Златна есен во Израел / авионски од Софија

Есенски патувања

Типот на програма

авион
Поаѓање од Софија

Цена од 509 еур

3 ноќевања
услуга НВ

Израел

Тел Авив>Јафа>Ерусалим>Витлеем>Мртво море

ТЕРМИНИ: 08.11.2019 И 06.12.2019

Златна есен во Израел

Софија – Тел Авив – Јафа – Ерусалим – Витлеем –  – Мртво Море – Тел Авив – Софија

4 дена / 3 ноќевања

Авионска програма со поаѓање од Софија

 

ТЕРМИНИ НА ПОАЃАЊЕ

08.11.2019  – €569.00
06.12.2019 – €509.00

ПОГЛЕДНИ ДЕТАЛИ

ВО ЦЕНАТА НА AРАНЖМАНОТ Е ВКЛУЧЕНО:

Авионски  билет Софија – Тел Авив – Софија со авио компанијата “Wizz air” со вклучени аеродромски такси

1 рачен багаж до 10 кг (со димензии 40/30/20 см)

Пречек на аеродромот “Бен Гурион”

Транспорт според предвидената маршрута

2 ноќевања со појадок и вечера во хотел “Nativity” 3* / “Paradise” 3* или сличен во реонот на Витлеем / Ерусалим

1 ноќевање со појадок и вечера во хотел “Sea Park” 3* / “Residence” 3* или сличен во реонот на Тел Авив / Бат Јам / Нетанија

Влезници за тврдината “Масада” (влезници и жичара)

Водич на македонски/српски/бугарски јазик

Слушалки за време на пешачки разгледи со локален туристички водич

Сертификат за аџилак.

Патничко осигурување со покритие до 30 000 EUR на осигурителна компанија “Сава осигурување”.

Цените се дадени во евра, уплата се врши исклучиво во денарска противвредност по курс 1€ = 62мкд.

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ Е ВКЛУЧЕНО:

Чекиран багаж до 20 кг или 32 кг

Ручеци и пијалоци

Влезници за други музеи, локалитети и настани кои се посетуваат по желба

Бакшиш за водич и возач (4-6 USD на ден по лице – со доплата  задолжително  на лице  место)

Трошоци од личен карактер

За лица над 65 години автоматски се додава доплата за осигурителна премија

УСЛОВИ И НАЧИН НА ПЛАЌАЊЕ

Плаќањето е во денари по курс 1 еур = 62 денари

Цената важи за уплата во готово или на сметка на Арт оф Травел.

Плаќањето со картичка /Виза, Мастер, Американ Експрес/ е возможно со наплата на банкарска провизија.

 

ДОПОЛНИТЕЛНИ  УСЛУГИ

Доплата за чекиран багаж до 20 кг (во двата правци) €93.00
Доплата за чекиран багаж до 32 кг (во двата правци) €120.00
Специјална услуга:

Ноќевање во хотел “Хемус” *** пред заминување (цена по лице при сместување во двокреветна соба) €18.00
Ноќевање во хотел “Хемус” *** пред заминување (цена по лице при сместување во еднокреветна соба) €26.00

За реализација на програма потребен е минимум од 30 лица

ПРОГРАМА

1. ден Софија - Тел Авив - Јафа - Ерусалим

Поаѓање во 06:50 часот од аеродромот во Софија за Тел Авив. Пристигнување во Тел Авив во 09:20 часот. Пречек од претставник на агенцијата партнер. Панорамски разглед на Тел Авив – економскиот и финансиски центар на Израел: Рамат Ган – кварт на богатите; Белиот град – позната населба во Тел Авив и дел од светското културно наследство на УНЕСКО со градби во стил на Баухаус, комбинирање на различни струи во модерната архитектура; плоштад “Дизенгоф” – срцето на градот; плоштад “Јицак Рабин” – местото на убиството на експремиерот на Израел. Пешачка тура по стариот град Јафа, познат по своето античко пристаниште. Прошетка низ тесните улици на градот, во комбинација со атмосфера на современа Јафа. Панорамски поглед од Јафа кон Тел Авив и Неве-Цедек – првиот кварт на Тел Авив, изграден во 1887 година. Заминување за Ерусалим. Сместување во Ерусалим / Витлеем. Вечера. Ноќевање.

2. ден Ерусалим - Витлеем

Појадок. Поаѓање за Ерусалим. Панорамски разглед на Ерусалим: Елеонската Гора, со панорамски поглед на стариот дел на градот и златната купола на Ридот на храмовите; руската црква “Марија Магдалена”; Гетсиманската градина со Црквата на сите нации; црквата со гробот на Богородица во долината Кедрон; брдото Сион, кое има симболично значење за преродбата и независноста на Евреите. Пешачка тура во стариот град на Ерусалим: гробот на цар Давид; собата на Тајната вечера; Ерменскиот кварт со катедралата “Св. Јаков “- најголемиот и свет храм за сите ерменци во Израел; Римското Кардo (улица); Еврејскиот кварт со синагогата “Хурва” и Ѕидот на плачот, останата од Вториот храм, кој бил најсветото место за сите Евреи; прошетка по “Виа Долороса” – улицата по која Исус го носел својот крст кон Голгота; Муслиманскиот кварт – стариот пазар; Христијанскиот кварт со Лутеранската протестантска црква; Грчката патријаршија. Посета на црквата “Гроб Господов” – посета на Божји гроб и Голгота. Добивање на сертификат за аџилак. Враќање во хотелот. Вечера. Ноќевање.

3. ден Витлеем - Мртво Море - Тел Авив

Појадок. Организирана посета на црквата “Рождество Христово” во Витлеем со разгледување на јаслите во кои бил роден Исус. Поаѓање кон Мртво море преку Јудејската пустина. Продолжуваме со посета на тврдината “Масада” – најспектакуларната тврдина во Израел, која раскажува приказни за упорност и сила, вера и достоинство, амбиции и трагичен крај. Масада се наоѓа на врвот од изолирано карпесто плато во Јудејската пустина, избрана локација од цар Ирод за изградба на својот дворец. Нејзината фасцинантна историја ни го открива величенствениот царски период и еврејскиот отпор против римското владеење. Искачување со жичарница до влезот на објектот и прошетка низ урнатините на салите во дворецот со неверојатен поглед кон Мртво море и Јордан. Разгледување на термите, синагогата, римскиот камп и римската патека. Можност за фотопауза кон единствената отворена сцена за оперски претстави во Израел. Заминување кон брегот на Мртво море кое се наоѓа на повеќе од 400 метри под морското ниво, познато по своите лековити својства. Слободно време за капење во Мртво море (ако времето дозволува). Поаѓање за Тел Авив. Сместување во Тел Авив / Бат Јам / Нетанија. Вечера. Ноќевање.

4. ден Тел Авив - Софија

Појадок (рано наутро или ланч пакет). Трансфер до аеродромот “Бен Гурион”. Поаѓање во 10:10 часот за Софија со лет на авио компанијата “Wizz Air”. Пристигнување на аеродромот во Софија (Терминал 1) во 13:00 часот.

ПРОВЕРЕТЕ РАСПОЛОЖИВОСТ НА МЕСТАТА

МОЖЕБИ ЌЕ ВИ СЕ ДОПАДНЕ

Art of Travel

  • Лондонска 2/17А Скопје

  • +389 2 305 1905

  • +389 70 27 93 95

  • artoftravel.mk@gmail.com

  • info@artoftravel.mk

ГАЛЕРИЈА

КОНТАКТ





Страницата на Art of Travel е од информативен карактер! Се трудиме редовно да ја ажурираме, но постои можност за поинакви информации од моментално објавените. Ве молиме сите цени и описи на објекти да ги проверите директно во агенцијата телефонски, на mail или лично. Ви благодариме на разбирањето.



© Copyright 2018 Art of Travel