Hotel i Konačište Junior *** - Brzeće, Kopaonik

ЗИМА 2023 / 2024

Услуга

BB / НВ

Локација

на 1080 м над. вис.
Брзеќе

Србија

Копаоник

LAST MINUTE 10% ПОПУСТ ЗА ПОСЛЕДНИТЕ ЕКОНОМИ И СТАНДАРД СОБИ ЗА ТЕРМИН ОД 13.01.-21.01.2024
*ЗА ПЛАЌАЊЕ СО КАРТИЧКА ПОПУСТОТ СЕ НАМАЛУВА ЗА 2%

7=6 ГРАТИС НОЌ ЗА  ПРЕСТОЈ ОД 21.01-11.02; 18.02-25.02; 03.03-31.03.2024

Konačište Junior се наоѓа на Копаоник, во туристичкиот центар Брзеќе, на идеална надморска височина од 1070м. Пријатно и удобно, располага со 28 соби со максимален капацитет од 80 легла и совршено е за сместување на групи, екскурзии, рекреативна настава. Голема предност е тоа што му се на располагање содржините на хотелот Junior, и тоа: Спа центар со мал релаксирачки базен 2 x 4м, сауна, џакузи, амам тушеви, соба за релаксација со масажа и соблекувална со шкафчиња, бањарки, папучи и пешкири. Сопствена ски патека за почетници, 400 м долга, сина. Патека за snow tubing, ски сервис, ресторан Four Seasons со капацитет до 300 лица, A la carte ресторан Vitcenzo со капацитет до 70 лица. Бизнис центарот има конференциска сала со капацитет до 180 седишта и 2 сали за состаноци за 50-60 лица секоја. Модерно опремена дискотека, сопствен паркинг со видео надзор и обезбедување, теретана со современи машини за вежбање, тениски терени со акрилна подлога, терени за кошарка, одбојка и ракомет, терен за мал фудбал со вештачка трева и големо фудбалско игралиште и помошен терен со природна трева, мини маркет, банкомат, игрална за деца, менувачница.

ОПИС – HOTEL JUNIOR:

“All seasons sport and spa resort”

69 соби и 9 апартмани од различни категории, Спа центар со мал релаксирачки базен 2 x 4 м, сауна, 2 џакузи, амам тушеви, соба за релаксација со масажа и соблекувална со шкафчиња, бањарки, папучи и пешкири. Сопствена ски патека за почетници, 400 м долга, сина. Патека за snow tubing, ски сервис, ресторан Four Seasons со капацитет до 300 лица, A la carte ресторан Vitcenzo со капацитет до 70 лица. Бизнис центарот има конференциска сала со капацитет до 180 седишта и 2 сали за состаноци за 50-60 лица секоја. Модерно опремена дискотека, сопствен паркинг со видео надзор и обезбедување, теретана со современи машини за вежбање, тениски терени со акрилна подлога, терени за кошарка, одбојка и ракомет, терен за мал фудбал со вештачка трева и големо фудбалско игралиште и помошен терен со природна трева, мини маркет, банкомат, игрална за деца, менувачница.

HOTEL JUNIOR 3*

 

 

KONAČIŠTE JUNIOR 3*

СЛИКИ И УСЛОВИ

*Понудата е исклучиво за сопствен превоз и нема можност за резервација на автобуски превоз од Македонија!

*Сликите на објектот и сместувачките капацитети прикажани на веб страната на Арт оф Травел се од информативен карактер, по случаен избор, за да имате претстава за изгледот на истиот и не значи дека сите сместувачки капацитети се со ист распоред, поглед, намештај, плочки во купатило и сл.

Цените се во евра, плаќањето е во денари по курс 1еур=62ден

 

За резервација без попуст потребна е уплата од 30% со резервација, а останатиот дел се доплаќа најдоцна 21 ден пред поаѓање.

Цените се валидни за плаќање во готово (кеш) или на ф-ра. За плаќање со картичка (Виза и Мастер) попустот се намалува за 2%, односно сумата без попуст се зголемува за 2% банкарска провизија!

 

За валидна резервација се потребни следните податоци:

-име и презиме на сите патници

-датум на раѓање на децата

-контакт телефон

-е-маил адреса (доколку ја поседувате)

– адреса на живеење од едниот пасош (носител на резервација)

– регистрација на автомобилот доколку сакате паркинг

 

Ваучер за уплатениот одмор го добивате 5-7 дена пред патување на е-маил адреса, оставена од Ваша страна во агенција или лично ја подигнувате во агенцијата по добиено телефонско известување дека е подготвен. Ваучерот е потребно да го имате во печатена верзија во 2 примероци, од кои едниот примерок го предавате на рецепција, а вториот го задржувате.

 

Такса за престој, се плаќа на лице место, на рецепција.

 

-Влез во сместувачките единици е најдоцна до 21ч

 

Политика на откажување на резервацијата од страна на патникот:

Патникот е должен по писмен пат да достави допис за откажување на патување. Истиот ќе биде проследен до хотелот. Пеналите се според денот на откажувањето и за истите важат посебни услови на откажување усогласени со условите на давателот на услугата, а не Општите на Арт оф Травел :

0 – 45 дена пред поаѓање 15%

44 – 30 дена пред поаѓање 20%

29 – 20 дена пред поаѓање 30%

19 – 15 дена пред поаѓање 50%

14 – 10 дена пред поаѓање 90%

9 – 0 дена пред поаѓање или во текот на престој 100%

 

Промена на датумот на патување, сместувачката единица или објектот ќе се смета како откажување од патување.

За секоја извршена промена на податок во договорот за патување се наплаќа административна такса во висина од 10 ЕУР!

 

За влез во Р. Србија пасошот или лична карта треба да се со важност мин. 1 месец од денот на враќање. Ве молиме истите да ги проверите пред уплата на резервација! Агенцијата не е одговорна за невалидни и истечени патни документи на сите наведени лица од потпишаниот договор, и нема да се смета за основ за откажување на резервацијата!

Патничко здравствено осигурување е препорачано да го имате за патување во странство. Информациите околку тип, цена и сл. можете да ги добиете директно во агенција.

Можеби ќе Ви се допадне

SULTANA – Neos Marmaras, Sithonia

IONIAN VIEW – Vrahos, Ionian coast

ASTERIA – Sarti, Sithonia

DIAPOROS Hotel *** – Vourvouru, Sithonia

Art of Travel

  • Лондонска 2/17А Скопје

  • +389 2 305 1905

  • +389 70 27 93 95

  • artoftravel.mk@gmail.com

  • info@artoftravel.mk

ГАЛЕРИЈА

КОНТАКТ





Страницата на Art of Travel е од информативен карактер! Се трудиме редовно да ја ажурираме, но постои можност за поинакви информации од моментално објавените. Ве молиме сите цени и описи на објекти да ги проверите директно во агенцијата телефонски, на mail или лично. Ви благодариме на разбирањето.



© Copyright document.write(new Date().getFullYear()); Art of Travel