Jужна Италија / авио од Софија

Неапол - Помпеја - Капри – Соренто - Амалфи - Бари - Лече - Остуни – Матера - Алберобело

Типот на програма

Авио - поаѓање од Софија

Цена од 649 еур за рана резервација

8 дена / 7 ноќевања
услуга ВВ

Италија

Неапол - Помпеја - Капри – Соренто - Амалфи - Бари - Лече - Остуни – Матера - Алберобело

Цена од 649 ЕУР ЗА РАНА РЕЗЕРВАЦИЈА

ТЕРМИНИ: 01.05.2020, 29.05.2020, 03.07.2020, 04.09.2020, 18.09.2020 И 02.10.2020

Чудата на Јужна Италија

Неапол – Помпеја – Капри – Соренто – Амалфи – Бари – Лече – Остуни – Матера – Алберобело

 

ПОГЛЕДНИ ДЕТАЛИ

ВО ЦЕНАТА Е ВКЛУЧЕНО:

Авионски билети со вклучени аеродромски такси за аеродроми Софија – Неапол – Софија со авиокомпанијата Wizz Air
1 рачен багаж со димензии 40/30/20 cm до 10kg
Чекиран багаж до 20 кг
Групен трансфер аеродром – хотел – аеродром
Превоз со удобен туристички автобус
4 ноќевања со појадок во хотел 3* во Неапол
3 ноќевања со појадок во хотел 3* во реонот на Бари
Панорамски разглед во Неапол со локален туристички водич на бугарски/македонски/српски јазик
Пешачки разглед во Бари
Посета на археолошки комплекс Помпеја без вклучена влезница
Посета на палатата Казерта, без вклучена влезница
Целодневна екскурзија до Соренто и Амалфи
Целодневна екскурзија до Лече и Остуни
Целодневна екскурзија до Алберобело и Матера
Патничко осигурување со покритие до 30 000 EUR на осигурителна компанија “Сава осигурување”.
Водич на македонски/српски/бугарски јазик
Цените се дадени во евра, уплата се врши исклучиво во денарска противвредност по курс 1€ = 62мкд.

ВО ЦЕНАТА НЕ Е ВКЛУЧЕНО:

Такса за престој во Италија, која се плаќа на влезот во секој хотел – 2- 4 евра по лице на ден (во хотел 2* и 3*) и 4-6 евра по лице на ден (во хотел 4*)
Влезница за археолошки комплекс во Помпеја (15 EUR)
Влезница за палатата Казерта (12 евра)
Доплата за слушалки во палатата Казерта (3 евра)
Дополата за слушалки при посета на археолошкиот комплекс во Помпеја (3 EUR)
Целодневна екскурзија до Капри
Влезници и билети за други музеи, локалитети и настани, кои се посетуваат по желба и градски транспорт,
Бакшиш за возач (1 EUR по лице дневно – се плаќа задолжително на лице место)
Трошоци од лична природа
За лица над 65 год., автоматски се додава доплата за осигурителна премија

За валидна резервација е потребна уплата од мин. 50% од вкупната сума, во денарска противвредност по курс 1 еур = 62 ден. Останатиот дел се доплаќа мин. 15 дена пред поаѓање.

Цените се валидни за плаќање во готово или на сметка на Арт оф Травел.

КОРИСНИ ИНФОРМАЦИИ

Патувањето како целина не е погодно за лица со ограничена подвижност!

Медицински и здравствени услови – Нема медицински и здравствени услови поврзани со патувањето.

Визно пасошки режим – македонските граѓани кои патуваат во земјата, потребно е да поседуваат валиден пасош минимум 6 месеци од денот на влегувањето во земјата.

За реализација на патувањето е потребен минимум од 40 пријавени лица.

ПРОГРАМА

Ден 1 Софија - Неапол

Поаѓање од Терминал 1 на аеродромот во Софија во 14:25 ч. со лет на авиокомпанијата Wizz Air за Неапол. Слетување на аеродромот во Неапол во 15:05 ч. Панорамски разглед на Неапол со локален водич: кралската палата, плоштад Плебецито виа Толедо и операта Сан Карло. Слободно време. Трансфер до хотелот. Сместување. Ноќевање.

Ден 2 Неапол - Помпеjа - Неапол

Појадок. Поаѓање за Помпеја: разглед на археолошкиот комплекс во Помпеја со локален водич (влезница се плаќа на лице место) – воскреснатиот град во подножјето на Везув, уништен од ерупцијата на вулканот во 79 год. Римскиот форум – центар на јавниот и политичкиот живот, домовите на помпејските благородници, “куќите на љубовта”. Поаѓање кон кралската палата Казерта – посета на еден од најимпресивните комплекси во Европа, поголем од Версај и со прекрасен парк, дел од светското културно наследство на УНЕСКО (влезница се плаќа на лице место). Враќање во Неапол. Ноќевање.

Ден 3 Неапол - Капри - Неапол

Појадок. Слободно време во Неапол или по желба: целодневна екскурзија на островот Капри. Поаѓање од хотелот кон пристаништето во Неапол, каде со брод се плови до островот Капри – бисер на неаполскиот залив, комбинација од уникатна убава глетка и луксузот на еден од најскапите летувалишта во Европа. Искачување со запчеста железница до срцето на островот – плоштад Умберто; црквата Св. Стефан, изградена помеѓу 1688 и 1695 год. Слободно време. Ноќевање.

Ден 4 Неапол - Соренто - Амалфи - Неапол

Појадок. Целодневна екскурзија по крајбрежјето на Амалфи со локален водич. Поаѓање за Соренто. Пешачки разглед: централниот плоштад Пиаца Тасо; катедралата, која датира од 14. век; манастирот Сан Франциско; римските урнатини, како и двете марини: марина Гранде и марина Пикола; централната шопинг-улица во Сан Цезаро. Слободно време. Поаѓање. По пат, фото-пауза на панорамски видиковец, со прекрасен поглед на живописниот град Позитано. Екскурзијата продолжува кон Амалфи, една од четирите поморски републики на средновековна Италија. Слободно време. Враќање во хотелот. Ноќевање.

Ден 5 Неапол - Бари

Појадок. Поаѓање од Неапол до Бари. Пристигнување во Бари попладне. Следува разглед: стариот град; катедралата Св. Савин, изградена во романски стил на крајот на 12. век; базиликата Св. Никола, каде што се чуваат моштите на Свети Никола. Хотелско сместување во во вечерните часови. Ноќевање.

Ден 6 Бари - Остуни - Лече - Бари

Појадок. Целодневна екскурзија во Лече. По пат – посета на Остуни, познат како “Белиот град” и познат по типичната јужна атмосфера на Апулија. Разглед: катедралата и средновековниот град. Поаѓање за Лече, наречен “Фиренца на Апулија” и познат по својата барокна архитектура. Разглед: катедралата; епископската палата; палатата Сеџо; градската тврдина; црквата на Свети Крст. Ноќевање.

Ден 7 Бари - Матера - Алберобело - Бари

Појадок. Целодневна екскурзија до Алберобело и Матера. Посета на Алберобело – волшебна престолнина на Трули, каде буквално ќе се внесете во светот на детските бајки и Матера – населба, позната како мртвиот град, кој е познат во целиот свет како природен декор на многу филмови. Ноќевање.

Ден 8 Бари - Неапол - Софија

Појадок. Напуштање на хотелот. Поаѓање кон аеродромот во Неапол. Лет до Бугарија на аиокомпанијата Wizz Air во 15:40 ч. Слетување на аеродромот во Софија во 18:15 ч.

ПРОВЕРИ РАСПОЛОЖИВОСТ

МОЖЕБИ ЌЕ ВИ СЕ ДОПАДНЕ

Art of Travel

  • Лондонска 2/17А Скопје

  • +389 2 305 1905

  • +389 70 27 93 95

  • artoftravel.mk@gmail.com

  • info@artoftravel.mk

ГАЛЕРИЈА

КОНТАКТ





Страницата на Art of Travel е од информативен карактер! Се трудиме редовно да ја ажурираме, но постои можност за поинакви информации од моментално објавените. Ве молиме сите цени и описи на објекти да ги проверите директно во агенцијата телефонски, на mail или лично. Ви благодариме на разбирањето.



© Copyright 2018 Art of Travel