Mersinis House - Neos Marmaras

ЛЕТО 2022

Превоз

Сопствен

Оддалеченост од плажа

150 метри

Грција

Халкидики>Ситонија>Неос Мармарас

Куќата Mersinis е во близина Неос Мармарас и има се што е потребно за вистински одмор: комфорни апартмани, двор со зеленило, простор за скара и вечерни седенки, паркинг, преубава плажа, мир, спокојство… Куќатаа е комплетно изолирана од градската  врева; лоцирана е на само 3 км пред влезот во Неос Мармарас, во непосредна близина на кампот Castello и 2 км од Lagomandra Beach. Совршена локација за летно уживање! Гостите кои ќе летуваат во Mersinis ќе ја користат плажата на кампот Castello, која се наоѓа на само 150 метри од куќата. Во кампот секојдневно можете да пазарувате во мини маркетот, но и да ги користите услугите во ресторанот или да се рекреирате на спортските терени. Доколку сте без сопствено возило а имате потреба да го почуствувате пулсот на градот, автобуската постојка е на само 200 метри од куќата.

Mersinis има шест четирикреветни апартмани на приземје, прв и втор кат кои имаат големи тераси со поглед на дворот или на локалниот пат кој води до Неос Мармарас. Сите сместувачки капацитети се опремени со мебел, кујни, купатила, телевизори и клима уреди  чие користење е вклучено во цената. Апартманите се опремени со постелнина и крпи кои се менуваат еднаш во текот на десет дена. Затоплувањето на водата во целата куќа е со сончеви колектори, а покриена е и со бежичен интернет.

ГАЛЕРИЈА

  •  Во студијата и апартманите е дозволено сместување на лица согласно предвидениот капацитет, односно број на кревети
  • Сместувањето е првиот ден по 14.00 часот по локално време, а собите се напуштаат последниот ден до 09.00 часот по локално време
  • Плаќањето на аранжманите е исклучиво во денарска противвредност по курс 62 денари!
  • Доплата за туристичка такса во Грција-0,50 евра по соба од ден (се плаќа во агенцијата)

Организиран превоз Скопје – Неос Мармарас
– Тргнување од Скопје во 04.00 часот

– Цена на повратен билет –35 евра; деца до 2 години бесплатно (без седиште); од 2-12 год.-25 евра

 

Барање за резервација

Можеби ќе Ви се допадне

POTIDEA PALACE Hotel ****+ – Potidea, Kassandra

DOLPHIN BEACH Hotel *** – Possidi, Kassandra

GALAXIAS – Paralia, Pieria

FOTINI – Sivota, Jonski Breg

Art of Travel

  • Лондонска 2/17А Скопје

  • +389 2 305 1905

  • +389 70 27 93 95

  • artoftravel.mk@gmail.com

  • info@artoftravel.mk

ГАЛЕРИЈА

КОНТАКТ





Страницата на Art of Travel е од информативен карактер! Се трудиме редовно да ја ажурираме, но постои можност за поинакви информации од моментално објавените. Ве молиме сите цени и описи на објекти да ги проверите директно во агенцијата телефонски, на mail или лично. Ви благодариме на разбирањето.



© Copyright document.write(new Date().getFullYear()); Art of Travel