ЈОРДАН - ОДМОР ВО АКАБА СО ПОСЕТА НА ПЕТРА

ЗИМА / ПРОЛЕТ 2020

Типот на програма

авион
Поаѓање од Софија

Цена од 559 еур

4 ноќевања
услуга 4 ВВ

Јордан

Акаба>Петра>Вади Рум

ТЕРМИНИ:22.01.2020, 29.01.2020, 05.02.2020, 12.02.2020, 19.02.2020, 26.02.2020, 04.03.2020, 11.03.2020 И 18.03.2020

Одмор во Акаба

Софија – Акаба – Петра – Акаба – Вади Рум – Акаба – Софија

5 дена / авион

ТЕРМИНИ НА ПОАЃАЊЕ

22.01.2020 €559.00
29.01.2020 €559.00
05.02.2020 €559.00
12.02.2020 €559.00
19.02.2020 €559.00
26.02.2020 €559.00
04.03.2020 €589.00
11.03.2020 €589.00
18.03.2020 €589.00

 

ПРОГРАМА И ЦЕНОВНИК верзија за печатење

ПОГЛЕДНИ ДЕТАЛИ

ВО ЦЕНАТА Е ВКЛУЧЕНО:

Aвионски билет Софија – Акаба – Софија на авиокомпанијата Ryanair со вклучени аеродромски такси;
Мал рачен багаж со димензии 40/20/25 см.;
Трансфер аеродром – хотел – аеродром;
4 ноќевања со појадок во хотел Lacosta Hotel 4* (или сличeн) во Акаба;
Целодневна екскурзија до карпестиот град Петра со вклучени влезници;
Патничко осигурување со покритие до 30 000 EUR на осигурителна компанија Сава осигурување.
Водач од Бугарија.
Цените се дадени во евра, уплата се врши исклучиво во денарска противвредност по курс 1€ = 62мкд.

ВО ЦЕНАТА НЕ Е ВКЛУЧЕНО:

Чекиран багаж до 20 кг;
Полудневна екскурзија до Вади Рум;
Влезници за музеи, локалитети и настани кои се посетуваат по желба;
Бакшиш за водич и возач (3-5 евра по лице на ден – се плаќа задолжително на лице место);
Градски и локален транспорт;
Трошоци од лична природа;
Виза за Јордан;
За лица над 65 години автоматски се додава доплата за осигурителна премија

ДОПОЛНИТЕЛНИ УСЛУГИ

Полудневна екскурзија до Вади Рум $50.00
Чекиран багаж 20 кг. €80.00

 

За валидна резервација е потребна уплата од мин. 50% во денарска противвредност, по курс 1 еур – 62 ден, а останатиот дел се доплаќа мин. 40 дена пред патување. Цените се валидни за уплата во готово или на сметка на Арт оф Травел. Плаќањето со кредитни картички е возможно но со покривање на банкарската провизија од страна на плаќачот.

КОРИСНИ ИНФОРМАЦИИ

Време: Македонија 11 ч.; Бугарија 12 ч.; Јордан 12 ч.;

Девизен курс: 1 BGN = 0,43 JOD

Со цел да се реализираат дополнителните услуги и настани во рамките на програмата, потребно е да се побараат при склучување на договорот за организирано патување, бидејќи нивното спроведување е поврзано со првичните резервации.

Можна е промена на распоредот на летови од страна на авиокомпанијата.

Во багажниот простор во кабинскиот дел на авионот можат да бидат сместени максимум 90 патни багажни куфери или торби. Ако при чекирањето е надминат дозволениот број на кабински багаж, ќе се стави во багажниот простор бесплатно.

Екскурзијата се спроведува при минимум 20 регистрирани туристи.

Патувањето генерално не е погодно за луѓе со намалена подвижност!

Визата се издава на аеродромот при влез во државата!

МЕДИЦИНСКИ И ЗДРАВСТВЕНИ УСЛОВИ

Не постојат медицински и здравствени услови поврзани со патувањето.

Визно пасошки режим

Македонските граѓани кои патуваат во земјата треба да имаат важечки пасош најмалку 6 месеци по датумот на влегување во земјата. Јордан применува визен режим за македонски државјани. Македонските граѓани можат да добијат виза или преку почесниот конзулат на Јордан во Софија или во некоја јорданска амбасада во странство. Потребни документи за виза: 1 слика во боја, копија од пасошот, пополнет формулар за виза и платена такса за виза. Документите се доставуваат најмалку 1 месец пред датумот на патување. Виза може да се издаде и на самите гранични премини на Јордан.

Патувањето се спроведува при минимум 20 регистрирани туристи.

Патувањето се спроведува при минимум 20 запишани туристи.

ПРОГРАМА

Ден 1 Софија - Акаба

Поаѓање од аеродромот во Софија (Терминал 2) во 16:35 ч. за Акаба со лет на авиокомпанијата Ryanair. Пристигнување на аеродромот во Акаба во 19:30 ч. Трансфер до хотелот. Сместување. Ноќевање.

Ден 2 Акаба - Петра - Акаба - 250 km

Појадок. Целодневна екскурзија до Петра – уникатен град, изграден во карпи, центарот на Набатејците кои се населиле тука пред 2000 год. и го претвориле во центар на сите трговски патишта што го поврзуваат истокот со западот. Посета на ризницата Ал Хазне и Набатејскиот театар, опкружен со бројни обелисци, судови, храмови и улици со колонади. Над комплексот се наоѓа манастирот “Ад Деир”, до кој може да се стигне по 800 скали. Можност за посета на Археолошкиот и Набатејски музеј. Враќање во хотелот. Ноќевање.

Ден 3 Акаба - Вади Рум - Акаба - 80 km

Појадок. Слободно време во Акаба или по желба екскурзија до пустината Вади Рум позната како Долина на месечинта – пространо место со романтичен дух и совршена убавина. Оваа екскурзија вклучува сафари со џипови во пустината, за време на која се минува низ изворот на Лоренс, Набатејскиот храм, карпестата арка Бурда, една од најимпресивните карпести формации наречено Седумте столбови на мудроста, куќата на Лоренс од Арабија. Враќање во хотелот. Ноќевање.

Ден 4 Акаба

Појадок. Слободно време за плажа. Ноќевање.

Ден 5 Акаба - Софија

Појадок. Напуштање на собите (багажот се остава во просторијата за багаж на хотелот). Слободно време за плажа. Трансфер до аеродромот. Поаѓање за Бугарија во 21:05 ч. со лет на авиокомпанијата Ryanair. Пристигнување на аеродромот во Софија (Терминал 2) по полноќ, во 00:10 ч.

ПРОВЕРЕТЕ РАСПОЛОЖИВОСТ НА МЕСТАТА

МОЖЕБИ ЌЕ ВИ СЕ ДОПАДНЕ

Art of Travel

  • Лондонска 2/17А Скопје

  • +389 2 305 1905

  • +389 70 27 93 95

  • artoftravel.mk@gmail.com

  • info@artoftravel.mk

ГАЛЕРИЈА

КОНТАКТ





Страницата на Art of Travel е од информативен карактер! Се трудиме редовно да ја ажурираме, но постои можност за поинакви информации од моментално објавените. Ве молиме сите цени и описи на објекти да ги проверите директно во агенцијата телефонски, на mail или лично. Ви благодариме на разбирањето.



© Copyright 2018 Art of Travel