ЕГИПЕТ – КРСТАРЕЊЕ ПО РЕКАТА НИЛ + екскурзија до КАИРО и АЛЕКСАНДРИJA

Есенски патувања

Типот на програма

авион
Поаѓање од Софија

Цена 569 еур

7 ноќевања
услуга 1 All + 3 FB + 3 НВ

Египет

Хургада>Асуан>Храмот на Ком Омбо>Едфу>Луксор>Каиро>Александриja

ТЕРМИНИ:24.09.2019, 08.10.2019, 22.10.2019, 05.11.2019 И 19.11.2019

ЕГИПЕТ – КРСТАРЕЊЕ ПО РЕКАТА НИЛ

+ екскурзија до КАИРО и АЛЕКСАНДРИJA

Софија – Хургада – Асуан – Храмот на Ком Омбо – Едфу – Луксор – Каиро – Александриja – Каиро – Софија

 

Авионска програма со поаѓање од Софија

8 дена / автобус, авион и брод

 

Хотел Cairo Pyramids Steigenberger 5* се наоѓа во реонот на Гиза и на 25 минути возење од центарот на градот. Меѓународниот аеродром во Каиро е на 51 км. Хотелот нуди: ресторан, кој нуди избор на локални специјалитети и меѓународни јадења, два базени, бар, фитнес сала, сауна, студио за масажи, Wi-Fi интернет, игралиште и панорамска тераса со поглед кон пирамидите. Соби: пространи соби со бања, телевизор, клима уред, сеф и бесплатен Wi-Fi пристап.

 

Хотел Caesar Palace Hotel and Aqua Park” 5 * се наоѓа на брегот на Црвеното Море, во срцето на одморалиштето Хургада. Изграден е во арапски стил со модерно опремени соби и импресивен аква парк. Хотелот е одличен избор за одмор на семејства со деца. Опкружен е со главните улици со многу продавници и ресторани. Хотелот нуди: ресторан, бар, аквапарк, фризерски салон, сопствена плажа со зона на водни спортови, како и изнајмување на автомобили, дневна и вечерна анимација, детски клуб – од 4 – 12 год., детски игралишта, одбојка на плажа, фитнес, аеробик, плажа, мини фудбалско игралиште, билијар, Wi-Fi во заедничките простории на хотелот. Услуги со доплата: СПА центар, центар за нуркање и Wi-Fi пристап во собите. Соби: климатизирани соби со бања, фен, телевизор, сеф, клима уред и минибар. Чистење на собата и промена на пешкири и одржување на тоалетите се врши секој ден.

ТЕРМИНИ НА ПОАЃАЊЕ

24.09.2019 – ограничени места €569.00
08.10.2019 – €569.00
22.10.2019 –  €569.00
05.11.2019 –  €569.00
19.11.2019 –  €569.00

 

ПРОГРАМА И ЦЕНОВНИК верзија за печатење

ПОГЛЕДНИ ДЕТАЛИ

ВО ЦЕНАТА Е ВКЛУЧЕНО:

Авио билет Софија – Хургада / Каиро – Софија со директен чартер лет на авиокомпанијата “BH Air” со вклучени аеродромски такси;
Рачен багаж до 7 кг. и чекиран багаж до 20 кг;
Трансферите опишани во програмата;
1 ноќевање на база all inclusive в хотел “Caesar Palace Hotel and Aqua park” 5* (или сличен) во Хургада;
3 ноќевања на база полн пансион на брод за крстарење – M/S “Pioneer 1” 5* Deluxe Nile Cruise
1 ноќевање во вагон за спиење за време на патувањето со воз, Луксор-Каиро, вклучувајќи доручек и вечера, без вклучени пијлоци ( храната се послужува во купето);
2 ноќевања со појадок и вечера (без пијалоци) во хотел “Cairo Pyramids Steigenberger” 5* (или сличен) во Каиро;
Посета на пирамидите, статуата на Сфингата и историскиот музеј во Каиро;
Опишаната туристичка програма – храмот на Изида и незавршениот обелиск во Асуан; храмовите во Ком Омбо и Едфу; храмовите во Луксор и Карнак; Долината на кралевите и храмот на Хатшепсут;
Влезници за посета на објекти по програмата без посочените во цената не вклучува;
Патничко осигурување со покритие до 30 000 EUR на осигурителна компанија “Сава осигурување”;
Водач – преведувач од Бугарија за време на целото патување.
Цените се дадени во евра, уплата се врши исклучиво во денарска противвредност по курс 1€ = 62мкд.

ВО ЦЕНАТА НЕ Е ВКЛУЧЕНО:

Виза за Египет: 25 USD – се плаќа задолжително на аеродромот во Хургада (при промена во цената, патниците ќе бидат известени навремено.);
Такса за гориво и штетни емисии – се објавува 21 дена пред летот (се доплаќа задолжително, во случај да биде прогласена таква);
Дополнителни услуги по програмата;
Влезници за гробот на Тутанкамон (околу 250 ЕГП); за египетската пирамида (околу 360 ЕГП), Музејот на мумии (околу 180 ЕГП), такса за фотографирање во Историскиот музеј (околу 50 ЕГП) во Каиро;
Влезници за други музеи, локалитети и настани кои се посетуваат по желба;
Пијалоци за време на ручеци и вечери;
Бакшиш локален водич: 25 USD по лице за целиот престој (се плаќа задолжително на лице место);
Екскурзија со автобус до Абу Симбел;
Разглед со балон над западниот брег на реката Нил (при соодветни метеоролошки услови);
Целодневна екскурзија до Александрија;
Локален и градски транспорт;
Трошоци од лична природа;
За лица над 65 години, автоматски се додава доплата за осигурителна премија

24.09.2019 г.

Двокреветна соба со разделени легла (не се гарантира) €569
Двокреветна соба со француски лежај/брачен кревет (не се гарантира) €569
Дополнително трето легло за 1-во дете од 6 до 11.99 г. €469
Дополнително трето легло за 1во дете од 2 до 5.99г. €419
Еднокреветна соба €739

08.10.2019 г.

Двокреветна соба со разделени легла (не се гарантира) €569
Двокреветна соба со француски лежај/брачен кревет (не се гарантира) €569
Дополнително трето легло за 1-во дете од 6 до 11.99 г. €469
Дополнително трето легло за 1во дете од 2 до 5.99г. €419
Еднокреветна соба €739

22.10.2019 г.

Двокреветна соба со разделени легла (не се гарантира) €569
Двокреветна соба со француски лежај/брачен кревет (не се гарантира) €569
Дополнително трето легло за 1-во дете од 6 до 11.99 г. €469
Дополнително трето легло за 1во дете од 2 до 5.99г. €419
Еднокреветна соба €739

05.11.2019 г.

Двокреветна соба со разделени легла (не се гарантира) €569
Двокреветна соба со француски лежај/брачен кревет (не се гарантира) €569
Дополнително трето легло за 1-во дете од 6 до 11.99 г. €469
Дополнително трето легло за 1во дете од 2 до 5.99г. €419
Еднокреветна соба €739

19.11.2019 г.

Двокреветна соба со разделени легла (не се гарантира) €569
Двокреветна соба со француски лежај/брачен кревет (не се гарантира) €569
Дополнително трето легло за 1-во дете од 6 до 11.99 г. €469
Дополнително трето легло за 1во дете од 2 до 5.99г. €419
Еднокреветна соба €739

ДОПОЛНИТЕЛНИ УСЛУГИ

Екскурзија со автобус до Абу Симбел со вклучени влезници – при минимум 20 лица од €69.00 до €99.00
Разглед со балон над западниот брег на реката Нил (при соодветни метеоролошки услови); при минимум 20 лица €115.00
Целодневна екскурзија до Александрија со вклучени влезници и ручек во локален ресторан (без пијалоци) – при минимум 20 лица од €75.00 до €100.00

За валидна резервација е потребна уплата од мин. 50% во денарска противвредност, по курс 1 еур – 62 ден, а останатиот дел се доплаќа мин. 40 дена пред патување. Цените се валидни за уплата во готово или на сметка на Арт оф Травел. Плаќањето со кредитни картички е возможно но со покривање на банкарската провизија од страна на плаќачот.

КОРИСНИ ИНФОРМАЦИИ

Екскурзиите се спроведуваат при минимум 80 лица!
Резервации: при резервација депозит – 50% од основната цена на патувањето; доплата – до 40 дена пред датумот на поаѓање.
Откажувања: од денот на резервацијата до 61 ден пред датумот на поаѓање – нема отказни трошоци; од 60 до 31 ден пред датумот на поѓање – 50% од основната цена на патувањето; од 30 ден до денот на поаѓање – 100% од вкупната цена на патувањето
При откажување на екскурзијата кое е помалку од 24 часа или no – show 100% пенали.
За време на патувањето со воз, Луксор-Каиро, детето под 4 години е сместено во купе со своите родители и не користи дополнителен кревет! Кога патувате со дете над 4 години, еден родител се сместува во еднокреветна соба за време на патувањето со возот.
По пристигнувањето на аеродромот во Каиро, патниците ги пречекува партнерската компанија на лице место. На денот на заминување – напуштање на собите до 12 ч; багажот останува во просториите за багаж.
Поради постојано менување на цените на горивото, авиокомпаниите можат да ја наплатат таканаречената такса за гориво. Во таков случај, организаторот го задржува правото да ја смени цената на патувањето со реалната вредност за гориво и тоа ќе се однесува за сите резервации за летови, за кои истата се наплаќа, без разлика кога се направени.
Авиокомпанијата го задржува правото да ги промени времето на полетување и слетување за кое компанијата ќе ги информира патниците навремено.
Организаторот го задржува правото да менува правци и часови или да премести екскурзија за друг ден, кога климатските услови го бараат тоа, за да се гарантира безбедноста и квалитетот на услугата.
За промени во рутата и програмата за време на екскурзиите поради виша сила или временски услови не се прави поврат на средствата за екскурзиите.
Патувањето генерално не е погодно за луѓе со намалена подвижност!
Не се прифаќаат кредитни картички за плаќање на екскурзии на лице место.
МЕДИЦИНСКИ И ЗДРАВСТВЕНИ УСЛОВИ
Не постојат медицински и здравствени услови поврзани со патувањето.
Визно пасошки режим
Македонски државјани кои сакаат да ја посетат Република Египет со цел туризам и престој до 30 дена, можат да влезат на територијата на земјата со претходно добиена виза од египетската амбасада во Софија или да ги добијат на граничниот премин на аеродромот во Хургада. Пасошот треба да е со важност најмалку 6 месеци по датумот на влегување во земјата и во него да има барем една цела слободна страница на која ќе биде нанесена визата. На грбот на оваа страница не треба да има друга виза, освен печати од гранична контрола. Носителите на дипломатски пасоши задолжително треба да имаат влезна виза од Амбасадата на Египет во Софија.

Патувањето се спроведува при минимум 80 пријавени патници.

ПРОГРАМА

Ден 1 Софија - Хургада

Поаѓање од Терминал 1 на аеродромот во Софија во 8:00 ч. за Хургада со директен чартер лет на авиокомпанијата “BH Air”. Слетување на аеродромот во Хургада во 10:50 ч. Средба со претставник од партнерска агенција. Трансфер до хотелот. Сместување. Ручек. Слободно време. Вечера. Ноќевање.

Ден 2 Хургада - Асуан - 500 km

Појадок (сув пакет). Рано наутро поаѓање за Асуан со автобус. Пристигнување во Асуан попладне. Разгледување на храмот на Изида. Првично, тој бил на островот Филае, кој е преплавен денес со водите на браната Насер. Храмот е спасен и префрлен на островот. Агилика, благодарение на масовната спасувачка операција на УНЕСКО. Трансфер до бродот за крстарење. Сместување. Вечера и ноќевање на бродот.

Ден 3 Асуан - Храмот на Ком Омбо - Едфу - 110 km

Појадок (сув пакет за време на дополнителната екскурзија). Слободно време во Асуан или по желба и претходна резервација, екскурзија до Абу Симбел, неверојатен комплекс од два храмови со исклучително убава фасада изградени од Рамзес II. При изградбата на браната Насер, храмовите се поместени за 65 м. повисоко од оригиналното место. Многу блиску до Големиот храм се наоѓа т.н. Мал храм или храм на Хатхор и Нефертари. Ова е првиот храм посветен на кралицата, во историјата на Египет. Враќање во Асуан и разгледување на незавршен обелиск – величенствен споменик со височина од 42 метри и тежина 1 200 т, кој никогаш не бил подигнат. Тoj бил напуштен во карпата која што била пресечена уште во античко време поради пукнатина. Ручек на бродот. Поаѓање за Ком Омбо. Вечерно разгледување на храмот во Ком Омбо. Тој бил изграден во хеленистичката епоха, т.е. за време на Птоломеј и претставува необичен двоен храм, посветен на Собек – бог на крокодилите и на Хор – бог на соколите. Поаѓање за Едфу. Вечера и ноќевање на бродот.

Ден 4 Едфу - Луксор

Појадок. Разгледување на Храмот Едфу, посветен на Бог Хор, син на Изида и Озирис. Тој бил изграден за време на грчко-римскиот период и е еден од најдобро сочуваните комплекси во Египет. Поаѓање за Луксор. Ручек на бродот. Попладневна посета на големиот храм во Луксор, кој се наоѓа на остатоците од античката Теба. Храмот го подигнал Рамзес II и импресионира со своите огромни папирус колумни. Посета на папирус музеј. Вечера и ноќевање на бродот.

Ден 5 Луксор - Каиро - 641 km

Рано наутро, по желба и претходна резервација – прошетка со балон над западниот брег на реката Нил (под соодветни временски услови). Појадок (или сув пакет за време на дополнителната екскурзија). Напуштање на кабините. Поаѓање за Деир-ел-Бахри – комплекс од кралски гробови од Новото кралство, лоцирани на западниот брег на Нил. Посета на Долината на кралевите, каде што се наоѓаат 62 гроба на фараони, од кои едниот е Тутанкамон, отворен во 1922 год.; прекрасниот храм на Хатшепсут – првата жена на фараонот, која владеела со Египет две мирни децении; Колонадите на Мемнон – две масивни камени статуи на кои е прикажан фараонот Аменхотеп III. Кога биле изградени во 1350 п.н.е. тие го чувале влезот на гробот на фараонот. Посета на локална фабрика за алабастер. Ручек. Попладневно заминување за Карнак – најголемиот религиозен комплекс во светот, што е посебен пример за достигнувањата на египетската архитектура за време на владеењето на 30 фараони. Религиозниот комплекс се состои од три главни храма и неколку помали. Во вечерните часови ноќно патување со воз во Каиро. Вечера и ноќевање во возот.

Ден 6 Каиро

Појадок во возот. Пристигнување во Каиро. Целодневна екскурзија во Каиро. Екскурзијата вклучува посета на едно од чудата на светот – египетските пирамиди кои пленат со својата величенственост и мистериозност. Од видиковецот на Гиза ќе уживате во погледите на Каиро. Исто така, нема да ја пропуштите средбата со импозантната статуа на Сфингата. Ручек. Посета на фабрика за парфеми. Подоцна, посета на историскиот музеј во Каиро, кој чува многу скапоцени експонати од ерата на древната египетска цивилизација. Ќе ја посетиме и салата со мумии на некои од најпознатите фараони. Музејот има повеќе од 12.000 артефакти од сите периоди на египетската историја. Сместување во хотелот. Вечера. Ноќевање.

Ден 7 Каиро - Александриja - Каиро - 500 km

Појадок. Слободно време во Каиро или незадолжителна и целодневен екскурзија до Александрија. Поаѓање за Александрија, вториот по големина град во Египет, основан во 334 год. п.н.е. од Александар Велики. Посета на паркот Монтаза и слободно време за фотографирање пред палатата. Ручек во локален ресторан. Разгледување на Римскиот театар и Цитаделата во градот, една од најважните на Медитеранот. Враќање во хотелот. Вечера. Ноќевање.

Ден 8 Каиро - Софија

Појадок. Трансфер до аеродромот во Каиро. Поаѓање за Бугарија во 10:30 ч. со директен чартер лет на авиокомпанијата “BH Air”. Слетување на аеродромот во Софија во 14:10 ч. (За датуми на поаѓање 05.03, 19.03 и 02.04, возен ред Каиро-Софија е 20:00 – 22:40 ч.).

ПРОВЕРЕТЕ РАСПОЛОЖИВОСТ НА МЕСТАТА

МОЖЕБИ ЌЕ ВИ СЕ ДОПАДНЕ

Art of Travel

  • Лондонска 2/17А Скопје

  • +389 2 305 1905

  • +389 70 27 93 95

  • artoftravel.mk@gmail.com

  • info@artoftravel.mk

ГАЛЕРИЈА

КОНТАКТ





Страницата на Art of Travel е од информативен карактер! Се трудиме редовно да ја ажурираме, но постои можност за поинакви информации од моментално објавените. Ве молиме сите цени и описи на објекти да ги проверите директно во агенцијата телефонски, на mail или лично. Ви благодариме на разбирањето.



© Copyright 2018 Art of Travel