ЈУЖНА АМЕРИКА - ПЕРУ, БОЛИВИЈА, ЧИЛЕ, АРГЕНТИНА И БРАЗИЛ / 23 ДЕНА /15.04 - 07.05.2019

Пет држави сместени на четвртиот континент по големина, три главни града, две светски чуда, едно патување

Типот на програма

авионска програма
23 дена

23 дена

термин 15. април / поаѓање од Белград

Јужна Америка

Перу – Боливија - Чиле - Аргентина - Бразил

Цена со попуст: 2590 еур по лице

ЛимаКуско Мачу ПикчуПуно Ла ПазСалар де УјуниКалама Сантијаго де Чиле Буенос Аирес – Игуацу водопади Рио де Жанеиро

 

Пет држави сместени на четвртиот континент по големина, три главни града, две светски чуда, едно патување.

 

Звуците на брановите на Пацификот во Лима, улици со калдрма кои кријат минато и испишуваат сегашност во Куско, тесните патеки низ густата шума до величенствениот Мачу Пикчу, возење со чамците по највисокото пловно езеро на светот, Титикака, спуштање со велосипеди низ највозбудливиот и најопасниот пат во Ла Паз, но и возење со џипови по најголемото огледало и најголемата солена површина на светот.

Недопрената природа и врвовите на Андите прекриени со снег ќе ја заменат забрзаната метропола на Јужна Америка. Шармантните улици на Сантијаго де Чиле, спој на историскиот центар но и модерната архитектура и уметност. Заводливите звуци на танго ќе не поведат кон Буенос Аирес, страствена престолнина на Аргентина и еден од најубавите градови во светот. Уште еднаш силата на природата ќе предизвика стравопочит кај нас, пред величенствените Игуацу водопади.

За крај е оставен магичниот Рио де Жанеиро. Звуците на самба и боса нова, капење во Атлантикот и сончање на Копакабана. Перу, Боливија, Чиле, Аргентина и Бразил или подобро кажано Јужна Америка.

 

 

Лима, некогашен Град на Кралевите  а денес престолнина на Перу, основана 1535 година од страна на шпанските конквистадори на чело со Франциско Пизаро. Сместена помеѓу Пацификот и Андите, денес е сведок на некогашниот раскош и сјајот на престолнината на Вицекралството Перу.

Plaza del Armas или Плоштадот на оружјето е историско јадро на градот околу кој се наоѓаат некои од најубавите градби настанати уште во времето на шпанското владеење. Еден од најубавите делови на градот е Баранко, шармантен боемски дел на брегот на Пацификот каде и денес можат да се слушнат стихови на популарната шансоњерка Чабука Гранда. Замислете желба, запрете го здивот и преминете го мостот на воздишките, сместен во овој дел од градот. Модерен и трговски дел со особен шарм, Мирафлорес, со свите долги авении излегува на Паркот на љубовта од каде се протега еден од најубавите погледи на Пацификот.

Куско, престолнина на прочуените Инки, сместен на 3400 м надморска височина, денес е престолнина на историјата, културата и традицијата на еден народ. Калдрмисаните улици на овој град ја кријат легендата за народ кој живеел, но и денес живее на овие простори почитувајќи ги законите на природата и традицијата на претците. Пронајдете го прочуениот камен со дванаесет агли уште од времето на Инките, вкусете ги специјалитетите на овој предел, вратете ја силата со шоља чај од листовите на кока и купете ги шарените џемпери од волна на алпака.

Кога, на почетокот на XX век, Хајрам Бингам тргнал во истражување на нестварните предели на Перу, не ни препоставувал дека ја пишува историјата и го открива изгубениот град, денес познат како Мачу Пикчу. Град, со векови скриен во густата џунгла, денес достапен на љубопитните посетители, но и понатаму обвиен со превезот на тајната за настанување но и снемување. Но, едно е сигурно, ќе го видите чудото на една цивилизација која ја снемало.

Преку највисокото пловно езеро на светот, Титикака, патот не води преку Алтиплан до Ла Паз, еден од најинтересните градови на Боливија. Откријте дали Ла Паз е навистина главен град на Боливија, колку е познатиот претседател Ево Моралес популарен, ште се може да се најде на пазарот на вештерките но и што значи кога чолити ќе го накриват шеширот.

Преку најголемото солено поле и најголемото огледало на светот, преку врвовите на Андите, лагуните и пустината Атакама се стигнува во Сантијаго де Чиле, уште една престолнина во Јужна Америка. Велеград и музеј на отворено се најчестите зборови со кои се опишува Сантијаго. Улиците на стариот дел на градот ја задржале колонијалната архитектура, додека новиот дел може да се пофали со највисоката зграда во Јужна Америка. Особено интересен дел е Белависта, под брдото Сан Кристобал. Некогашна индустриска зона, денес е претворена во урбан дел преполн со кафетерии  и ресторани.

Кога европската архитектура ќе се измеша со страствените ноти на танго и латино темперамент, се добива еден од најубавите градови на светот. Ciudad de la Santisima Trinidad y Puerto de Nuestra Señora la Virgen Maria de los Buenos Aires е основан 1536 година од Педро де Мендоза на сливот на реката Ла Плата во Атлантикот. Историскиот центар на градот е Plaza Mayo, преубав плоштад со име добиено по револуцијата одржана во мај 1810 година. Casa Rosada, претседателска палата со интересна историја, катедралата Метрополитен како и Пирамидата Мајо го красат овој плоштад, кој од своето постоење па се до денес е сведок на сите општествени случувања и промени. За многумина, душата на градот е живописниот дел на градот Ла Бока. Некогашна италијанска колонија, станала уметнички и боемски кварт преполн ресторани од кои се слушаат звуците на танго. И да не сте обожавател на фудбалот, посетата на стадионот Бомбонера е посебно доживување. Градот на танго, страста која се танцува, градот на Борхес, Евита Перон и Марадона, град во кој ќе се вљубите на прв поглед. Доколку не на прв поглед, тогаш сигурно на прв залак, бидејќи тешко дека ќе им одолеете на надалеку познати аргентински бифтеци и виното. Магичните водопади на границата помеѓу Аргентина и Бразил, според легендата настанале поради невозвратена љубов. Легендата на народот Гуарани раскажува дека индијанскиот бог опчинет со убавината на доморотката Наипу посакал да ја ожени, но нејзиното срце припаѓало на друг, па вљубениот пар решил со кану да избега по реката Игуацу. Кога го дознал ова, богот бесен, ја раскинал реката и така створил водопад, со што ги казнил на вечно паѓање. Игуацу значи Голема вода, и кога ќе застанете пред оваа природна убавина, веројатно прво што ќе помислите е дека е голема вода која во вас ќе разбуди стравопочит кон природата.

Кога португалските морепловци во јануари 1502 година прв пат впловиле во заливот Гуанабара, мислејќи дека реката се влива во океан, му го дале името на градот Рио де Жанеиро, што во превод значи Јануарска река. Иако реката не постои, името останало до денес. Ciudad Maravillosa или Величенствениот град, како го викаат Бразилците е името кое најмногу му одговара. Градот кој живее за карневал, танци, фудбал, сончање на Копакабана, кој сигурно ќе ве освои со својата посебна енергија.

ПОГЛЕДНИ ДЕТАЛИ

Цена: 2880 еур по лице

Цена со попуст: 2590 еур по лице

Плаќањето е во денарска противвредност по курс 1 еур = 62 ден

ЦЕНАТА ВКЛУЧУВА:

  • авио билет Белград – Лима со аеродромски такси
  • авио билет Рио де Жанеиро – Белград со аеродромски такси
  • Багаж до 20 kg за сите летови
  • авио билет Лима – Куско со аеродромски такси
  • авио билет Калама – Сантијаго де Чиле со аеродромски такси
  • авио билет Сантјаго де Чиле – Буенос Аирес со аеродромски такси
  • авио билет Буенос Аирес – Пуеро Игуацу со аеродромски такси
  • авио билет Фоз до Игуацу – Рио де Жанеиро со аеродромски такси
  • 2 ноќи во хотел** во Лима во 1/2, 1/3  и 1/4 соби со сопствено купатило и појадок
  • 2 ноќи во хостел во Куско во 1/2, 1/3, 1/4 соби со сопствено купатило и појадок
  • 1 ноќ во хостел во Пуно во 1/2, 1/3,1/4 соби со сопствено купатило и појадок
  • 2 ноќи во хотел** во Ла Паз во 1/2, 1/3, 1/4 соби со сопствено купатило и појадок
  • 1 ноќ во хотел во Калами во 1/2, 1/3 и 1/4 соби со сопствено купатило и појадок
  • 2 ноќи во хостел во Сантијаго де Чиле во 1/2, 1/3, 1/4 и 1/5 соби со сопствено купатило и појадок
  • 2 ноќи во хотели*** во Буенос Аирес во 1/2, 1/3, 1/4 соби со сопствено купатило
  • 1 ноќ во хотел*** во Фоз до Игуацу во 1/2, 1/3 и 1/4 соби со сопствено купатило и појадок
  • 3 ноќи во хотел*** во Рио де Жанеиро во 1/2, 1/3 соби со сопствено купатило и појадок
  • дводневна тура Salar de Ujuni која вклучува: возење со џипови, 1 ноќ во едноставно и автентично сместување во повеќекреветни соби, 4 оброка, услуга на водич и трансфери
  • сите трансфери по програмата
  • разгледи на градовите по програмата
  • организација на целото патување
  • Водич за цело време на патувањеНапомена во врска со сместувањето: Сите сместувачки објекти се чисти, уредни и прилагодени на сите генерации. Сите сместувачки објекти се во поширокиот центар на градот, во близина на автобуска станица или метро. Точните имиња на сместувачките објекти ќе бидат познати најдоцна 7 дена пред патување.

 

ЦЕНАТА НЕ ВКЛУЧУВА:

  • факултативни излети
  • патничко здравствено осигурување /задолжително/ – информации во агенција
  • индивидуални трошоци
  • виза за Боливија

ФАКУЛТАТИВНИ ИЗЛЕТИ:

  1. Тридневен факултативен излет Мачу Пикчу со вклучен повратен трансфер на релација Куско – Ollantaitambo, повратен возен билет Ollantaitambo – Aguas Calientes, 2 ноќи во хотел ** во 1/2, 1/3 и 1/4 соби со сопствено купатило и појадок, влезница за Мачу Пикчу, водич – 250 еур

*** Напомена: пријавувањето и плаќањето на овој излет е пред поаѓање на патување. На самата дестинација не е возможно.

  1. Valle Sagrado, локалитетите на Инките во долината на реката Урубамба со вклучени влезници за сите локалитети, водич и ручек – 80 еур
  2. Death Road возење на велосипеди во Ла Паз – 75 еур
  3. Valparaiso и Vina del Mar – 40 еур

* Плаќањето и пријавувањето за останатите излети е на самата дестинација.

 

УСЛОВИ ЗА ПРИЈАВУВАЊЕ И ПЛАЌАЊЕ:

  • Со потпишување на договор се плаќа минимум 30% од вкупната сума.
  • Oстанатиот дел до полниот износ се доплаќа најдоцна 90 дена пред патување по оформувањето на групата
  • Со авансот задолжителна достава на копија од пасошот
  • Од вкупната цена на аранжманот 250 еур се плаќаат на лице место на партнерската агенција на дестинација

ОПШТИ НАПОМЕНИ:

    • За ова патување е потребна вакцина против жолта грозница. За добивање на визата на Република Боливија како и за влез и излез од земјата потребна е потврда за примена вакцина.
    • За време на разгледите на градовите, не е предвидена посета на ентериерот на зградите, освен ако не е наведено поинаку во програмата.
    • Организаторот го задржува правото на промена на редоследот на програмата во зависност од објективните причини како временски прилики, отворање или затварање на објектите, гужви предизвикани од општествени, политички, верски и останати собири.
    • Организаторот нема одговорност во случај да пограничните власти оневозможат влез на патниците на територија на држава или транзит држава поради направен прекршок или непочитување на визни, царински или др. прописи.
    • Организатор нема одговорност за евентуалната загуба, кражба или снемување на личните документи /работи и вредности на патниците.
    • Пасошот треба да е со важност од минимум 6 месеци од почетокот на патување, како и да има минимум 4 слободни страни.
    • Организаторот го задржува правото на измена на цената на патување во случај на повисока цена на превозот, измена на девизниот курс, недоволен број на пријавени патници и сл., како и да го откаже патувањето

Доколку патувате сами, ќе бидете споени со некој од другите патници во сместувањето без никаква доплата!

Сите сместувачки капацитети се во потесниот центар на градот, во близина на автобуска постојка или метро. Сите се чисти, уредни и прилагодени на сите генерации.

Ноќните возења Куско – Пуно и Ла Паз – Ујуни се одвиваат со високоподни автобуси, удобни и предвидени за долги релации.

Виза за Боливија се добива на граничниот премин помеѓу Перу и Боливија. Дополнително ќе се известат патниците за потребна документација.

Бројот на местата е ограничен!

ПРОГРАМА

ДЕН 1

Состанок на групата на аеродромот во Белград. Лет за Лима со преседнување. Пристигнување во Лима, престолнина на Перу во доцните вечерни саати и трансфер со автобус до сместувањето во Мирафлорес, преубав дел на Лима кој излегува на Пацификот. Ноќевање.

ДЕН 2

По појадокот разглед на главниот град на Перу. Градот на Кралевите, основан од Франциско Пизаро 1535 година и денес ги крие сјајот и раскошноста на некогашната престолнина на Вицекралството Перу. Историјата пишувана околу Plaza Del Armas, познатиот Плоштад на оружјето, каде се сместени некои од најубавите и најзначајните градби на овој град. Обиколка на главната катедрала, манастирот Сан Франциско, преубавата Претседателска палата. Одиме до Баранко, боемскиот кварт на самиот брег на Тихиот океан. Обиколката ја завршуваме во Паркот на љубовта со едно од најубавите зајдисонца на Тихиот океан. Ноќевање.

ДЕН 3

Појадок. Во утинските часови напуштање на сместувањето, трансфер до аеродромот со автобус и лет за Куско, престолнина на царството на Инките. Трансфер до сместувањето кое се наоѓа во центарот на градот. Градот на  3400 m надморска височина каде се изгледа како времето да застанало пред неколку векови. Спој на традиционалните култури на Инките и шпанската колонијална култура, град каде според легендата храмовите се градени од чисто злато, а прочуениот Инка стил на градење му одолеал на забот на времето па и денес имаме можност да шетаме по улиците по кои некогаш шетале владетелите на Инките. Обиколка на Plaza del Armas, најубавиот плоштад на овој град, Катедралата, градскиот пазар San Pedro како и посета на видиковецот од каде се протега поглед на целиот град. Слободно време. Ноќевање.

ДЕН 4

По појадокот поаѓање на целодневен факултативен излет до Светата долина. Долината на светата река Урубамба, им давала а и ден-денес дава живот на нејзините жители. Ќе слушнеме за царството кое владеело со Јужна Америка во текот на XIV и XV век, начинот на живот и култура на народот кој и денес живее на овие простори. Враќање во Куско во вечерните часови. Ноќевање.

ДЕН 5

Појадок. Тридневен факултативен излет до Мачу Пикчу. Се пакуваме за три дена/две ноќи и се упатуваме кон Ollantaitambu, гратчето каде што се качуваме на возот за Aguas Calientes. Познатата пруга која го прати токот на реката Урубамбу, врвовите на Андите и природата која остава без здив. Пристигнување во Aguas Calientes, место на поаѓање до Мачу Пикчу, најпознатото наоѓалиште од времето на Инките. Ноќевање.

ДЕН 6

Појадок. Денот планиран за обиколка на Мачу Пикчу. Едно од седумте светски чуда, градот кој со векови бил сокриен од луѓето. Без разлика дали ќе се одлучите до Мачу Пикчу да дојдете пеш или со автобус, доживувањето е незаборавно. Обиколка со водич и слободно време на самиот локалитет. Враќање во  Aguas Calientes. Ноќевање.

ДЕН 7

Појадок. Утрински воз за Ollantaitambo и трансфер до Куско. Слободно време за купување на сувенири, уживање во традиционалните специјалитети на перуанската кујна. Вечерно поаѓање за Пуно, гратче на брегот на езерото Титикака. Ноќно возење.

ДЕН 8

Пристигнување во Пуно наутро и сместување. По краткиот одмор и пауза за појадок поаѓење до прочуените пловечки острови Урос и гратчето Лахон. Возење со бротче по езерото Титикака, највисоко пловно езеро на светот и уживање во прекрасната глетка. Ноќевање.

ДЕН 9

Појадок. Поаѓање за Ла Паз во раните утрински саати. По преминување на границата помеѓу Перу и Боливија, патот продолжува кон Ла Паз. Пристигнување во попладневни часови. Запознавање со необичниот град на Боливија, неверојатната култура и надморската височина. Ноќевање.

ДЕН 10

Појадок. Факултативен излет на Death Road. Некогаш единствениот пат кој ги спојувал Ла Паз и Јунгас, подрачјето на амазонската прашума, денес е туристичка атракција за сите желни за адреналин. Патека долга околу 50 km и спуштање со велосипеди од 4600 m надморска височина на 1600 m и глетки кои ќе паметите цел живот. Враќање во Ла Паз во вечерните часови. Ноќевање.

ДЕН 11

Појадок. Ги пакуваме куферите и ги оставаме во сместувањето. Тргнуваме во вториот дел на обиколка на Ла Паз, прошетка по централните плошади, возење со жичница. Слободно време за купување на необични сувенири на пазарот на вештерките. Навечер поаѓање кон  Ујуни. Ноќно возење.

ДЕН 12

Пристигнување во Ујуни во раните утрински часови. Слободно време за појадок и купување на потребни работи за дводневна авантура на преминување на Андите со џипови. Првиот ден е резервиран за Салар де Ујуни, најголемото поле на солта на светот, место каде рефлексијата прави како да се спојуваат небото и земјата. Доколку тоа го дозволат временските прилики спиењето ќе биде во хотелите од сол во автентичното опкружување. Ноќевање.

ДЕН 13

Појадок. Будење во раните утрински часови и продолжување на авнтурата. Пејзажите се менуваат пред очите, врвовите на Андите, лагуните, фламингосите и недопрената природа на Боливија. По преминување на граничниот премин помеѓу Боливија и Чиле се упатуваме кон Калами, гратче сместено блиску до познатата пустина Атакама. Сместување во хотел и слободно време за одмор и уживање во топлото време. Ноќевање.

ДЕН 14

Појадок. Утрински трансфер до аеродромот и лет за Сантијаго де Чиле, престолнина на Чиле. Трансфер до сместувањето во центарот на градот. По краткиот одмор и пауза за ручек, следи обиколка на главниот град. Палатата Монеда, Плоштадот на оружјето, брдото Санта Луциа. Прошетка по историскиот дел на градот и интересниот дел Белависта преполн со кафетерии и барови кои во вечерните часови се претвораат во клубови. Ноќевање.

ДЕН 15

Појадок. Факултативен излет во Valparaiso и Vina del Mar. Патувањето е низ убавите предели низ чилеанските села, познатата Casablanca долина каде ќе имаме прилика за дегустација на чилеанските вина. Патот продолжува кон шареното гратче Valparaiso, чиј најубав дел е под заштита на УНЕСКО. Денот завршува со уживање на плажа. Враќање во Сантијаго. Ноќевање.

ДЕН 16

Појадок. Утрински трансфер до аеродромот и лет за Буенос Аирес, главен град на Република Аргентина. Трансфер до сместувањето и слободно време за краток одмор. По ручекот, следи обиколка на градот. Plaza Mayo, Casa Rosada, прошетка по главната пешачка улица Florida до Обелискот и понатаму до зградата на Конгресот. Вечера во традиционален ресторан со национална аргентинска кујна и вино. Ноќевање.

ДЕН 17

Продолжува обиколката на градот и одење до Ла Бока, најпознатиот и најшарениот дел на Буенос Аирес. Шарени куќички, звуците на танго но и познатата Бомбонера, стадионот на Бока Јуниорс. Враќање во центар и слободно време за уживање во аргентинската престолнина. Ноќевање.

ДЕН 18

Утрински трансфер до аеродромот и лет до Puerto de Iguazu, гратче на аргентинската страна  на Игуазу водопадите. Обиколка на националниот парк. Трансфер до Фоз до Игуацу, гратче на бразилската страна на Игуацу водопадите. Ноќевање.

ДЕН 19

По појадокот, обиколка на бразилската страна на водопадите и уживање во преубавата панорама. Слободно време до летот за Рио де Жанеиро. Пристигнување во Рио во вечерните часови и трансфер до сместувањето. Ноќевање.

ДЕН 20

Појадок. Денот е резервиран за запознавање со градот. Пешачка тура по најубавите делови на градот Ботафаго и Фламенго, каде е сместен најголем број знаменитости на градот. Попладне со жичницата одиме до Шеќерната глава, познатото брдо над градот од каде се протега преубав поглед на Рио и целиот залив Гуанабара. Враќање во сместувањето и слободно време. Ноќевање.

ДЕН 21

По појадокот со вовчето одиме до брдото Корковадо и најпознатиот симбол на градот, статуата на Христос Спасителот од каде се протега најубавата панорама на градот. Понатаму патот не носи до шарените скали Селарон, дело на чилеанскиот уметник Хорхе Селарон и катедралата на Свети Себастијан. Вечера во некој од традиционалните бразилски ресторани. Ноќевање.

ДЕН 22

Појадок. Слободно време до вечерно поаѓање. Трансфер до аеродромот и лет за Белград со преседнување.

ДЕН 23

Пристигнување во Белград во вечерните часови.

ПОБАРАЈ ПОНУДА

МОЖЕБИ ЌЕ ВИ СЕ ДОПАДНЕ

Art of Travel

  • Лондонска 2/17А Скопје

  • +389 2 305 1905

  • +389 70 27 93 95

  • artoftravel.mk@gmail.com

  • info@artoftravel.mk

ГАЛЕРИЈА

КОНТАКТ





Страницата на Art of Travel е од информативен карактер! Се трудиме редовно да ја ажурираме, но постои можност за поинакви информации од моментално објавените. Ве молиме сите цени и описи на објекти да ги проверите директно во агенцијата телефонски, на mail или лично. Ви благодариме на разбирањето.



© Copyright 2018 Art of Travel