење.

 

За семејствата со бебиња има кујня, отворена секој ден од 11:00 – 14:30 и 18:00 – 21:00 часот, опремена со: фрижидер, микровална печка, блендер и прибор. Можете да приготвите бебешка храна.

ПОГЛЕДНИ ДЕТАЛИ

Цените се во евра по лице, во стандардни соби, All Inclusive Soft, со вклучени аеродромски такси за резервација до 30.11.2018 г.

AIL / еур

7 ноќи

Број ноќи

По лице во двокреветна соба

Еднокреветна соба 3. / 4. возрасен

1. / 2. дете

2 – 12 г.

02.06 –  09.06

7 636 1015 566

531

09.06 –  16.06

7 646 1026 576

541

16.06 –  23.06

7 656 1036 586

551

23.06 –  30.06

7 667 1046 596

561

30.06 –  07.07

7 687 1097 648

613

07.07 –  14.07

7 687 1097 648

613

14.07 –  21.07

7 697 1108 658

572

21.07 –  28.07

7 697 1108 658

572

28.07 –  04.08

7 713 1123 673

587

04.08 –  11.08

7 697 1108 658

572

11.08 –  18.08

7 697 1108 658

572

18.08 –  25.08

7 687 1097 648

613

25.08 –  01.09

7 687 1097 648

613

01.09  08.09

7 687 1097 648

613

Цената вклучува:

  • авио билет до Бари со директен чартер лет од Софија со Булгариа Ер
  • чекиран багаж 15 кг по лице и 7 кг рачен
  • аеродромски такси
  • 7 ноќевања на All Inclusive Soft во хотел Ti Blu Village 4*, Premium
  • Трансфер аеродром – хотел – аеродром
  • Чадори и лежалки на плажа – задни редови
  • Чадори и лежалки покрај базенот
  • Користење на фудбалско игралиште, игралишта за бочање, мултифункционално игралиште, тениски игралишта и пинг понг како и сите видови на спорт преку ден
  • Wi-Fi интернет во јавните простории на хотелот
  • Анимација за време на целата сезона на италијански јазик
  • патничко здравствено осигурување со покритие до 10 000 евра
  • Претставник на организаторот на бугарски јазик

 

Цената не вклучува:

  • Доплата за пешкири за плажа – 10 евра наем на пешкир за цела недела (се плаќа и  депозит од 10 евра, кој се враќа при враќање на пешкирот).
  • Доплата за бебешко креветче – 10 евра на ноќ, на барање со резервација
  • Целодневен факултативен излет до Бари и Полињано а Маре со дегустација на пијалок „ Фокача“ и вино56 еур возрасни / 28 еур дете до 12 г.;
  • Полудневен факултативен излет до Матера (УНЕСКО)51 еур возрасни / 26 еур дете до 12 г.;
  • Целодневен факултативен излет до Алберобело – Локоротондо со дегустација на домашно приготвени ликери и слатки, локално производство61 еур возрасни / 31 еур дете до 12 г.;
  • Целодневен факултативен излет до Лече и Отранто со дегустација на маслиново масло и локални производи 66 еур возрасни / 33 еур дете до 12 г.;
  • Целодневен факултативен излет до Остуни – 46 еур возрасни / 23 еур дете до 12 г.;
  • Полудневен факултативен излет до Мартина Франка со дегустација на локален деликатес од месо и вино46 еур возрасни / 23 еур дете до 12 г.;
  • Пакет 3 излети: Бари и Полињано а Маре, Матера (УНЕСКО), Алберобело и Локоротондо165 еур возрасни, 82 еур дете до 12 г.;
  • Пакет 4 излети: Бари и Полињано а Маре, Матера (УНЕСКО), Алберобело и Локоротондо, Лече и Отранто226 еур возрасни, 113 еур дете до 12 г.;
  • Пакет 5 излети: Бари и Полињано а Маре, Матера (УНЕСКО), Алберобело и Локоротондо, Лече и Отранто, Остуни267 еур возрасни, 134 еур дете до 12 г.;
  • Пакет 6 излети: Бари и Полињано а Маре, Матера (УНЕСКО), Алберобело и Локоротондо, Лече и Отранто, Остуни, Мартина Франка303 еур возрасни, 203 еур дете до 12 г.;
  • Во цената на аранжманот не се вклучени такси, плаќања и други дополнителни расходи, кои може да се побараат да бидат платени како нпр. туристичка такса, градска такса, бродски или аеродромски такси, влезници за објекти, музеи, бротчиња, ферибот, јавен превоз, пијалоци во автобусите или авионите и сл.

Soft All Inclusive концепт

  • Појадок, ручек и вечера со вклучени вода и вино.
  • Безалкохолни пијалоци, овошни сокови, ладен чај, минерална вода (газирана и природна). Пијалоците се точени, и се на одредени места во хотелот.
  • Лесна ужина од 11:00 12:00 ч и од 16:30 17:30 ч.

Ред на летање секоја недела (подлежи на промени)

Булгариа Ер Чартер

Софија – Бари 14:05 / 14:15 ч. (локално време)

Бари – Софија 10:55 / 13:05 ч. (локално време)

 

Трансфер аеродром – хотел – аеродром:

околу 1 час и 30 минути по правец со автобус.

Резервација:

Со потпишувањето на договор: 40% од вкупната сума. Останатиот дел најдоцна 40 дена пред поаѓање.

 

Услови за откажување на патување од страна на патникот:

ПАТНИКОТ има право да го откаже договорот за патување пред неговото започнување. ПАТНИКОТ е должен да плати пенали за откажување од патување на ОРГАНИЗАТОРОТ. Во случај на непредвидени и вонредни околности на дестинацијата или во непосредна близина, кои би влијаеле на квалитетот на аранжманот како и на безбедноста, патникот не плаќа пенали, му се враќа уплатената сума во целост, но нема право на дополнително обештетување.

Доколку ПАТНИКОТ го откаже патувањето повеќе од 30 дена пред поаѓање, пеналите се во износ на авансната уплата. Доколку го откаже од 30 дена до денот на поаѓање пеналите се 100%.

 

ВАЖНО:

  1. Минимален број за реализација на програмата: 120 лица. Во случај на недоволен број, организаторот е должен да ги извести патниците 20 дена пред поаѓање.
  2. Нема специјални медицински и здравствени побарувања, поврзани со патувањето.
  3. Патувањето не се препорачува за лица со ограничена подвижност.
  4. Потребен е валиден пасош со минимум 6 месеци важност од датумот на влезот во земјата во која се патува.
  5. Организаторот го задржува правото за промена на програмата.

ФАКУЛТАТИВНИ ИЗЛЕТИ

 

Предрезервација и уплата на факултативните излети се препорачува. Излетите се спроведуваат на бугарски јазик за минимум 40 лица. Можно е пријавувањето и на лице место доколку има слободни места. Реализацијата на излетите не се гарантира без потребниот минимум.

ПРОГРАМА

1.ден

Состанок на аеродромот во Софија и лет до Бари. Трансфер до хотелот. Должина на трансферот – околу 1 час и 30 минути. Сместување. Вечера. Ноќевање.

2.ден

Појадок. Информативен состанок. Слободно време за плажа или факултативен излет по желба:

  • Бари – престолнина на Апулија и Полињано а Маре – Бисер на Јадранот.

Бари и Полињано а Маре

Бари – главен град на областа Апулија. Политички, економски, сообраќаен и образовен културен центар. Историјата на градот е поврзана со грчката колонизација, како и Римската и Византијската империја. 1071 г. е окупиран од Норманите, а потоа влегува во состав на Римската империја. Од 1324 г. е независен град се до 1558 г, кога е присоединет кон Наполитанското кралство. Посета на Стариот град. Тука се сместени сите знаменитости, а испреплетените колоритни улици ја отсликуваат специфичната средоземноморска атмосфера. Катедралата Св. Савин е изградена на крајот на ХІІ в. во романски стил. Во текот на ХVІІІ в. во ентериерот и на фасадата на Катедралата Св. Савин се додадени барокни детали. Базилика Св. Никола е осветена во 1087 г., но останува недовршена до 1197 г. Се смета за едно од најголемите достигнувања на романската архитектура во Апулија. Во базиликата се чуваат фреската „Богородица со светците на Виварини од 1476 г., гробницата на Бона Сфорца, сопругата на Сигизмунд ІІ од Полска и последна војвотка на Бари (1558 г.), мраморен епископски трон и моштите на Св. Никола – заштитник на морнарите, трговците, банкарите, разбојниците, затворениците, жените и децата. Можност за дегустација на пијалокот „ Фокача“ и вино, локално производство. Слободно време.

 

“Полињано а Маре” е град, издигнат на врвот на импресивните карпи. Пред портите на градот поминувал Римскиот пат „Виа Трајана“. Денес, крајбрежјето е познато по кристално чистото море, дваесет километарската плажа и голем број пештери, издлабени во карпите. Специфичната архитектура ја надополнува природната убавина на гратчето, познато како “Бисер на Јадранот„. Карпестото крајбрежје на Полињано а Маре е полно со природни заливи, кои преку зима служеле како засолниште за рибарските бротчиња, а денес секое лето привлекуваат реки туристи. Најпопуларните плажи се: Кала Инчина (Cala Incina), Кала Сала (Cala Sala), Кала Порто (Cala Porto), Кала Пагуро (Cala Paguro), Кала Понте (Cala Ponte), Кала Паура (Cala Paura) и Сан Вито (San Vito beach) во истооименото рибарско село. Посетителите се маѓепсани при посетата на Грота деле Рондинеле (од итал. Пештера на ластовичките – Grotta delle Rondinelle) и позната Грота Палацезе (од итал. Големата куќа во пештера – Grotta Palazzese), вкопани во варовнички карпи. Од терасите се протега преубав панорамски поглед. Заливите и малите пештери се достапни само од морето. Заради кристално чистото море и богатството на морското дно особено е интересно за нуркачите.

 

Цената вклучува: излет со водич на бугарски јазик и превоз.

Цената не вклучува: индивидуални трошоци

3.ден

Појадок. Слободно време за плажа или факултативен излет по желба:

  • Матера – дел од светското културно наследство, под покровителство на УНЕСКО и Европска престолнина на културата во 2019.

Матера

Матера – мртвиот град, познат во целиот свет како природен декор на многу филмови со историска содржина. Матера е уникатно село, сместено во провинцијата Базилика. Настанало уште во палеолитот. Древните жители ги населувале природните пештери во кањонот на реката Гравина. Животните услови во т.н. САСИ не се промениле значително во текот на вековите, а во раните 1950-ти, италијанските интелектуалци повикуваат на владина интервенција. Со државно финансирање за живеење во пештера се обезбедуваат модерни живеалишта. Античкиот дел од градот останува ненаселен и луѓето го нарекуваат “мртов град”. Ова продолжува сè додека филмската продукција не почнала да се интересира за Матера. Природниот „декор“ бил искористен од страна на светски познати режисери, како Пјер Паоло Пазолини, браќата Тавиани, Лукино Висконти, Мел Гибсон. Филмовите, особено најпопуларните „Евангелие по Матеј и „Страстите на Христос, ја открија Матера за широката јавност. Со признавањето на УНЕСКО – градот е прогласен за светско културно наследство. Зголемениот интерес предизвика ревалоризација на потенцијалите на Матера како туристичка дестинација. Со посериозно финансирање, со децении напуштените соништа денес се враќаат. Инвеститорите не го менуваат нивниот изглед и оригиналните камени креации го зачувуваат нивниот уникатен архитектонски изглед. Заедно со Пловдив, Матера е објавен за Европска престолнина на културата во 2019 г.

 

Цената вклучува: излет со водич на бугарски јазик и превоз.

Цената не вклучува: индивидуални трошоци; можност за посета на Етнографски музеј (влезница: 2 евра по лице или црквите во карпи (влезница: 3 евра по лице).

4.ден

Појадок. Слободно време за плажа или факултативен излет по желба:

  • Алберобело (УНЕСКО) – познатата приказна градот на Трулите и Локоротондо – едно од сто најубави мали гратчиња во Италија.

Алберобело и Локоротондо

Алберобело – посета на престолнината на самовилите – трулите. Алберобело е шармантно гратче, каде што ќе се чувствувате како да сте на друга планета. Ќе се чувствувате како да главниот град Трули ве води во детска книга на бајките. Трулите се мали бели куќички со конусни покриви од вар. Градени се без никаков спој и наликуваат на ескимско иглу. Во близина до главниот плоштад се наоѓа црквата „Санта Лучија, како и градскиот музеј „Територио”. Музејот е направен од 10 трули обединети во една. Во музејот можат да се видат историјата на создавањето на трулите и како нивните жители живееле во минатото. Алберобело има и други помали музеи, кои им нудат на туристите сувенири и речиси се што една селска куќа произведува. Некој од поинтересните се: Музејот на виното и Музејот на маслиново масло.

Локоротондо – едно од 100-те најубави гратчиња во Италија, чиј историски центар е изграден во овален облик, од каде му потекнува и името. Градот е запишан во книгата на рекордите на Гинис, поради петте букви „о“ во името. Градот на убавите балкони, познат по своите вина. Во цената е вклучена дегустација на домашно произведени ликери и слатки.

 

Цената вклучува: излет со водич на бугарски јазик, превоз, дегустација на домашно произведени ликери и слатки

Цената не вклучува: индивидуални трошоци

5.ден

Појадок. Слободно време за плажа или факултативен излет по желба:

  • Лече – „престолнина“ на специфичниот барок на Јужна Италија и Отранто – шармот на полуостровот Саленто.

Лече и Отранто

Лече, познато како „Фиренца на Апулија и по барокната архитектура. Според легендата градот е познат уште од времето на Тројанската битка, кога го носел името Сибар. Подоцна го освоиле Липјаните, па Римјаните во ІІІ в.пр.Хр., кои му го даваат името Липија. По времето на императорот Адриан, Лече е преместен 3 км североисточно и добива име Личеја. По крахот на Западното Римско царство Лече е преземен од готскиот крал Тотила. По периодот од пет века Лече влегува во состав на Источното Римско царство – Византија. Норманите владеат со градот во ХІ в. и подоцна е присоединет кон Кралството на двете Сицилии.
Интересни обележја во Лече се: Катедралата; Епископскиот дворец; Црква Св.Јован Крстител; Дворецот Сеџо; Црквата Богородица на Благодет; Градската тврдина; Црквата Свети крст; Црквата Св. Ангел; Црквата Св. Киара; Регионалниот музеј; Црквата Св. Никола и Каталдо; Римскиот амфитеатар

По прошетката ќе имате можност да пробате високо квалитетно маслиново масло.

 

По ручекот посета на Отранто. Отранто е познат по замокот, послужил за наслов и инспирација на прв готски роман во историјата – “Замокот на Отранто” на англискиот писател Хорас Уолпоул, како и со Катедралата, која поседува еден од најубавите средновековни подни мозаици. Слободно време.

 

Цената вклучува: излет со водич на бугарски јазик, превоз, дегустација на високо квалитетно маслиново масло.

Цената не вклучува: индивидуални трошоци.

6.ден

Појадок. Слободно време за плажа или факултативен излет по желба:

  • Остуни или познат како „Белиот Град”.

Остуни

Остуни – „Белиот Град” – катедралата и средновековниот град. Пронајдено е дека областа има човечко присуство уште од времето на неолитот. Како драгоцен дијамант во својата пред-италијанска историја, Остуни оди од една рака во друга во просек еднаш на секои 100 години.

Цената вклучува: излет со водич на бугарски јазик, превоз

Цената не вклучува: индивидуални трошоци.

7.ден

Појадок. Слободно време за плажа или факултативен излет по желба:

  • Мартина Франка – типичниот за Италија стар град и прекрасен пример на барокната уметност.

Мартина Франка

Мартина Франка. Елегантен град, сместен во волшебната долина Итрија. Од 1975 година градот е домаќин на годишниот летен фестивал Festival Della Valle d’Itria”. Типичен стар град, прекрасен пример на барокната уметност со своите мали алеи, белите тесни улички, дворците и величествените монументални цркви. Пиаца Рома е најголемо отворено пространство во стариот град со зелена градина во триаголна форма, од која се открива неповторлива гледка кон замокот, проектиран од Бернини во ХVІІ век. Палацо Дукале е пример за зрелоста од времето на доцниот барок. Обиколката на Стариот град ги вклучува дворецот Палацо Дукале и Црквата Св. Мартин. Во цената е вклучена дегустација на локални деликатеси од месо „Капоколо“ и вина.

 

Цената вклучува: излет со водич на бугарски јазик, превоз, дегустација на локални деликатеси од месо „Капоколо“ и вина.

Цената не вклучува: индивидуални трошоци.

8. ден

Појадок. Трансфер до аеродромот во Бари за лет кон Бугарија. Должина на трансферот – околу 1 час и 30 минути.

ПОБАРАЈ ПОНУДА

МОЖЕБИ ЌЕ ВИ СЕ ДОПАДНЕ

Art of Travel

  • Лондонска 2/17А Скопје

  • +389 2 305 1905

  • +389 70 27 93 95

  • artoftravel.mk@gmail.com

  • info@artoftravel.mk

ГАЛЕРИЈА

КОНТАКТ





Страницата на Art of Travel е од информативен карактер! Се трудиме редовно да ја ажурираме, но постои можност за поинакви информации од моментално објавените. Ве молиме сите цени и описи на објекти да ги проверите директно во агенцијата телефонски, на mail или лично. Ви благодариме на разбирањето.



© Copyright 2018 Art of Travel