Hristo House - Nea Flogita, Solunska Regija

ЛЕТО 2020

Превоз

Автобуски
Сопствен

Оддалеченост од плажа

40 метри

Грција

Солунски Залив>Неа Флогита

30% попуст за резервација и уплата до 01.07.2020 за термините 04.07. и 11.07.2020

20% попуст за резервација и уплата до 01.07.2020 за сите останати термини

Куќа Христо е лоцирана во центарот на Неа Флогита, во близина на кафе бар Пастази и на околу 40 м. од плажата. Располага со 1/6  дуплекс ,со две спални и простран дневен престој, со комплетно опремена кујна, WC, клима (вклучена во цената) и пространи тераси, wi-fi – (вклучен во цената)

СЛИКИ И УСЛОВИ

Услови под кои важи аранжманот
Цените во табелите се објавени во евра, плаќањето на аранжманот е исклучиво во денари, по курс 1 евро = 62 денари.
 Цените СО * се однесуваат за 7 ноќевања по лице со вклучен превоз, за минимум две лица (3-то , 4-то ,5-то и 6-то лице се сместуваат БЕСПЛАТНО, плаќаат само превоз доколку користат).
 За аранжманите за 7 ноќи/8 дена со *, при патување со сопствен превоз се намалува -10€ од цената по лице;
 Цените без * се однесуваат за наем на дуплекс за 7 ноќевања
 За уплата на два последователни термини (еден по друг),одобруваме 10% попуст на вториот термин
 Доплата на туристичка такса -1€ на дуплекс од ноќ (се плаќа во самиот објект при сместување)
 Користењето на клима-уред, WI-FI интернет -БЕСПЛАТНО.

Агенцијата организира превоз со придружник-пратител на групата, до место кое е најпогодно за застанување и паркирање на автобусот а цената за истиот изнесува:
 За возрасни 2.170 мкд. (35 евра)
 За деца до 12 години 1.550 мкд. (25 евра)
 Деца до 2 години бесплатно, без седиште
 Термините во табелите се денови на започнување и на завршување на аранжманот.
 За сигурна резервација се подразбира исклучиво уплата на 30% аконтација во моментот на потпишување на Договор за патување и целосна уплата најдоцна 10 дена пред започнување на аранжманот.
 Преземањето на собите започнува најрано во 14 часот по локално време првиот ден, а напуштањето на истите е најдоцна до 9 часот по локално време последниот ден од аранжманот. Ненавременото напуштање на собите може да биде причина за нарушување на одморот и комодитетот на клиентите кои треба да влезат во студијата/ апартманите во следниот термин.
 За хигиената во собите во текот на престојот се грижат самите клиенти.
 Во собите е дозволено сместување на лица согласно со бројот на легла, т.е. исклучиво на лицата кои се наведени во ваучерот издаден од агенцијата. Во случај на сместување на повеќе лица од дозволеното, агенцијата или локалниот партнер на истата го задржуваат правото да не ги примат лицата кои не се наведени во ваучерот или за истите да побараат соодветен финансиски надомест.
 Единствено е дозволено сместување на едно дете до неполни 6 години над бројот на кревети во секое студио или апартман
 Сликите кои се објавени на нашата веб-страница се само дел од севкупната понуда-содржина и истите служат за да се добие генерален впечаток за објектот. Агенцијата не може и нема да гарантира сместување во прецизно одредена соба од објавените. Нашата веб-страница е од информативен карактер, за сите детали и специфичности, задолжително информирајте се кај нашите вработени
• Сопствениците на објектите го задржуваат правото при евентуално направена-причинета штета да извршат наплата за истата од клиентите кои се сместени во моментот.
• Цените објавени во табелите се конечни, без скриени трошоци. Користењето на клима-уред, интернет е вклучено во цената .
• Агенцијата не може да гарантира стабилност, брзина или коректност на интернет врската во кој-било објект од целата понуда.
• Агенцијата го задржува правото да објави дел од слободните (непродадени) капацитети на Last Minute понуда. Претходно направените и потврдени резервации нема да подлежат на какви било промени во цената.
• Пред тргнување, Ве молиме да ја проверите важноста на своите патни исправи и задолжително да обезбедите патничко-здравствено осигурување, недостаток на истите не е одговорност на вработените во агенцијата.

За овој аранжман важат Општите услови за патување

Барање за резервација

Можеби ќе Ви се допадне

Art of Travel

  • Лондонска 2/17А Скопје

  • +389 2 305 1905

  • +389 70 27 93 95

  • artoftravel.mk@gmail.com

  • info@artoftravel.mk

ГАЛЕРИЈА

КОНТАКТ





Страницата на Art of Travel е од информативен карактер! Се трудиме редовно да ја ажурираме, но постои можност за поинакви информации од моментално објавените. Ве молиме сите цени и описи на објекти да ги проверите директно во агенцијата телефонски, на mail или лично. Ви благодариме на разбирањето.



© Copyright 2018 Art of Travel