ИРАН И ПЕРСИСКИ ЗАЛИВ / 13 ДЕНА /30.09.2019 И 14.10.2019

ЗАПОЗНАЈТЕ ГИ СО НАС ИСТОРИЈАТА НА СТАРАТА ПЕРСИЈА И ДУХОТ НА НОВИОТ ИРАН

Типот на програма

авионска програма
13 дена

13 дена

термин 30. септември и 14. октомври / поаѓање од Белград

Азија

Иран

ПРОМО ЦЕНА 1299 еур по лице

ЗАПОЗНАЈТЕ ГИ СО НАС ИСТОРИЈАТА НА СТАРАТА ПЕРСИЈА И ДУХОТ НА НОВИОТ ИРАН.

TEHERAN – KASHAN – ABIANE – ISFAHAN – YAZD – QESHM – SHIRAZ

+ MERANJAB, HORMOZ i PERSEPOLIS i NEKROPOLIS

Иран ќе ве освои при првиот контакт со народот. Срдечни, гостољубиви, образувани и културни, Иранците ќе направат се да ги заборавите сите предрасуди за оваа земја. Сјајот и богатството на Иран се огледуваат во културното наследство, природните убавини, персиската архитектура, уметноста, музиката, гастрономијата… Изгубете се во тесните улички на базарите, пазарете рачно изработен килим или накит од најубаво сребро. Испијте чај со локалците, ќе бидат љубопитни да дознаат нешто и за вашата земја. Надополнете ја вашата библиотека со книга од прославените ирански поети Hafiz или Saadi. Заедно ги истражуваме древните престолнини и пустинските градови.Сигурни сме дека по посетата на Иран ќе имате нова омилена дестинација!

 

Сместен во прегратките на величествената планина Alborz, Teheran е меѓу најголемите градови во светот и најлиберален во целиот Иран. По само неколку часа поминати во овој мегалополис, ќе сфатите дека покрај тоа што е бучен и хаотичен, Техеран важи за зелен град, во кој на секој чекор можете да пронајдете мир во некој од градските паркови или градини. Градот може да се пофали со бројни знаменитости кои се истакнуваат на светско ниво: најголемиот базар, една од најдолгите улици, една од најпрометните подземни железници, шестата највисока телекомуникациска кула, четвртиот најголем фудбалски стадион, најголемиот правен универзитет, едниот од најголемите саеми на книгата итн. Добредојде ќе ви посака и обичен поминувач на улица а може и да ве покани на филџан кафе. Не ги одбивајте.    

 

Kashan – град со прекрасни историски куќи, традиционални купатила, градини со фонтани како од бајките и импозантни палати и џамии. Срцето на градот претставува огледало на персиската култура. Секој камен во овој град е стар неколку стотини години. Секоја прошетка по улиците на Кашан е вистинско доживување, како и купувањето на егзотичните тезги на базарот, познат по текстилната и индустријата за керамика, Кашан е воедно и центар за производство на ружина вода.

 

Abiane – едно од најстарите, древни села на Иран, сместено е во подножјето на планината Каркас. Местото има околу 300 жители, главно староседелци и е дом на 160 семејства. Стрмните, кривудави улички, куќите од земја во црвен тон со дрвени балкони мамат воздишки на туристите и повикуваат на фотографирање. Во традидионални одела, мештаните на ова шармантно село ќе сакаат да ви продадат домашни производи од рачна изработка, но и да ви понудат ноќевање во нивните скромни пансиони.

 

Isfahan – мостовите Si-o-Se Pol, Hadzu, Chubi и многу други на реката Zajande-Ruda, покрај тоа што се прави бисери на персиската архитектура, тие се и омилени места за прошетка и дружење со локалните жители. Главниот градски плоштад Naqsh-e Jahan или популарно наречен Плоштадот на Имамот, спаѓа во најголемите на светот. Изграден во XVI век, а заедно со Ali qapu палатата, џамиите и големиот базар, има репутација на жив музеј на традиционалната култура, и се во листата на UNESCO како светско наследство. Дознајте зошто токму овој плоштад е наречен Половина од светот. Бројните православни цркви и катедрали се сместени во Ермeнскиот кварт. Покрај културните богатства, Исфахан е центар за трговија со килими. Купувањето овде е права забава, а ценкањето се подразбира!

Yazd – позициониран на местото на судар на две пустини, се развил еден од најстарите градови на светот. Се смета за центар на зороастриската култура и религија. Посебноста се огледува во единствената архитектура, а за килимите и свилата по кои е познат овој град, пишувал и прочуениот трговец и истражувач Марко Поло.  Изгубете се во лавиринтот на историски патишта и решете ги калиграфските гатанки на овој мистичен, древен град. Дознајте кој е спортот на кој жителите на овој град се посебно горди.

 

Дали сте помислиле дека патот во Иран ќе ве донесе до Персискиот залив? На само 60 км од бреговите на Оман, се наоѓа Qeshm, најголемиот остров во Персискиот залив. Ова место е дом на голем број животински врсти, а со многубројните единствени геолошки формации, се наоѓа на листата на светско наследство на UNESCO. Покрај атрактивните песочни плажи, островот го красат и мангровите шуми, кањоните, брдата, пештерите и долините. Како ви звучи пливање со џиновски желки и делфини? Љубители на фасцинантната природа, спремете се да го запознаете островот Кешм!

 

Shiraz – е срцето на персиската култура повеќе од 2000 години. Овој град е синоним за образование, поезија и вино. Во Шираз се наоѓаат гробниците на прославените поети Hafiz и Saadi. Единствената архитектура се пресликува во бројните палати и џамии, од кои посебно се истакнува Nasir-ol-molk, попозната како розевата џамија. Мир од градската врева, жителите на Шираз наоѓаат во некоја од прекрасните градини со егзотично цвеќе и растенија, со песната на славеите, кои се исто синоним на овој древен град.

 

 

 

ПОГЛЕДНИ ДЕТАЛИ

ЦЕНИ И УСЛОВИ

Цена: 1590 EUR по лице

Цена со попуст: 1299 EUR по лице

Термини на патување:

30.09. – 12.10. 2019

14.10. – 26. 10. 2019

*постои можност за поместување на датумите на поаѓање заради бројот на слободни места на летовите. Евентуалното поместување нема да биде повеќе од 2-3 дена.

 

Во цената е ВКЛУЧЕНО:

·         Авио превоз со сите такси на релација Белград – Техеран со преседнување.

·         Авио превоз со сите такси на релација Шираз – Белград со преседнување.

·         Авио превоз со сите такси на релација Кешм – Шираз.

·         Багаж со тежина до 20 кг + рачен багаж до 7 кг за сите летови.

·         1 ноќевање во Техеран во хотел *** во 1/2 и 1/3 соби со појадок и сопствено купатло и WC.

·         2 ноќевања во Кашан во традиционален хотел *** во 1/2 и 1/3 соби со појадок и сопствено купатло и WC.

·         2 ноќевања во Исфахан во хотел *** во 1/2 и 1/3 соби со појадок и сопствено купатло и WC.

·         1 ноќевање во Јазд во традиционален хотел *** во 1/2 и 1/3 соби со појадок и сопствено купатло и WC.

·         1 ноќевање во Кешм во хотел *** во 1/2 и 1/3 соби со појадок и сопствено купатло и WC.

·         2 ноќевања во Шираз во хотел *** во 1/2 и 1/3 соби со појадок и сопствено купатло и WC.

·         11 дополнителни оброци во локални расторани (1 оброк на ден) кои се реализираат во склад со времето на располагање во текот на денот.

·         Сите трансфери според програмата на патување.

·         Карта за воз на релација Јазд – Кешм во кола за спиење.

·         Разгледи на градовите според програмата на патување.

·         Влезници за сите локалитети и културно-историски споменици според програмата на патување.

·         Организација на целото патување.

·         Стручен пратител за време на траењето на целото патување.

Во цената НЕ Е ВКЛУЧЕНО:

·         Виза за Исламска Република Иран

·         Факултативни излети.

·         Влезници за музеи и локалитети кои не се опфатени со програмата.

·         Меѓународно здравствено осигурување.

·         Индивидуални трошоци на патниците.

*Напомени во врска со визата за Исламска Република Иран:

Надлежна за виза за македонски државјани е Амбасадата на Исламска Република Иран во Софија!

Важноста на пасошот мора да биде минимум 6 месеци по датумот на враќање!

Не е дозволен влез во Исламска Република Иран на патници кои во важечкиот пасош имаат Израелска виза!

 

ФАКУЛТАТИВНИ ИЗЛЕТИ:

1. Пакет Факултативни излети: Обиколка на Маранџаб пустината со локален водич со вклучена вечера, обиколка на островот Хормоз со локален водич, обиколка на Персеполис и Некрополис со вклучени влезници и локален водич – 160 EUR

*Пријавувањето за факултативниот излет се врши во агенција при пријавувањето за патување, додека плаќањето се врши при доплатата на целиот износ на аранжманот.

———————————————————————————————————————————

УСЛОВИ ЗА ПРИЈАВУВАЊЕ И ПЛАЌАЊЕ:

·         При пријавувањето се уплаќа аванс во висина од 20% од вкупната вредност на патувањето во денарска противвредност по курс 1 ЕУР = 62 МКД.

·         Доплатата до целосниот износ се врши најдоцна до 60 дена пред почетокот на патување во денарска противвредност по курс 1 ЕУР = 62 МКД.

·         При уплатата на авансот задолжително да се достави копија од важечкиот пасош.

·         По формирањето на групата, патниците ќе бидат известени кога треба да го уплатат износот за авио билет.

ОПШТИ НАПОМЕНИ:

·         При разгледувањето на градовите наведени во програмата на патување, не се предвидени посети ни обиколки на ентериерите на јавните градби, институции и споменици на културата, освен кога е тоа предвидено со програмата на патување.

·         Организаторот го задржува правото за измена на редоследот на реализација на програмата во зависност од други објективни околности како: временските прилики, измени во редот на летање на авио компаниите, ограничувања врзани за отворање и затворање на одредени објекти, гужви предизвикани од општествени, верски и други собири.

·         Организаторот не сноси одговорност во случај граничните власти да не дозволат влез на патникот на територијата на друга држава или земја во транзит заради сторен прекршок или непочитување на визните, царинските и други прописи.

·         Се молат патниците да се грижат за своите патни исправи, документи, пари, вредни предмети, багаж и сл. Организаторот не е одговорен за евентуално нивно губење, кражба или исчезнување за време на патувањето од која било причина.

·         Организаторот на патувањето го задржува правото во случај на промена на цените на превоз, измена на девизниот курс, недоволен број на пријавени патници и слично, да ја измени цената на патувањето за адекватен износ или да го откаже патувањето.

ВАЖНИ ИНФОРМАЦИИ

·         Доколку патувате сами, ќе бидете сместени со некој од другите патници без доплати!

·         Хотелите се наоѓаат во потесниот центар на градовите.

·         Точните имиња на објектите за сместување ќе бидат познати 15 дена пред почетокот на патувањето.

·         Бројот на места е ограничен!

·         Сите сместувачки објекти кои се користат во текот на патувањето се чисти, уредни и прилагодени на сите генерации.

·         За ова патување важат Општите услови за патување на организаторот и на Арт оф Травел.

За сите дополнителни информации јавете се во нашата агенција, Арт оф Травел на тел. 02 3051 905 секој работен ден од 10 – 18 часот или на нашата е-маил адреса artoftravel.mk@gmail.com

ПРОГРАМА

ДЕН 1

Состанок на патниците на аеродромот Никола Тесла во Белград. Лет до Техеран со преседнување.

ДЕН 2

– По пристигнувањето во Техеран тргаме во обиколка на градот: Националниот музеј на скапоцени камења, палатата Голестан и Големиот Базар. Се сместуваме во хотел. По одморот, продолжуваме со обиколката на престолнината на Иран – еден од симболите на Техеран е кулата Азади, као и прочуениот мост Табиат. Се враќаме во хотел. Слободно време. Оброк. Ноќевање.

ДЕН 3

– Појадок. Се пакуваме и поаѓаме кон Кашан. Веднаш по пристигнувањето се сместуваме и по одморот, одиме на разглед на овој древен град. Ги обиколуваме Амир Ахмадовото традиционално купатило, една од историските куќи во кои некогаш живееле богати персиски семејства, Agha Bozorg џамијата. Слободно време за купување традиционални козметички производи, неизоставната ружина вода или керамички декоративни предмети. Оброк. Ноќевање

ДЕН 4

Појадок. Поаѓање на факултативен излет во Муранџаб пустината. На патот до пустината го обиколуваме светилиштето Hilal ibn Ali и подземниот град. Пристигнувме до соленото езеро на почетокот на пустината. Уживаме во сонцето, нестварните природни убавини и фотографирањето. Доаѓаме во оазата, каде срдечните домаќини ќе не пречекаат и ќе ни приредат незаборавна вечер во срцето на пустината под ѕвезденето небо. Враќање во Кушан во доцните вечерни саати. Оброк. Ноќевање.

ДЕН 5

Појадок. Се пакуваме и поаѓаме кон Isfahan. Попатно застануваме да ја посетиме градината Fin, една од најубавите во цел Иран. Продолжуваме кон селото Abiane, каде ќе го поминеме попладнето, во прошетка и дружење со локалните жители. Продолжуваме кон Isfahan и веднаш по пристигнувањето се сместуваме во хотел. По паузата за одмор, одиме на главниот плоштад Naksh-e Jahan. Ја обиколуваме Ali qapu палатата, џамиите на Шахот и шеикот Lotfalah, но и Големиот Базар. Слободно време. Оброк. Ноќевање.

ДЕН 6

По појадокот, ја продолжуваме обиколката на Isfahan. Одиме до Ерменскиот кварт каде ќе ги посетиме Vank катедралата и Музејот на музиката и ќе се запознаеме со традиционалните инструменти и музиката на Иран. Преку мостот Si-o-Se Pol, се враќаме до главниот градски плоштад. Слободно време за купување ќилими, персиски ќилими, сребро, сувенири. Оброк. Ноќевање.

ДЕН 7

Појадок. Ги пакуваме куферите и ги напуштаме собите. По патот до Jazd застануваме да ја обиколиме Зороастријанската Кула на тишината. По пристигнувањето се сместуваме. Слободно време за одмор. Одиме до стариот дел на градот каде го посетуваме комплексот Amir Chakhmagh  и т.н. куќа на силата, каде ќе се запознаеме со традиционалните боречки вештини кои со векови се негуваат во Иран. Враќање во хотел. Оброк. Ноќевање.

ДЕН 8

По појадокот продолжуваме со запознавањето на Jazd: џамијата Jama Masjid, една од најубавите градби во Иран, градината Dowlat Abad и Храмот на огнот. Слободно време за индивидуални активности до поаѓањето на островот Qeshm. Оброк. Ноќно возење со воз до најголемиот остров во Персискиот залив.

ДЕН 9

По доаѓањето во Qeshm, одиме да се сместиме во хотел. По појадокот тргаме во запознавање на островот и неговите природни убавини. Слободно време за капење, сончање и уживање на некоја од прекрасните песочни плажи на островот Qeshm. Оброк. Ноќевање.

ДЕН 10

Појадок. Факултативен излет со брод до блискиот, помал остров Hormoz. За време на крстарењето, правиме фотографии со делфините и џиновските морски желки. Ја обиколуваме португалската тврдина, шетаме низ Hara џунглата и уживаме во сите природни убавини кои го опкружуваат островот. Се враќаме во Qeshm. Одиме на аеродром и летаме за Shiraz. По пристигнувањето се сместуваме во хотел. Оброк. Ноќевање.

ДЕН 11

Појадок. Следи разгледување на Shiraz: Karim Khan комплексот кој ги опфаќа Vakil Bazar-от, амамот и тврдината, потоа гробното место на прочуениот персиски поет Hafez, џамијата Nasir ol Molk, попозната како розевата џамија, Eram градината. Слободно време за шопинг и уживање. Оброк. Ноќевање.

ДЕН 12

По појадокот заминуваме на факултативен излет во Persepolis i Nekropolis. Низ овие две спектакуларни наследства и приказната за древната Персија, се запознаваме со богатата историја на Иран.  Некогашниот град Persepolis и кралската гробница Nekropolis останале како наследство од Arthemid-иното царство кое вледеело со Персија и пошироко повеќе од 200 години. Враќање во Shiraz, оброк. Слободно време до доцното вечерно поаѓање на аеродром.

ДЕН 13

Ран утрински лет до Белград со преседнување. Пристигнување во Белград.

ПОБАРАЈ ПОНУДА

МОЖЕБИ ЌЕ ВИ СЕ ДОПАДНЕ

Art of Travel

  • Лондонска 2/17А Скопје

  • +389 2 305 1905

  • +389 70 27 93 95

  • artoftravel.mk@gmail.com

  • info@artoftravel.mk

ГАЛЕРИЈА

КОНТАКТ





Страницата на Art of Travel е од информативен карактер! Се трудиме редовно да ја ажурираме, но постои можност за поинакви информации од моментално објавените. Ве молиме сите цени и описи на објекти да ги проверите директно во агенцијата телефонски, на mail или лично. Ви благодариме на разбирањето.



© Copyright 2018 Art of Travel