Москва - Санкт Петерсбург / авион

Летни и есенски патувања

Типот на програма

авион
Поаѓање од Белград

Цена од 545 еур

7 дена / 6 ноќевања
услуга ВВ

Русија

Москва - Санкт Петерсбург

ЦЕНА ОД 545еур

ТЕРМИНИ: 18.08. / 15.09. / 29.09. / 06.10.2019

Москва е еден од најстарите европски градови. Прв пат се спомнува 1147 година, а во 15. век станува руска престолнина, се до 1712 год. кога улога на главен град ја превзема Санкт Петерсбург. Меѓутоа значењето на градот не опаднало, била центар на многубројни збиднувања значајни за рускиот народ. Во дваесетите години на минатиот век Москва станала главен град на Совјетски Сојуз и оттогаш не го изгубила тој статус. Денес е модерна светска метропола, центар на руската држава, култура, економија, спорт. Црквата на Св. Василије, оставина на рускиот цар Иван Грозни, е симбол на градот, а Бољшој театар е еден од најпознатите во светот.

Санкт Петресбург го основал Петар Големиот 1703 година, како негов прозор во Европа, за да го осигура руското присуство на Балтикот. Денес е еден од најубавите европски градови.

ПОГЛЕДНИ ДЕТАЛИ

термини

       18.08.2019 – 665 еур

       15.09.2019 – 595 еур

      29.09.2019 – 585 еур

     06.10.2019 – 545 еур

 

ВО ЦЕНАТА Е ВКЛУЧЕНО

  • авио превоз со Air Serbia: Белград-Москва и Санкт Петерсбург-Белград
    ● превоз со воз Москва-Санкт Петерсбург
    ● сместување во Москва во хотел со 4* во двокреветни соби, услуга ноќевање со појадок
    ● сместување во Ст. Петерсбург во хотел со 4* во двокреветни соби, услуга ноќевање со појадок
    ● трансфери наведени во програмата;
    ● панорамски разгледи на Москва и Ст. Петерсбург
    ● услуги на пратител на групата и стручните локални водичи
    ● трошоци на организација на аранжманот

ВО ЦЕНАТА НЕ Е ВКЛУЧЕНО

  • аеродромски такси (cca 125 €, подложно на измена)
  • задолжително патничко осигурување до 30.000 еур без франшиза / информации во агенција/
  • факултативни излети во Москва и Ст. Петерсбург
  • Кремљ 40 еур
  • Московски Метро 10 еур по лице
  • Крстарење во Москва 35 еур по лице
  • Музеј на Космонаутика 30 еур по лице
  • Сергијев Посад 40 еур по лице
  • Пловење по Нева и каналите 30 еур по лице
  • Петропавловска тврдина 30 еур по лице
  • Ст. Петерсбург ноќе 30 еур по лице
  • Петерхоф, паркот со фонтаните 45 еур по лице
  • Пушкин, Царско село 55 еур по лице
  • Ермитаж 40 еур по лице
  • индивидуални трошоци

ХОТЕЛИ

Москва, Hotel Delta 4* www.izmailovo.ru

Hotel Delta се наоѓа во хотелскиот комплекс Измаилово. Метро станица е на околу 100 m oд хотелот. Возење со метро до Црвениот плоштад трае 15 min (пешки од хотелот 25-30 min). Во склоп на комплексот се ресторани со поволни цени, трговски центар, како и голем пазар на сувенири. Хотелот е комплетно реновиран. Појадок – шведска маса.

Санкт Петерсбург, Hotel Azimut 4*  www.azimuthotels.com  

Хотелот се наоѓа во највисоката зграда на историскиот дел на градот, во поширокиот центар на градот, покрај реката Фонтанка. Го карактеризира модерен дизајн со новиот концепт на организација “SMART”. Собите се опремени со сеф, сателитска ТВ, фен, купатила со туш кабина. Покрај стандардните содржини, хотелот поседува спа центар, базен и два ресторани, од кои едниот се наоѓа на последниот кат од каде се протега преубав поглед на градот. На 10 min пешачење е метро станица и до центарот (станица Невски проспект) се само две метро станици. Целиот хотел е покриен со бесплатен бежичен интернет. Појадок – шведска маса.

Пријавување и плаќање на излетите Кремљ и Пушкин (Царско село) е задолжително со уплата на аранжманот! На лице место не е возможно! /мин. месец дена пред поаѓање!/

За број на пријавените патници под 15, програмата ќе се реализира со јавен превоз, метро.

ВАЖНИ НАПОМЕНИ

  • За реализација на аранжманот потребно е најмалку 15 патници.
  • Еднокреветни соби на барање, со доплата.

УСЛОВИ И НАЧИН НА ПЛАЌАЊЕ

Плаќањето е во денари по курс 1 еур = 62 денари

За валидна резервација потребна е уплата од 40% а останатиот дел најмалку 25 дена пред поаѓање

ОПШТИ НАПОМЕНИ НА ОРГАНИЗАТОРОТ НА ПАТУВАЊЕТО

Организаторот го задржува правото да ја смени цената на патувањето /поради оправдани причини како зголемување на цената на горивото, измени во девизниот курс, недоволен број на пријавените патници и сл./ или да го откаже патувањето најдоцна пет дена пред поаѓање

ПРОГРАМА

1.ден Белград – Москва

Состанок на групата два саати пред полетување на аеродромот во Белград. Лет со авио компанија Air Serbia за Москва во 06:35 h (лет JU 650). Слетување на московки аеродром во 10:15 h. Панорамски разглед на градот со автобус: центарот на градот, Црвениот плоштад, Кремљ, Црквата на Василије Блажени, Бољшој театар, Храмот на Христос Спасителот, Новодевичанскиот манастир, Видиковец Врапчешкиот брег и Универзитетот “Ломоносов”, Поклонаја гора (Паркот на победата)… (без влегување во објектите). Трансфер до хотелот. Сместување. Слободно време. Факултативен излет: Московски метро, еден од најубавите и најстарите метроа во светот, во кој дури 44 постојки имаат статус на културно наследство. Обиколка на неколку најзначајните метро постојки, кои наликуваат на музеј со богато декорирани скулптури, мозаици, позлатени флорални орнаменти, мраморни столбови и портрети на националните хероји. Ноќевање.

2.ден Москва

Појадок. Факултативен излет: Кремљ, најстариот дел на Москва и нејзин политички, духовен и историски центар, неповторлив комплекс по архитектонско-уметничка убавина. Обиколка на територијата: Црквата на успението каде се крунисани сите руски цареви, Архангелската црква, Царот на камбанарија, Царот на топот и Палата на патријаршија. Слободно време. Факултативен програм:  Москва ноќе од реката – пловење со ексклузивен брод-ресторан “Radisson”. Велелепен поглед од реката на Москва ноќе, еден од најубаво осветлени градови на светот. Ноќевање.

3.ден Москва

Појадок. Факултативен излет: Сергијев посад (бившиот Загорск, 70 km од Москва), еден од најстарите и најголемите руски манастирски комплекси, центарот на руското православие и духовноста, поранешна резиденција на рускиот патријарх. Обиколка на Троица на Сергиева Лавра, бисер на древноруската уметност и архитектура. Лавра, развивајќи се од осамена дрвена црква во сред шума во XIV век, ги имала различни улоги од големо значење за руската историја. Факултативен излет: Музеј на Космонаутика, еден од најпосетените музеји во Москва, поседува голем број на оригиналните предмети, опрема и скафандери кои, помеѓу останатите космонаути ги носеле и употребувале Јуриј Гагарин и Алексеј Леонов во своите експедиции. Музејот поседува свемирски сателити, ракети, “munrover” роботско возило, како и макета на свемирска станица Мир во природна големина која е отворена за посета. Слободно време. Ноќевање.

4.ден Москва – Санкт Петерсбург

Појадок. Трансфер до железничката станица. Патувањето за Санкт Петерсбург во 09:30 h со современ воз Сапсан. Пристигнување во Санкт Петерсбург во 13:20h. Панорамски разглед на градот со автобус: Невски проспект, Казањски сабор, Дворски плоштад, Адмиралитет, Васиљевски остров, Ермитаж, Исакиевска соборна црква, Бронзениот коњаник … (без влез во објектите). Трансфер до хотелот. Сместување. Слободно време. Ноќевање.

5.ден Санкт Петерсбург

Појадок. Факултативен излет: Излет во Петерхоф – руски Версај, летна царска резиденција на Петар Големиот, настаната во XVIII век по налог на самиот цар, а по углед на Версај. Обиколка опфаќа прошетка низ величенствениот парк, разглед на прочуените фонтани со 250 позлатени скулптури и излегување на брегот на Финскиот залив од каде се протега величенствен поглед на залив, Кронштат и Санкт Петерсбург. Факултативна програма: Пушкин-Царското Село, летна резиденција на Екатерина Голема, прекрасен дворец и парк со површина од 34 km2. Ентеријерот фасцинира со сјајот на уметнички предмети од полудраги камења, злато, портрети на династијата Романови. По повод  300-годишнината на оснивање на Санкт Петерсбург завршена е обнова на чувената Ќилибарска дворана, која на дворецот на Катарина му врати стариот сјај. Слободно време. Ноќевање.

6.ден Санкт Петерсбург

Појадок. Факултативен излет: Вожња по каналите и Нева, со специфични ниски бродови прилагодени за поминување  низ каналите и под ниските мостови, поради кои овој град и го добил името “Северна Венеција”. Поглед кон знаменитостите на градот и неговата архитектура од легендарната Нева и од каналите, остава единствен впечаток и сеќавања. Факултативен излет: Исакиевска соборна црква, најголема православна црква во Русија, но и една од најубавите градби на Санкт Петерсбург, како поради својата надворешна така и поради внатрешна декорација. Званичен назив е Собор на преподобен Исакије Далматски, а градена е од 1815 до 1858 година, по проект на архитектот Огист Менферан. Слободно време. Ноќевање.

7.ден Санкт Петерсбург – Белград

Појадок. Слободно време. Факултативна програма: Ермитаж, обиколка на еден од најголемите музеи на светот, во зданието на Зимскиот дворец, со преку 3 милиони експонати. Неговата непроценлива збирка е изложена во 6 згради распоредени на Дворскиот плоштад и долж реката Нева. Главната зграда е Зимскиот дворец кој некогаш бил резиденција на руските цареви, а од богатата збирка се издвојуваат ремек делата на Леонардо Да Винчи, Тицијан, Рембрант, Микеланџело и др. Музејот е познат и по археолошката збирка, збирка на скулптури, збирка на средновековна европска уметностi, но и по барокниот изглед и архитектура. Трансфер до аеродромот. Лет со авио компанија Air Serbia за Белград во 21:35 h (лет JU 675). Пристигнување во Белград во 23:20 h.

ПРОВЕРЕТЕ РАСПОЛОЖИВОСТ НА МЕСТАТА

МОЖЕБИ ЌЕ ВИ СЕ ДОПАДНЕ

Art of Travel

  • Лондонска 2/17А Скопје

  • +389 2 305 1905

  • +389 70 27 93 95

  • artoftravel.mk@gmail.com

  • info@artoftravel.mk

ГАЛЕРИЈА

КОНТАКТ





Страницата на Art of Travel е од информативен карактер! Се трудиме редовно да ја ажурираме, но постои можност за поинакви информации од моментално објавените. Ве молиме сите цени и описи на објекти да ги проверите директно во агенцијата телефонски, на mail или лично. Ви благодариме на разбирањето.



© Copyright 2018 Art of Travel