Kalamitsi Studios - Kalamici, Sitonija

ЛЕТО 2020

Превоз

Сопствен

Оддалеченост од плажа

70 метри

Грција

Халкидики>Ситонија>Каламици

ЦЕНОВНИК БР. 1

10% ПОПУСТ ЗА УПЛАТА ДО 31.01.2020

ЦЕНОВНИК БР. 2

8% ПОПУСТ ЗА ЦЕЛОСНА УПЛАТА ПРИ РЕЗЕРВАЦИЈА ДО 19.02.2020, ЗА ПОАЃАЊА ДО 08.06.2020

ИЛИ ЗА ЦЕЛОСНА УПЛАТА ПРИ РЕЗЕРВАЦИЈА ДО 19.02.2020 ГРАТИС ОДМОР ОД 10. – 20. МАЈ!

ОПИС ЗА ЦЕНОВНИК БР. 1

Вилата е оддалечена околу 70 m од плажата. Поседува двокреветни и трокреветни студија и четворокреветни апартмани, сите на прв и втор кат. Секоја е опремена со кујнски дел, купатило, балкон, ТВ, бежичен интернет и клима уред со доплата од 5€ на ден, на лице место. Вилата поседува паркинг и простран двор со ѕидана скара.

 

ОПИС ЗА ЦЕНОВНИК БР. 2

Куќата се наоѓа на 70 m од плажата во најубавиот дел на Каламици. Студијата и апартманите се наоѓаат на прв и втор кат. Сите имаат ТВ, бежичен интернет и клима уред чие користење е вклучено во цената. На гостите е на располагање простран двор со ѕидана скара како и паркинг.

 ЦЕНОВНИК БР. 1

 

ЦЕНОВНИК БР. 2

 

ГАЛЕРИЈА

Услови за ценовник бр. 1

• PL (помошен кревет) означува сместување на кревет на расклопување, фотеља или софа на развлекување, а сместување на француски кревет (по грчки стандарди) се третира како сместување на еден единечен и еден помошен кревет. Лице кое користи таков кревет не плаќа за истиот, односно го користи бесплатно.

• Такса за престој во висина од 0,5 eur на ден по сместувачка единица се плаќа на лице место, при влез во објектот.

 

 

НАПОМЕНИ:

• Во собите се влегува од 16:00 часот, а се напуштаат до 09:00 часот

• Патниците влегуваат во исчистени и спремни соби. За време на престојот сами се грижат за хигиената собите. Сместувачките единици не се опремени со пешкири (освен каде што е наведено), тоалет папир и средства за хигиена. Во сите сместувачки единици промена на постелнината се врши еднаш во текот на престојот.

• Димензиите на креветите во Грција се со поинакви стандарди од нашите, нормален кревет е со широчина од 75 – 90 cm, а француски (за 2 лица) 110 – 140 cm.

• Во некои објекти третиот и четвртиот кревет може да се помошни, со димензии и изглед различен од стандардниот, може да е фотеља, софа на развлекување или класичен кревет.

• PL (помошен кревет) означува сместување на кревет на расклопување, фотеља или софа на развлекување, а сместување на француски кревет (по грчки стандарди) се третира како сместување на еден единечен и еден помошен кревет. Лице кое користи таков кревет не плаќа за истиот, односно го користи бесплатно.

• Описите на куќите се од информативен карактер. За евентуалните отстапувања и квалитетот на услугите во склоп на сместувачкиот објект организаторот не е одговорен

• Дополнителни содржини во објектите се достапни со доплата (нпр. сеф, сауна, паркинг, ТВ, клима…)

• Сликите од објектите, поради разновидната структура се одбрани по случаен избор и не значат дека секоја соба, купатило или кујна изгледаат исто.

• Агенцијата не може да го гарантира квалитетот на интернетот на грчките оператори

 

Сите објекти се стандардизирани од страна на Националната туристичка асоцијација на земјата во која се наоѓаат.

 

ВАЖНИ НАПОМЕНИ:

• Промена на датумите, како и промена на сместувањето, ќе се третира како откажување на резервацијата.

• Трошоците за промена на име на веќе потврдени резервации се наплаќа 10 еур по резервација.

• Организаторот не гарантира кат, поглед, број на сместувачката единица, доколку тоа не е наведено во ценовникот.

• На дополнителните услуги (доплата за клима, полупансион и сл.), наведени во ценовникот, не се пресметуваат попусти.

• Во објектите каде што е нагласена можноста за користење на бежичен интернет, организаторот не го гарантира квалитетот и брзината на интернет конекцијата.

Цената е гарантирана само за уплатениот износ. Неплатениот дел подлежи на евентуални промени.
Ваучерот се добива недела дена пред почетокот на патување.
Во случај кога цената е редовна (без попуст за рана уплата, специјална понуда или ласт минит понуда), за валидна резервација се смета уплата од минимум 50% од вкупната сума. Останатиот дел се доплаќа минимум 30 дена пред поаѓање.
• Клиентите се должни да ги прочитаат сите овие напомени, како и Општите услови на патување и со потпис на договорот ја даваат својата согласност.

 

Услови за ценовник бр. 2

 

За резервација без попуст потребна е уплата од 40% со резервација, а останатиот дел се доплаќа најдоцна 30 дена пред поаѓање.

Такса за престој, во висина од 0,5 евро по сместувачка единица се плаќа на лице место пред влегување во објектот.

 

*Гратис одмор подразбира дека ако сте ја платиле целата сума во готово со резервација нпр. за 4 лица за било која смена и во траење од 10 ноќи, ќе добиете гратис одмор од 10.05. за 4 лица и траење од 10 ноќи некаде на Ситонија, од капацитетите на организаторот. Точната куќа и место ќе ја знаете 7 дена пред поаѓање. Ваучерот може да го подарите некому, доколку Вие не сте во можност да патувате во тоа време.

 

Политика на откажување на резервацијата од страна на патникот:

До 45 дена пред поаѓање – административни трошоци во висина од 5%

44 – 30 дена пред поаѓање 10%

29 – 20 дена пред поаѓање 20%

19 – 15 дена пред поаѓање 40%

14 – 10 дена пред поаѓање 80%

9 – 6 дена пред поаѓање 90

5 – 0 дена пред поаѓање или во текот на престој 100%

Промена на датумот на патување, сместувачката единица или објектот ќе се смета како откажување од патување.

Барање за резервација

Можеби ќе Ви се допадне

Art of Travel

  • Лондонска 2/17А Скопје

  • +389 2 305 1905

  • +389 70 27 93 95

  • artoftravel.mk@gmail.com

  • info@artoftravel.mk

ГАЛЕРИЈА

КОНТАКТ





Страницата на Art of Travel е од информативен карактер! Се трудиме редовно да ја ажурираме, но постои можност за поинакви информации од моментално објавените. Ве молиме сите цени и описи на објекти да ги проверите директно во агенцијата телефонски, на mail или лично. Ви благодариме на разбирањето.



© Copyright 2018 Art of Travel