МЕКСИКО И КУБА / 16 ДЕНА /31.03 - 14.11.2019 И 18.11 - 02.12.2019

Спремете се за авантура која сигурно долго ќе ја паметите!

Типот на програма

авионска програма
16 дена

16 дена

термин 31. октомври и 18. ноември / поаѓање од Белград

Централна Америка

Мексико и Куба

ПРОМО ЦЕНА 1640 еур по лице

 

Мексико Сити – главен, a воедно и најголем град во Мексико, град со долга и бурна историја, град со традиција но и современ град со своите насмеани жители. Сонот за орел кој со змија во клунот стои на кактусот, според легендата, го водела астечкиот водач до овој град каде во 14. век ја основал престолнината. Градот бил главна мета за освојување на човекот со долга коса и бела брада, Емано Кортесе, кој ја сменил историјата на овој народ. Денес е Мексико Сити спој на традицијата и модерното, каде се астечките храмови наслонуваат на шпанските катедрали и понатаму на музеите на модерното доба, каде калдрмата излегува на широките булевари. Градот преполн со контрасти, ќе ве освои со својата несекојдневната убавина.

Оахака (Oaxaca), град чија убавина и специфичност се под заштита на УНЕСКО. Прочуениот локалитет Monte Alban, кој се сместил недалеку од историскиот центар ни сведочи за Олмеките, Запотеките и Мекстеките. Срцето на градот го украсиле Шпанците со својата архитектура и велелепните катедрали.

San Cristobal de las Casas, бисер на мексичката држава Chiapas, за нас е влез во светот на Маите. Тесна, калдрмисана улица преполна со шарени куќи, ресторани и несејкодневни сувенирници не води до видиковец од каде се протега преубав поглед на градот и околината. Ќе направите сигурно десетици фотографии, бидејќи секој кадар е приказна и спомен за себе.

Додека планинскиот пејзаж го заменува густата џунгла, воздухот станува се потопол, а природа се позелена, пред нас се појавува Паленке, еден од најубавите мајански градови, со своите пирамиди и палати. Освежување од тропската клима ќе ја побараме во природните базени со тиркизна боја Agua Azul. Каскадите и водопадите со нестварна боја се составен дел на ова патување.

Кариби, песочен, син рај… плажи, тиркизно море, вкусна храна, прошетка низ џунглата, архитектура на минатите времиња, одмор за сите чула.

За крај е оставена Хавана, автентична кубанска престолнина. Колоритен остров, остров на Хемингвеј и Che Guevarа, каде со олдтајмери се возите низ градот, дегустирате кубански рум и мохито. Судир на минатото и сегашноста, трагите на вишегодишна изолација, лица на веселите домаќини и звукот на салса која ве прати каде и да тргнете. Спремете се за авантура која сигурно долго ќе ја паметите!

 

 

ПОГЛЕДНИ ДЕТАЛИ

Цена: 1790 евра по лице

Цена со попуст за резервација до 31.03.2019: 1640 евра по лице

 

*Постои можност за мало поместување на датумите за поаѓање поради бројот на слободни места во авионите. Поместувањето нема да биде за повеќе од 1 до 2 дена.

 

Во цената е вклучено:

 

Повратен трансфер на релација Белград – Будимпешта
Авионска карта на релација Будимпешта – Мексико Сити со преседнување и сите такси
Авионска карта на релација Канкун – Хавана со сите такси
Авионска карта на релација Хавана – Будимпешта со сите такси
Багаж до 20 кг за сите летови
3 ноќевања во хотел со 2* во Мексико Сити во 1/2  и 1/3 соби со сопствено купатило и тоалет.
1 ноќевање во хотел со 2* во Оахака во 1/2 и 1/3 соби со сопствено купатило и тоалет.
1 ноќевање во хотел со 2*во Сан Кристобал во 1/2 и 1/3 соби со сопствено купатило и тоалет.
1 ноќевање во хотел со 2* во Паленке во 1/2 и 1/3 соби со сопствено купатило и тоалет.
3 ноќевања во хотел со 2* во Плаја дел Кармен во 1/2 и 1/3 соби со сопствено купатило и тоалет.
3 ноќевања во приватни апартмани на Хавана во 1/2 и 1/3 соби со заедничко купатило и тоалет.
Сите трансфери по програмата на патувањето.
Разгледување на градовите наведени во програмата на патувањето
Организација на целото патување
Услуги за водич.

 

Во цената не е вклучено:

Факултативните излети
Меѓународно здравствено осигурување
Индивидуалните трошоци на патниците
Мексичка виза /информации во агенција/

 

ФАКУЛТАТИВНИ ИЗЛЕТИ:

Посета нас Теотихуакан со вклучени влезници и водич.
Посета на Монте Албан и фабриката на мескал со вклучени влезници и водич.
Посета на Палинкве и Аква Азул со вклучени влезници и водич.
Посета на Chichen Itzа и Тулум со вклучени влезници и водич.
Посета на Винјалес и водич.
*Цените на сите излети изнесуваат околу 230 евра. Точните цени ќе бидат познати на 2 месеци пред тргнување. А плаќањето на излетите се врши пред реализација на самиот излет.

 

Услови за пријавување и плаќање:

Пријавувањето се врши во просториите на агенцијата Art of Travel со уплата на аванс во висина од 20% и копија од важечки пасош.
Можност за плаќање на рати до 60 дена пред поаѓање
По формирање на групата, патниците ќе бидат известени кога треба да ги достават средствата за купување на авионските карти (отприлика 2-3 месеци пред поаѓање)
Девизниот дел од аранжманот во износ од 250 евра се плаќа во готово на странскиот партнер на лице место.
Останатокот до полната сума се доплаќа најдоцна 60 дена пред поаѓање во денарска противвредност по курс 1 еур = 62 мкд.

ОПШТИ НАПОМЕНИ:

Во рамки на разгледување на градовите наведени во програмата за патувањето не се предвидени посети и обиколки на ентериерите на јавните градби, институции и споменици, освен ако тоа не е предвидено во програмата.
Организаторот го задржува правото на промена на редоследот на програмата во зависност од другите објективни околности како што се: временските прилики, ограничувања поврзани со работното време на објектите, гужвите предизвикани од разни општествени, политички, верски собири.
Организаторот не сноси одговорност во случај граничните власти да не дозволат влез или транзит на патникот на некоја од териториите наведени во програмата, поради направен прекршок или непочитување на визните, царинските или други прописи.
Се замолуваат патниците да се грижат за своите патни исправи, документи, пари, вредни предмети, багаж и слично. Организаторот не носи одговорност за нивно евентуално губење, кражба или исчезнување во текот на патувањето.
Организаторот го задржува правото во случај на промена на цената на превозот, промена на девизниот курс, недоволен број на пријавени патници и слично, да ја измени цената на патувањето за соодветен износ или да го откаже патувањето.
Доколку патувате сами ќе бидете споени со некој од другите патници без никаква доплата!
За сите дополнителни информации јавете се во нашата агенција, Арт оф Травел на тел. 02 3051 905 секој работен ден од 10 – 18 часот или на нашата е-маил адреса artoftravel.mk@gmail.com

ПРОГРАМА

ДЕН 1

Трансфер од Белград до Будимпешта. Лет за Мексико Сити со преседнување. Пристигнување во главниот град на Мексико во вечерните часови. Трансфер до сместувањето. Ноќевање.

ДЕН 2

Во утринските часови тргнуваме во обиколка на некогашната престолнина на Астеките. Запознавањето со градот го започнуваме со посета на еден од најголемите плоштади на светот – Plaza de la Constitucion или попознат како Zocalo, каде што денес се наоѓа Templo Mayor, Мeтрополитен катедрала, националната палата како и преубавите згради од колонијалниот период. Ќе слушнеме разни приказни за Астеките, за минатото но и за сегашноста на Мексико. Продолжуваме по главната пешачка улица до Palacio de las Bellas Artes или Палатата на убавите уметности, една од најубавите згради во градот. По разгледување на историскиот центар, со метро продолжуваме до Којокана – станбениот и боемскиот дел од градот каде ќе го обиколиме и музејот на познатата мексиканска сликарка Фрида Кало. По паузата за ручек, со метро се враќаме во централната зона каде што ќе прошетаме по една од најдолгите авении во Мексико Сити – Пасео Реформа. Ноќевање.

ДЕН 3

Факултативна обиколка на еден од најзначајните музеи во Мексико –  музејот на антропологијата, каде за прв пат ќе се запознаеме со народите кои ја пишувале историјата на Мексико. Потоа се упатуваме кон север и одиме до Теотихуакан – местото каде што ќовекот станал Бог и правиме обиколка на пирамидите на Сонцето и Месечината. Локалитет со посебна енергија, кој и денес ја крие тајната  на народите кои го изградиле. Враќање во Мексико Сити а во вечерните часови одиме до плоштадот Гарибалди каде ќе уживаме во звукот на маријачите и вкусот на мексичката текила. Ноќевање.

ДЕН 4

Во раните утрински часови го напуштаме сместувањето и со автобус се упатуваме кон Оахака. Патот не води на југ, додека позади го оставаме популарниот Popocatepetl, рамници и планини на Мексико. Во попладневните часови пристигнуваме во Оахака, главниот град на истоимената мексиканска држава. По краток одмор, одиме на обиколка на овој колонијален град со специфична архитектура. Ги разгледуваме градските базилики и катедрали, колонијалните улици и локалниот пазар каде што ќе имате прилика да пробате разни специјалитети од регионот. Слободно време. Ноќевање.

ДЕН 5

Во утринските часови ги напуштаме собите, со тоа што багажот го оставаме таму и тргнуваме на факултативен излет до Монте Албана, археолошкиот локалитет кој низ историјата го населувале Олмеци, Запотеци, Микстеци и кој се наоѓа во близина на Оахака. По обиколката на Монте Албана тргнуваме кон Рута де Мезкал односно патот на Mezcala алкохолниот пијалок од агава кој се произведува во овој регион. Ќе чуете за настанокот на овој пијалок и секако – да го дегустирате! Враќање во Оахака и слободно време до вечерта кога ќе тргнеме за San Cristobal de las Casas. Ноќно возење.

ДЕН 6

Пристигнување во San Cristobal de las Casas во утринските часови. По одморот за кафе и појадок, тргнуваме во прошетка во еден од најинтересните колонијални градови. Ќе може да чуете за револуционерните движења по кои е познат овој регион. Слободно време кое може да го искористите за купување сувенири од локалните пазари. Ноќевање.

ДЕН 7

Во утринските часови го напуштаме Сан Кристобал и со автобус се упатуваме кон Паленкве. По пат пред очите ќе ви се мунуваат прекрасните пејзажи додека климата ќе станува се потопла. Пристигнување во Паленкве, еден од најубавите градови на Маите. Слободно време за ручек, одмор, прошетка. Ноќевање.

ДЕН 8

Ги напуштаме собите,  багажот го оставаме во сместувањето и одиме на целодневен факултативен излет до еден од најубавите мајански градови скриен во џунглата на Паленкве. Уживаме во разгледување на палатите и пирамидите. По посета на археолошкиот локалитет, одиме до Мисол Ха водопадите, па до Агуа Азул каде може да се бањате во природните базени со прекрасна тиркизна боја. Враќање во градот и слободно време до тргнувањето за Playa del Carmen. Ноќно возење.

ДЕН 9

Пристигнување во Playa del Carmen во претпладневните часови. Трансфер до сместувањето и слободно време за одмор и уживање во волшепствата на Карибите. Ноќевање.

ДЕН 10

Ден за подобро запознавање со Карибите. Се бањаме во ценоти скриени во џунглата, ги дегустираме највкусните морски плодови и ги посетуваме убавите плажи на Карибите. Ноќевање.

ДЕН 11

Целодневен факултативен излет во најпознатите градови на Маите на Јукатан. Почнуваме од Тулум, еден од најубавите мајански локалитети кој се наоѓа на огромна карпа отворена кон Карибите. Насекаде ќе видиме палми, пирамиди, палати и игуани кои слободно шетаат наоколу и тиркизно море. По Тулум, одиме за Кобе каде што патеката низ џунглата не води до Големата пирамида од која се гледа целата околина. По ручекот и краткиот одмор, одиме до најзначајниот локалитет – Chichen Itzа каде што ќе чуеме разни приказни за Маите. Враќање во Playa del Carmen. Излегување во некој од локалните барови. Ноќевање.

ДЕН 12

Напуштање на сместувањето и на Мексико. Лет до Хавана, главниот град на Куба. Трансфер до сместувањето. Уживање во градот на револуцијата, салсата и мохитото. Ноќевање.

ДЕН 13

Ден за запознавање на Хавана и Куба. Шетаме низ улиците и плоштадите кои кријат интересна историја, слушаме приказни за револуцијата и Che Guevarа, дегустираме мохита и даикири во познатиот хотел Национал и се возиме со олдтајмерите по кој е Хавана позната. Навечер играме салса и регетон. Ноќевање.

ДЕН 14

Факултативен излет до Вињалеса – градче во западниот дел на Куба, каде што ќе се сретнеме со совршениот спој на природна убавина и традиционалната Куба. Обиколка на познатите плантажи на тутун и кафе, ќе учиме за настанокот на кубанските цигари, каде одат лошите листови од тутунот и за напитокот од кој се губи јакиот вкус на тутунот. Ноќевање.

ДЕН 15

Напуштање на сместувањето во утринските часови. Слободно време во Хавана. Лет за Будимпешта со преседнување.

ДЕН 16

Пристигнување во Будимпешта и трансфер до Белград.

ПОБАРАЈ ПОНУДА

МОЖЕБИ ЌЕ ВИ СЕ ДОПАДНЕ

Art of Travel

  • Лондонска 2/17А Скопје

  • +389 2 305 1905

  • +389 70 27 93 95

  • artoftravel.mk@gmail.com

  • info@artoftravel.mk

ГАЛЕРИЈА

КОНТАКТ





Страницата на Art of Travel е од информативен карактер! Се трудиме редовно да ја ажурираме, но постои можност за поинакви информации од моментално објавените. Ве молиме сите цени и описи на објекти да ги проверите директно во агенцијата телефонски, на mail или лично. Ви благодариме на разбирањето.



© Copyright 2018 Art of Travel