Фетије - 25. април

ДИДИМ – МИЛЕТ – ФЕТИЈЕ – КАЈАКОЈ – ОЛУДЕНИЗ - АЈВАЛИК (САРИМСАКЛИ)

Типот на програма

Автобуска
Услуга 5НВ + 1 крстарење со вклучен ручек

Цена

Цена 259 еур по лице

Турција

Кападокија

ДИДИМ – МИЛЕТ – ФЕТИЈЕ – КАЈАКОЈ – ОЛУДЕНИЗ – АЈВАЛИК (САРИМСАКЛИ)

Не, тоа не се Хаваите или некоја слична дестинација на која би се сетиле кога ќе ја видите нереално тиркизната боја на морето… Ве водиме во градот со многу сонце и неверојатно богатсво на споменици на културата… На официјално најубавата плажа на Медитеранот – Олудениз или Плавата Лагуна… Историски локалитети од времето на Ликијското кралство, село на духови, легенди, раскошна убавина распослана на Средоземното море… Ве водиме во градот во кој богот Аполон се заљубил во ќерката на кралот Агенор, а во чест на нивниот син Телмесус подоцна така и го нарекол… Ве водиме во Фетије!

ПОГЛЕДНИ ДЕТАЛИ

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ……… 259 евра (16.050 денари)

(плаќање во денарска противвредност)

Во цената на аранжманот се вклучени следните услуги:

Автобуски превоз

Пет полупансиони (ноќевање, појадок и вечера – шведска маса) во хотели во Дидим, Фетије и Ајвалик (Саримсакли)

Сите излети до Дидим, Милет и Фетије со локален туристички водич со вклучени влезници во античките градови и националниот парк Олудениз

Крстарење со брод со вклучен ручек на бродот

Организација на аранжманот и придружник на патувањето

Во цената на аранжманот не се вклучени следните услуги:

Патничко осигурување

Пасошот со задолжителна важност од мин. 6 месеци од денот на враќање

Напомена: За реализација на аранжманот потребни се минимум 40 патници

ПРОГРАМА

Прв ден: 25.04.2019 (четврток)

15.00 часот Скопје. Заминување на групата од Македонија кон Турција. Ноќно возење преку Република Грција со попатни застанувања и одмори. Во утринските часови пристигнување во Галиполе и преминување на Дарданелите со фериброд. Пристигнување во азискиот дел на Турција, во Чанак Кале.

Втор ден: 26.04.2019 (петок)

Краток одмор од патувањето и панорамско разгледување на Чанак Кале со задолжителна фото пауза пред макетата на коњот користен во текот на снимањето на филмот Троја. Продолжување на патувањето покрај планината Ида и Бергамо кон Дидим. Во попладневните часови пристигнување во Дидим. Сместување во хотел Temple Miletos (http://www.templegrouphotel.com/miletos/) . Слободно време за одмор од патувањето и за индивидуални активности. Вечера. Ноќевање.

Трет ден: 27.04.2019 (сабота)

Појадок. Одјавување од хотелот и заминување на групата кон античките градови Дидим и Милет. Некогашното јонско светилиште Дидим е дом на храмот посветен на богот Аполон – еден од најголемите антички храмови подигнат во IV век п.н.е. кој важи за трет по големина во светот (по храмот на Артемида во Ефес и храмот на грчкиот остров Самос). Храмот никогаш не бил целосно завршен и токму затоа не е дел од седумте светски чуда на антиката. На неговите ѕидини се прикажани децата на боговите Зевс и Лета – близнаците Аполон и Артемида, а на самиот влез е прочуената статуа на Медузата Горгона со лице на жена и со змии на главата наместо коса која имала способност со поглед да ги скамени луѓето. Во дворот пак се наоѓало второто по големина хеленистичко пророчиште, идентично со светилиштето во Делфи. Тука најчести посетители биле царевите Октавијан Август, Трајан, како и Александар Велики. Јужно од храмот се наоѓа делумно сочуван стадион каде во чест на богот Аполон се организирале натпревари во атлетика и уметност. Потоа заминуваме кон древниот град Милет, родното место на многу филозофи, меѓу кои и на старогрчкиот математичар Талес кој го открил соѕвездието „Мала мечка“ со значително им го олеснил патот на морепловците и прв го претскажал помрачувањето на Сонцето (во 585-та година пред новата ера), со што ја стекнал славата на еден од седумтемина мудреци на Антиката. Денеска во Милет можат да се видат рушевините од огромниот амфитеатар кој можел да прими повеќе од 15.000 посетители. По организираниот разглед на овој антички град, го продолжуваме патувањето кон една од најпознатите туристички дестинации во Турција – градот Фетије, туристички бисер на Анадолскиот полуостров. Пристигнување во доцните попладневни часови. Сместување во хотел Pelin (http://www.hotelpelin.com.tr/index-en.html). Вечера. Ноќевање.

Четврти ден: 28.04.2019 (недела)

Појадок. Заминуваме на целодневен организиран разглед на градот на сонцето кој има богата историја која се поврзува со древното Ликијско кралство во кое жителите имале свое писмо, јазик, обичаи и богови. Се упатуваме најпрво кон некогашното грчко село Кајакој, кое денес важи за село на духовите. Имено, кога во 1922 година дошло до размена на жителите меѓу Грција и Турција, Грците кои со векови живееле во денешна Турција засекогаш си заминале во Грција, а Турците кои 500 години живееле во Грција се вратиле во Турција. Сепак, околу 400 камени куќи во ова село засекогаш останале ненаселени, па селото на духови денес е туристичка атракција. Тука ќе имаме можност да ги разгледаме интересните коцкасти камени куќи кои се градени на одредена оддалеченост една од друга за да не си прават самите сенка. Поголем дел од објектите, како и две грчки цркви денеска се под заштита на турската влада. Потоа продолжуваме кон националниот парк Плава лагуна. Всушност, тоа е официјално најубавата и една од најфотографираните плажи на Медитеранот – Олудениз или како уште го нарекуваат Мртвото море. Слободно време за уживање во убавините на плажата која е опкружена со четинарска шума која придонесува за создавање на извонредни климатски услови. Олудениз е речиси три километри долг полуостров со кристално чисто тиркизно море и блескаво бели песочни плажи. Слободно време за кафе во некој од многубројните ресторани. Во попладневните часови се враќаме во центарот на Фетије, покрај прекрасното крајбрежје кое го красат мноштво палми и ресторани каде жителите до денес се гордеат на вредниот ликијски саркофаг кој е изделкан само од едно парче камен. Тука се наоѓа и статуата на богот на морето Посејдон. Слободно време за прошетки низ центарот на градот. Потоа продолжуваме кон грчкиот античкиот град изѕидан да прими 6000 посетители, кој со доаѓањето на римјаните во II век од нашата ера станал амфитеатар. Во III и IV век околу амфитеатарот бил подигнат заштитен ѕид, бидејќи внатре се внесувале диви ѕверови кои се бореле со гладијаторите, па така театарот станал арена. По обиколката враќање во хотелот. Слободно време за индивидуални активности. Вечера. Ноќевање.

Петти ден: 29.04.2019 (понеделник)

Појадок. По појадокот заминување на групата на крстарење со брод по заливите на Фетије. Искусните морепловци ќе ни приредат прекрасен ден за уживање – бродот застанува на неколку места за пливање и за фотографирање на наубавата турска регија. На бродот имаме и организиран ручек. Во попладневните часови враќање во хотелот, побогати со уште едно ново возбудливо доживување. Вечера. Ноќевање.

Шести ден: 30.04.2019 (вторник)

Појадок. Одјавување од хотелот и заминување кон Саримсакли, приморски град на самиот брег на Егејското море, препознатлив по неповторливиот залез на сонцето. Она што е посебно карактеристично за ова туристичко место се исклучително добрите климатски услови – по препорака на светската здравствена организација градот се наоѓа на првото место во Европа и второ во светот по лечење на дишните органи кај децата и возрасните. Со само 0,5 % влажност на воздухот, Саримсакли припаѓа на таканаречените воздушни бањи. Сместување во хотел Cinar ( http://www.ayvalikcinarhotel.com/sayfa/1/cinar-hotel-hakkimizda). Вечера. Ноќевање.

Седми ден: 01.05.2019 (среда)

Појадок. Слободно претпладне за индивидуални прошетки и плажа (доколку дозволат временските услови). Околу пладне заминување кон Македонија преку протокот Дарданели и Република Грција со попатни застанувања и одмори. Пристигнување во Македонија во раните утринските часови во четврток, на 02. мај.

ПОБАРАЈ ПОНУДА

МОЖЕБИ ЌЕ ВИ СЕ ДОПАДНЕ

Art of Travel

  • Лондонска 2/17А Скопје

  • +389 2 305 1905

  • +389 70 27 93 95

  • artoftravel.mk@gmail.com

  • info@artoftravel.mk

ГАЛЕРИЈА

КОНТАКТ





Страницата на Art of Travel е од информативен карактер! Се трудиме редовно да ја ажурираме, но постои можност за поинакви информации од моментално објавените. Ве молиме сите цени и описи на објекти да ги проверите директно во агенцијата телефонски, на mail или лично. Ви благодариме на разбирањето.



© Copyright 2018 Art of Travel