Лето во Кумбургаз - Истанбул / автобус

Летни патувања

Типот на програма

автобус
Поаѓање од Скопје

Цена од 169 еур

7 ноќевања
услуга ВВ

Турција

Кумбургаз

Истанбул – Хотел Marin Princess 5*

 

Истанбул! Местото што ги исполнува сите желби на светот и ви ги отвора портите кон непроценлива убавина, историја, шопинг и флерт на два континенти.

На само еден час возење од Истанбул, во општината Бујугчекмеџе се наоѓа Кумбургаз, едно од најпознатите летувалишта во Истанбул. Кумбургаз се наоѓа на европската страна на Истанбул, на брегот на Мраморното море, и се протега на површина од 1892 хектари со крајбрежје долго 8 километри.
Кумбургаз е место каде што можете да најдете буквално се што е потребно за добар одмор и релаксација. Наредените хотели, ресторани и кафетерии на самото крајбрежје ќе ви овозможат потполно уживање со прекрасниот поглед на морето.

 

Што е вклучено во цената

  • Седум ноќевања во хотел Маrin Princess 5* во населбата Кумбургаз со вклучен појадок
  • Автобуски превоз
  • Бесплатни лежалки
  • Користење на 2 базени со солена вода
  • Превоз од: Скопје, Велес, Кавадарци (Дреново), Прилеп, Битола и Струга
  • Користење на бежичен интернет во лобито
     

 

Што не е вклучено во цената

  • Патничко осигурување – задолжително без франшиза
  • Туристичка такса од 0.5€ на ден (се плаќа во автобус)
  • Доплата за сингл соба е 50% од редовната сума на аранжманот
  • Деца од 0 – 3 години бесплатно (спијат во кревет со родител)
  • Деца од 3 до 12 години плаќаат 50% од износот на аранжманот доколку се придружувани со двајца возрасни
  • Селекција на седиште во автобус! Според правилата на агенцијата, патниците се сместуваат според временската линија на уплати. Доколку имате барање за седиште, истото се доплаќа 15 евра за во двата правци.
  • Факултативни излети.

ПОГЛЕДНИ ДЕТАЛИ

•ВИП ПАКЕТ (Крстарење по Босфор, Женска кула, Ускудар, Emaar Squere Mall, Watergarden, и Таксим Плоштад)

65€ – Овие екскурзии се купуваат исклучиво како пакет по цена од 65 евра.

Напомени:

  • Хотелот е на барање.
  • Цените се изразени во евра, а курсот на еврото се пресметува 62 денари
  • За сингл користење на собата се доплаќа +50% од аранжманот
  • Деца од 0 – 3 години бесплатно (спијат во кревет со родител)
  • Деца од 3 до 12 години плаќаат 50% од износот на аранжманот доколку се придружувани со двајца возрасни
  • Хотелот одредува на лице место во зависност од моменталната состојба каков тип на соба ќе добиете. Резервации за одреден кат или страна не е можна.
  • Селекција на седиште во автобус! Според правилата на агенцијата, патниците се сместуваат според временската линија на уплати. Доколку имате барање за седиште, истото се доплаќа 15 евра за во два правци.
  • Патувањето ќе се одвива според протоколите за безбедноста на здравјето.
  • Патувањето ќе се реализира преку Република Бугарија (дозволен транзит) до Турција
  • За влез во Турција потребно е пасошот да е со важност минимум 6 месеци од денот на напуштање на Турција
  • Превоз од: Скопје, Велес, Кавадарци(дреново), Прилеп, Битола и Струга

ВАЖНИ НАПОМЕНИ

ЗА ВЛЕЗ ВО РЕПУБЛИКА ТУРЦИЈА ПОТРЕБНО Е ПАТНИТЕ ИСПРАВИ ДА СЕ СО ВАЖНОСТ ОД МИНИМУМ 6 МЕСЕЦИ ОД ДАТУМОТ НА ВЛЕЗОТ!

УСЛОВИ И НАЧИН НА ПЛАЌАЊЕ

Плаќањето е во денари по курс 1 еур = 62 денари

За валидна резервација без попуст потребна е уплата од мин. 30% од вкупната сума, а останатиот дел се доплаќа најдоцна 15 дена пред поаѓање

ОПШТИ НАПОМЕНИ НА ОРГАНИЗАТОРОТ НА ПАТУВАЊЕТО

Организаторот го задржува правото да ја смени цената на патувањето /поради оправдани причини како зголемување на цената на горивото, измени во девизниот курс, недоволен број на пријавените патници и сл./ или да го откаже патувањето најдоцна пет дена пред поаѓање

ПРОГРАМА

1.ден Скопје - Кумбургаз

Сотанок на групата на паркингот на Вип Хотел во 00:00 часот.  Ноќно возење со попатни паузи, царински формалност, презентација на програма и информации околу тоа што ќе ги очекува патниците во наредните  денови. Агенцијата ги контактира патниците на два дена пред поаѓање. Седиштата во автобус се нумерирани. Со самото потпишување на договорот на патниците им се доделуваат седишта според времето на уплата, доколку одредени патници имаат посебни барања за конкретно седиште истото го доплаќаат во агенција. Цените се истакнати најдоле на програмата. Сместувањето е во хотел MARIN PRINCES кој има своја приватна плажа.

Пристигнувањето на групата во Кумбургаз е предвидено во раните утрински часови во зависност од гужвата на граничните премини и задржување поради царинските формалности. По самото пристигнување во хотелот патниците ги оставаат куферите во лоби на хотел и добиваат информации за своите соби (како: број на соба, време на check in), а добиваат слободно време за одмор во лоби на хотел каде може да ги користат тоалетите, соблекувалната и бежичниот интернет.

СЛОБОДНО ВРЕМЕ ВО ОСТАТОКОТ ОД ДЕНОТ.

Групата има слободно време за уживање покрај море и истражување на околината на Кумбургаз .

Ноќевање.

2. - 7. ден Кумбургаз

Секој ден ззапочнува со појадок во хотел. Еден ден е предвиден за посета на Истанбул а тоа е третиот или четвртиот ден од програмата.
За точниот ден кога се оди во Истанбул, групата добива програма во автобусот кога се оди кон Кумбургаз.

8.ден Кумбургаз - Скопје

Собите се напуштаат до 10:00ч по локално време. Куферите се остават во лоби или во просторија одредена за оставање на багаж. Слободно време до 14:00ч. Поаѓање кон Македонија. Пристигнување во раните утрински часови наредниот ден.

4. или 5. ден Посета на Истанбул - факултативно

09:30–КРСТАРЕЊЕ ПО БОСФОР
Денот започнува со крстарење по Босфор и разглед на Истанбул со локален водич. 90 – минутно крстарење, незаборавно доживување, еден поинаков Истанбул, знаменитостите одблизу. На самото пристаниште, има мали дрвени масички и столчиња крај кои можете да седнете и уживате покрај морето и да испиете прекрасно турско кафе.

11:00- МОМИНСКА (ДЕВОЈАЧКА) КУЛА (Kiz Kulesi)

По крстарењето, групата се упатува кон Женската Кула истотака позната како Кулата на Леандрос, која потекнува од средновековниот византиски период. Женската кула е стационирана на мало островче кое се наоѓа на јужниот влез на Босфорскиот теснец од Ускудар. Внатрешноста на кулата е претворена во место за кафе и ресторан, со поглед на поранешната римска, византиска и османлиска престолнина. Ќе имате можност да го видите брегот на Истанбул од еден различен аспект и да ги слушнете митовите и легендите за изградбата и локацијата на кулата.

 

13:30- УСКУДАР

Ускудар е место на азиската страна на Истанбул и е една од најважните турски населби во Истанбул, која била сведок на голема развојна активност за време на османлискиот период. На Ускудар ќе ги сретнеме традиционалните отворени кафетерии каде ќе може да го вкусите кафето, чајот и познатата алва во боја, ќе имаме прилика да седнеме на турските ќилими и да го гледаме  Босфорот.

 

16:30- EMAAR SQUERE MALL

Emaar Square Mall е нова атракција во Истанбул, која се наоѓа во азискиот дел на градот и е место кое треба да се посети. Овој трговски ценар е наменет за луѓето вљубени во шопингот, забавата и гастрономијата. Ова место нуди извонредно искуство за посетителите. Emaar Square Mall е домаќин на луксузни брендови и продавници коишто не се достапни насекаде низ Турција. Овој трговски центар годишно во просек го посетуваат 25 милиони посетители. Во склоп на самиот трговски центар се наоѓа и аквариум кој е еден од најголемите во Турција. Вo аквариумот можат да се видат над 10.000 видови морски суштества, вклучувајќи ги и тропски загрозените.
Покрај Emaar Square, групата ќе го посети и Water garden. Ова дестинација е на нашата листа, бидејќи нуди посебно доживување, особено навечер, а тоа е и време и на нашата посета. Огромните светлечки фонтани, го прават овој трговски центар посебен. Турата завршува со посета на плоштадот Таксим, центарот на градот.  Тука поминува познатата Истикал улица на која се движи познатиот трамвај! На Истикал се наоѓаат познатите дискотеки и кафе барови. По завршувањето на овие посети, групата се враќа во хотел, ноќевање.

Барање за резервација

МОЖЕБИ ЌЕ ВИ СЕ ДОПАДНЕ

OLIVERA *** – Sarimsakli

EVROS – Sarti Beach, Sitonija

KOSTAS – Jerisos, Atos

SIVOTA Hotel **** – Sivota, Ionian Coast

Art of Travel

  • Лондонска 2/17А Скопје

  • +389 2 305 1905

  • +389 70 27 93 95

  • artoftravel.mk@gmail.com

  • info@artoftravel.mk

ГАЛЕРИЈА

КОНТАКТ





Страницата на Art of Travel е од информативен карактер! Се трудиме редовно да ја ажурираме, но постои можност за поинакви информации од моментално објавените. Ве молиме сите цени и описи на објекти да ги проверите директно во агенцијата телефонски, на mail или лично. Ви благодариме на разбирањето.



© Copyright document.write(new Date().getFullYear()); Art of Travel