Isi Lux House - Nea Potidea

ЛЕТО 2020

Превоз

Автобуски
Сопствен

Оддалеченост од плажа

20 метри

Грција

Халкидики>Касандра>Неа Потидеа

15% ПОПУСТ ЗА РЕЗЕРВАЦИЈА И КОМПЛЕТНА УПЛАТА ДО 31.12.2019

10% ПОПУСТ ЗА РЕЗЕРВАЦИЈА И КОМПЛЕТНА УПЛАТА ДО 01.02.2020

7% ПОПУСТ ЗА РЕЗЕРВАЦИЈА И КОМПЛЕТНА УПЛАТА ДО 01.03.2020

5% ПОПУСТ ЗА РЕЗЕРВАЦИЈА И КОМПЛЕТНА УПЛАТА ДО 01.04.2020

ISI Lux се наоѓа нa само 20 m oд плажа и во непосредна близина на хотел Potidea Golden Beach. Куќата е изградена во 2017 год. Располага со 1/3 студија, /2+1/ апартмани со една спална за 3 лица и дуплекс апартмани со две одделни спални соби за 4 лица. Студијата/апартманите се на I кат, сите опремени со комплетно нов мебел, кујна (со прибор за онолку лица според број на легла, фрижидер…), тоалет, крпи за лице и тело, клима (вклучена во цената), ТВ, бесплатен Wi-Fi интернет, гардеробер, балкон со масичка и столчиња. Во дворот на куќата има масички со столчиња и скара кои се на располагање на гостите.

ГАЛЕРИЈА

НАПОМЕНИ:

–  Цените се дадени по лице за 7 ноќи/8 дена со вклучен превоз | 3-то лице во студио или апартман со една спална – БЕСПЛАТНО сместување;

–  Цените за 7ноќи/8дена (со *), се дадени за наем на цело студио/апартман без превоз;

–  Цените се изразени во евра, за уплата во денарска противвредност 1€ = 62мкд.

–  При резервација задолжителна уплата на аконтација од 30%, во случај на откажување, уплатената аконтација не се враќа;

–  Во студио или апартман со една спална плаќаат минимум 2 лица | 3-то лице се сместува БЕСПЛАТНО, плаќа само превоз;

–  Во дуплекс апартман со две одделни спални соби плаќаат минимум 4 лица;

–  Во студио/апартман е дозволено сместување на лица согласно предвидениот капацитет, т.е. број на легла. Преку дозволениот број може да се смести максимум едно дете до неполни 6 години во кревет со двајца возрасни – БЕСПЛАТНО;

–  Поради генерално чистење на студијата/апартманите по секоја смена, истите се напуштаат во 10:00 часот, а се добиваат околу 14:00 часот;

–  Хигиената си ја одржуваат самите клиенти за време на престојот;

–  Превоз од: Штип / Скопје / Куманово / Велес / Удово / Гевгелија;

–  Превозот ги остава/зема патниците пред куќата. доколку е можно да влезе минибус, доколку не е можно ги остава кај стадионот. на околу 300м од вилата;

–  Wi-Fi интернет – БЕСПЛАТЕН!!

–  Еarly Booking попустите НЕ се комбинираат со други попусти и НЕ важат за последниот термин.

ПОПУСТИ И ДОПЛАТИ

 

–  За уплата на два последователни термини (еден по друг), одобруваме 10% попуст на вториот термин;

–  За аранжманите за 7 ноќи/8 дена (без *), при патување со сопствен превоз се намалува -10€ од цената по лице;

–  Доплата за туристичка такса – 0.50€ од соба од ноќ (се плаќа во самиот објект);

–  Доплата за превоз: 35€ за возрасни / 25€ за деца до 12 год. Деца до 2 год. – бесплатно (без седиште);

–  Доплата за патничко осигурување /информации во агенција/

Барање за резервација

Можеби ќе Ви се допадне

Art of Travel

  • Лондонска 2/17А Скопје

  • +389 2 305 1905

  • +389 70 27 93 95

  • artoftravel.mk@gmail.com

  • info@artoftravel.mk

ГАЛЕРИЈА

КОНТАКТ





Страницата на Art of Travel е од информативен карактер! Се трудиме редовно да ја ажурираме, но постои можност за поинакви информации од моментално објавените. Ве молиме сите цени и описи на објекти да ги проверите директно во агенцијата телефонски, на mail или лично. Ви благодариме на разбирањето.



© Copyright 2018 Art of Travel