Рим - 07. и 15. ноември / авио од Скопје

Есенски патувања

Типот на програма

Авио - поаѓање од Скопје

Цена 199 еур за резервација до 10. октомври

4 дена / 3 ноќевања
услуга ВВ

Италија

Рим

199 ЕУР ЗА РЕЗЕРВАЦИЈА ДО 10. ОКТОМВРИ

Италијанската престолнина, која на секој чекор ви ги открива своите волшепства и ве фасцинира со историја совршено вклопена во секојдневниот живот на метрополата. Вечниот град, градот на седумте рида, светската престолнина и уште многу имиња кои ќе ве асоцираат на Рим а кои што Рим ги има добиено во текот на три илјадогодишно постоење. Со векови бил престолнина на најмоќното царство во европската историја и уште подолго, духовно средиште на католичкиот свет, седиште на градот-држава Ватикан. Посетителите често го опишуваат  како посебен и единствен. 

ПОГЛЕДНИ ДЕТАЛИ

За уплата до 10 Октомври 199 евра (12.350 денари)

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ: 249 евра (15.450 денари)

 

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ Е ВКЛУЧЕНО:

Авионски превоз на релација Скопје – Рим – Скопје
Рачен багаж (1 торба/куфер со димензии 40х30х20cm до 10kg)
Трансфер во Рим од аеродромот до хотелот и обратно
Сместување во Хотел 4* во поширокиот центар на Рим на база 3 ноќевања со појадок (http://raelihotels.it/en/raeli-hotels)
Организиран панорамски разглед на градот
Организација на аранжманот и придружник на патувањето

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ Е ВКЛУЧЕНО:

Аеродромски такси 3.700 денари
Доплата за 1 торба/куфер за рачен багаж со димензии 55х40х23cm (со максимум 10kg) 1.300 денари
Доплата за куфер за чекирање (со максимум 10kg) 1.400 денари
Доплата за поголем куфер за чекирање (со максимум 20kg наместо 10kg) 2.200 денари
Туристичка такса 6 евра на ден (се плаќа во хотелот)
Факултативни излети: посета на Ватикан со локален водич, превоз, резервација и влезница 50 евра
Организирана пешачка прошетка низ центарот на Рим 15 евра
Посета на Тиволи 50 евра
Факултативна вечера во ресторан
Влезници во музеите и културно историските споменици
Kарти за локален превоз (метро)
Патничко – здравствено осигурување без франшиза /информации во агенција/

 

За валидна резервација е потребна уплата од мин. 50% од вкупната сума, во денарска противвредност по курс 1 еур = 62 ден. Останатиот дел се доплаќа мин. 15 дена пред поаѓање.

Цените се валидни за плаќање во готово или на сметка на Арт оф Травел.

НАПОМЕНИ:

За реализација на аранжманот потребен е минимум од 20 патници
За овој аранжман важат Опшите услови за патување на СКТМ
Пасошот треба да важи минимум 3 месеци по завршувањето на патувањето

ПРОГРАМА

07. или 14. ноември (четврток) СКОПЈЕ – РИМ

Состанок на групата на аеродромот во Скопје во 15:50 часот. Полетување за Рим во 17:20 часот и слетување во 18:55 часот. Трансфер до хотелот и сместување. Вечерна прошетка до плоштадот на уметниците со прекрасните фонтани – плоштадот Навона, за да се почувствува атмосферата на кафулињата со “вистинско” италијанско кафе. Ноќевање.

08. или 15. ноември (петок) РИМ

Појадок. Панорамско разгледување на градот: плоштадот Дел Пополо, Виа Дел Корсо, плоштадот Венеција со споменикот на Виктор Емануеле, мостовите на Тибар, Палатата на правдата, тврдината Сан Ангело, црквата Св. Петар… Прошетка низ центарот на Рим и уживање во убавините на градот: посета на Шпанските скали познати како “дневна соба на градот”, фонтаната Ди Треви со легендата за фрлање паричка за повторно враќање во Рим, Пантеон, црквата Св. Климент, црквата Св. Петар во ланци со статуата на Мојсие – познатото дело на Микеланџело, Колосеумот, римскиот Форум, прекрасниот плоштад Кампидољо… Слободно време за шопинг по познатата улица Виа Дел Корсо. Ноќевање.

09. или 16. ноември (сабота) ВАТИКАН

Појадок. Препорачуваме факултативна посета на Ватикан: ватиканските музеи со восхитувачките колекции на слики, скулптури, стари мапи и таписерии, незаобиколната Систинска капела чиј свод е украсен од Микеланџело со уникатни ремек дела и најголемата црква на светот Св. Петар… Прошетка до боемскиот кварт Транстевере и вечера во национален ресторан – траториа, со мени од италијанската кујна. Ноќевање.

10. или 17. ноември (недела) РИМ - ТИВОЛИ - СКОПЈЕ

Појадок. Факултативна посета на паркот Тиволи со прекрасната вила Д’Есте. Ренесансната палата е единствена по своите илјада фонтани, а најубавите од нив имитираат звуци на птици и музички инструменти. Трансфер до аеродромот во Рим. Полетување за Скопје во 20:15 и слетување во 21:50 часот.

ПОБАРАЈ ПОНУДА

МОЖЕБИ ЌЕ ВИ СЕ ДОПАДНЕ

Art of Travel

  • Лондонска 2/17А Скопје

  • +389 2 305 1905

  • +389 70 27 93 95

  • artoftravel.mk@gmail.com

  • info@artoftravel.mk

ГАЛЕРИЈА

КОНТАКТ





Страницата на Art of Travel е од информативен карактер! Се трудиме редовно да ја ажурираме, но постои можност за поинакви информации од моментално објавените. Ве молиме сите цени и описи на објекти да ги проверите директно во агенцијата телефонски, на mail или лично. Ви благодариме на разбирањето.



© Copyright 2018 Art of Travel