Кападокија - 24. април

Типот на програма

Автобуска
Услуга 3НВ + 1ВВ

Цена

Цена 259 еур по лице

Турција

Кападокија

ФАСЦИНАНТНА КАПАДОКИЈА

Областа Кападокија, денес дел од Турција, а некогаш нераскинлив дел на Византија, се наоѓа во покраината Невшехир. Во прашање е површина од околу 80 квадратни километри, сместени во источниот дел на Анадолија, односно во источниот дел на Турција, меѓу градовите Невшехир, Арванос и Угруп.
Овој мистичен крај, кој ќе ве маѓепса со својата необична убавина, со векови служел како засолниште на христијаните. Во праисториските периоди првите човечки населби биле изградени под земја, во вулкански карпи, поради заштита од дивите животни. Има и тврдења дека дури и апостолите тука барале засолниште. Тука ќе ве одушеви релјефот со своите егзотични облици, додека под земјата се крие вистинско богатство од скриени цркви, куќи со живописни материјали и древни, вредни икони. 
Тука природата како да си поиграла со боите и облиците, па човек не знае од каде да почне со разгледување. Секој дел од Кападокија е интересен на свој начин, а облиците како да се излезени од некој луд дизајнерски сон. Кога ќе дојдете тука ќе ви стане јасно зошто оваа област била избрана прва за снимање дел до трилогијата „Војна на ѕвездите“.
Веројатно највпечатливи се самовилските оџаци од камен и подземните градови, издлабени во вулкански карпи. Има цели хотели каде што туристите можат и да преспијат во соба од камен, со шарени килими, а достапно ќе ви биде и наргиле со јаболко. Не пропуштајте да го посетите и музејот на отворено или комплексот на пештерски цркви, од кои најпозната е темната црква. Долго била затрупана и гулабите ја користеле за засолниште, а денес нејзината внатрешност е расчистена и пред вашите очи ќе блеснат некои од најубавите фрески од раниот христијански период.
Секако не смеете да не ги посетите подземните градови, а најпознати се Кајмакли и Деринкују, кои можеле да примат меѓу 35 и 50 илјади луѓе под земја, каде што имало сѐ што било неопходно за живот, па дури и капели, винарници, преси за масло, воденички камења. Во Деринкују има 11 нивоа под земја, со вентилација и извори со вода, а секое ниво можело да се затвори и да функционира посебно. Тука е и помалку познатиот град Озконак, кој имал уште поразвиени системи за водоснабдување и вентилација и отишол чекор понапред во подземните градби.
Еден од најдобрите начини да ја обиколите Кападокија е со воздушни балони, што чини околу 150 евра, кога ќе откриете дека погледот од птичја перспектива е восхитувачки. Областа Кападокија е вклучена во списокот на УНЕСКО за заштитени природни реткости.

ПОГЛЕДНИ ДЕТАЛИ

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ……… 259 евра (16.050 денари)

 

 

Во цената на аранжманот се вклучени следните услуги:

Автобуски превоз на наведената релација
Еден полупансион (појадок и вечера) во хотел 4* во Анкара
Два полупансиони (појадок и вечера) во хотел 4* во Кападокија
Едно ноќевање со појадок во хотел 4* во Бурса
Локални туристички водичи во Анкара, Кападокија и Бурса
Организација на аранжманот и придружник на патувањето

 

Во цената не се вклучени следните услуги:

Посета на музејот на Анадолските цивилизации во Анкара – 7 евра
Посета на музејот на отворено – Ѓореме во Кападокија – 8 евра
Посета на тврдината Учхисар – 2 евра
Посета на подземниот град Деринкују– 8 евра
Турска вечер во Кападокија со богата музичка програма -30 евра
Ексклузивна можност за летање со балон над Кападокија (планирано е да се реализира во сабота, на 27.04.2019 во раните утрински часови) – 150 евра
Патничко осигурување

Пасошот со задолжителна важност од мин. 6 месеци од денот на враќање

Напомена: За реализација на аранжманот потребни се минимум 40 патници

ПРОГРАМА

Прв ден: 24.04.2019 (среда)

14.00 часот. Заминување на групата од Скопје кон Турција. Ноќно возење преку Република Грција со попатни застанувања и одмори.

Втор ден: 25.04.2019 (четврток)

Пристигнување во Анкара во претпладневните часови. Разгледување на Анкара – главниот град на Република Турција со локален туристички водич и посета на музејот на Анадолските цивилизации и мавзолејот на Ататурк – основачот на современа Турција. Сместување во хотел. Слободно време за одмор од патувањете и за индивидуални прошетки. Вечера. Ноќевање.

Трет ден: 26.04.2019 (петок)

Појадок. Заминување на групата кон Кападокија – област позната по своите релјефни форми формирани пред десетина илјади години по истовремените ерупции на два вулкана (Ерчисе и Хасанда). Областа Кападокија е спомената уште во библијата. Раните христијани се населиле во областа за слободно да ја проповедаат својата религија. Под дејство на водата и воздухот се создале тие чудни форми – чуда на природата. Попатна посета на второто по големина солено езеро во Турција – Туз Ѓоли, Долината на Камилата и посета на работилница за изработка на грнчарски производи. Пристигнување во Кападокија. Во попладневните часови сместување во хотел. Вечера. Ноќевање.

Четврт ден: 27.04.2019 (сабота)

Појадок. Целодневна екскурзија низ Кападокија. Името што во превод значи „Земја на убавите коњи“ е непрегледната област пренесена од соништата и фантастичните приказни каде ветерот и сонцето извајале чудни фигури во карпите, а околу V век човечката рака ги издлабила во нив најстарите христијански цркви и манастири. Тука апостол Павле ги води првите христијани, тоа е родното место на Св. Георги и Св.Василиј Велики. Екскурзијата е по таканаречениот „Месечев пејзаж“ создаден од самата природа: розови и бели ѕидови насекаде, магични кули недопрени од човечка рака… сето тоа е распослано во музејот на отворено Ѓореме кој е под заштита на УНЕСКО… Тука, во ова поклоничко место ќе имате можност да ги посетите уникатните пештерни градови исечени во карпите каде сеуште се наоѓаат цели домови и дворци, гостински и спални соби, манастири и цркви, светилиштата на православната Византија: училиште на свети апостол Павле, ѕидните фрески на православните светци, библиски сцени на старите фрески… Враќање во хотел. Вечера. Денот завршува со кападокиска вечер во автентичен ресторан каде можете да уживате во домашниот фолклор и стомачните танци на преубавите девојки (факултативно). Ноќевање.

Петти ден: 28.04.2019 (недела)

Појадок. Одјавување од хотелот и заминување на групата кон Бурса. Попатна посета на Деринкују, еден од подземните градови кои Хетите ги изградиле во длабочина од над десетици километри под земја уште од пред 4000 години. Внатре имало се што треба да има еден град – резервоари за вода, магацини за жито, воденици, стаи, станбени простории… Според некои историчари, во подземните градови во Кападокија во минатото живееле и до 80.000 жители. Во вечерните часови пристигнување во Бурса, старата престолнина на Отоманската Империја. Сместување во хотел. Ноќевање.

Шести ден: 29.04.2019 (понеделник)

Појадок. Разгледување на Бурса со локален туристички водич: големата џамија „Улу Џами“, плоштадот со прекрасен поглед на Бурса каде се наоѓаат гробниците на основачот на Османската Империја Осман Бег и на вториот султан Орхан Бег. Слободно време за индивидуални прошетки и шопинг. Околу пладне заминување кон Македонија со попатно панорамско разгледување на Истанбул. Пристигнување на групата во Македонија (ноќно возење преку Република Грција) во вторник на 30. април во раните утрински часови.

ПОБАРАЈ ПОНУДА

МОЖЕБИ ЌЕ ВИ СЕ ДОПАДНЕ

Art of Travel

  • Лондонска 2/17А Скопје

  • +389 2 305 1905

  • +389 70 27 93 95

  • artoftravel.mk@gmail.com

  • info@artoftravel.mk

ГАЛЕРИЈА

КОНТАКТ





Страницата на Art of Travel е од информативен карактер! Се трудиме редовно да ја ажурираме, но постои можност за поинакви информации од моментално објавените. Ве молиме сите цени и описи на објекти да ги проверите директно во агенцијата телефонски, на mail или лично. Ви благодариме на разбирањето.



© Copyright 2018 Art of Travel