Грузија / авион

Есенски патувања

Типот на програма

авион
Поаѓање од Солун/ трансфер од Скопје

Цена 532 еур

4 ноќевања
услуга ВВ + 2 вечери и 1 ручек

Грузија

Кутаиси>Батуми>Мсхета>Тбилиси
>Ананури>Гергети>Казбег

ЦЕНА СО ПОПУСТ ЗА РЕЗЕРВАЦИЈА И КОМПЛЕТНА УПЛАТА
ДО 31.08.2019 532 еур

РЕДОВНА ЦЕНА 619 еур

ТЕРМИН: 08.10 – 12.10.2019

Самите Грузијци се нарекуваат „Картвелеби“ (ქართველები), нивната земја ја нарекуваат „Сакартвело“ (საქართველო и значи „место на Картвелите“) и нивниот јазик го нарекуваат „картули“ (ქართული). Според старите грузиски хроничари, предок на грузискиот народ е Картлос, правнук на библискиот Јефет.
Името „Сакартвело“ се состои од два дела. Коренот на зборот е kartvel-i (ქართველ-ი) што означува жител на источниот грузиски регион Картли. Старите грчки и римски писатели ги именувале источните Грузијците како „Ибери“, додека западните Грузијци како „колхиди“.

 

Македонскиот назив за државата најверојатно се презел од рускиот јазик (Грузия), кој пак потекнува од персиско-арапско потекло. Имено, сирискиот назив од 11. и 12. век за регионот бил gurz-ān или gurz-iyān. Исто така во записите на патеписецот Ингатиј Солњанин од 1389 се споменува називот гурзи, додека пак кај Афанасиј Никитин се споменува терминот грузиска земја.
Во јуни 2011 година, владата на оваа земја ги повикала сите држави во светот кои го користат нејзиното име (Грузија) кое потекнува од руското говорно подрачје, да се откажат од него и да почнат да го употребуваат името од англиското говорно подачје – Џорџија. Според властите во Тбилиси, до сега тоа го прифатила само Јужна Кореја.

 

Вкупната површина на земјата изнесува 69.700 km², и според тоа се наоѓа на 118. место по големина во светот. Таа граничи со Русија на север, Азербејџан на исток, Ерменија и Турција на југ и Црно Море на запад. Главниот град Тбилиси е најголемиот во државата, со oколу 1.093.000 жители.

 

Климата во Грузија е умерена и суптропска. Најголемиот дел од површината на Грузија е покриен со планини, каде се одгледува грозје и производство на вино и коњак. Црноморскиот брег на оваа земја е популарна туристичка атракција. Многу туристи доаѓаат во Грузија поради лековитите бањи или да ги видат величествените пештери и водопади. Топлата и влажна грузиска клима е погодна за одгледување на чај и агрум. Исто така, Грузија е позната и по производство на свила и останати ткаенини.

 

Грузија има долга историја на верската хармонија во рамките на своите граници, и покрај историските конфликти со околните народи. Во текот на својата историја, различни верски организации опстојувале на териториијата на денешна Грузија, проследени од верски дискриминации. Еврејските заедници главно се населени во двата најголеми градови Тбилиси и Кутаиси. Азербејџанските групи, кои главно се муслимани се концентрирани главно во новните автономни области во земјата. Ерменската Православна црква, која на некој начин се разликува од грузиската, има статус на афтокефална црква.

Должина на рутата: 1210 КМ
Времетраење: 5 дена

 

ПРЕДВИДЕНИ МЕСТА ЗА ПОСЕТА:
Град Мтскета: манастир Жвари, катедрала Светицховели
Провинција Кеви: црква “Гергети Св. Троица”, архитектонски комплекс “Анарури”, село Магароскари;
Град Тбилиси: Катедралата Св. Троица, Црквата Метехи, Тврдина Нарикала, Легвакхеви, Шардени и неговата населба, Мостот на Мирот
Имерети регион: град Кутаиси, премин Рикоти, Академија и манастир Гелати 
Регион Аџара: разглед во Батуми и стариот булевар, Батумиска ботаничка градина;

ПОГЛЕДНИ ДЕТАЛИ

ВО ЦЕНАТА НА AРАНЖМАНОТ Е ВКЛУЧЕНО:

  • Организиран автобуски превоз Битола – аеродром Солун – Битола
  •  Авионски превоз Солун – Кутаиси со Wizzair (рачен багаж 55×40×23cm 10 кг + рачна торба)
  •  Превоз со удобен автобус за сите денови;
  • Превоз со џипови 4х4 на планината Гергети 
  •  Хотелско сместување на база 4 ноќевања со појадок 
    1 ноќевање со појадок во хотел 3* во Батуми https://www.divan.com.tr/divan-suites-batumi/en
    2 ноќевања со појадок во хотел 3* во Тбилиси Hotel Zeg 3*
    1 ноќевање со појадок   – во Кутаиси Хотел 3* Баграти 1003  
    Оброци вклучени во цена:
    • 4 x Појадок – на денови 2, 3, 4, 5;
    • 1 x вечера во грузиски ресторан со фолклорни изведби на ден 2;
    • 1 x ручек-вечера во природа  на ден 3;
    • 1 x вечера во грузиски ресторани на 4 ден;
    • Вода (2 x шишиња по лице дневно)
    Забава и други услуги:
    • Екскурзии во согласност со програмата
    • Влезници во согласност со програмата
    • Сите даноци и туристичка такса
  • ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ Е ВКЛУЧЕНО:
  •  Виза за Република Грузија 20 УСД (не е потребна доколку поседувате валидна виза за САД, Австралија или Велика Британија)
  •  Патничко осигурување  / задолжително
  •  Трансфери од останати градови во Македонија 10 Еур повратно
  •  Сите ручеци и вечерите на денови 1 и 5;
  •  Алкохолни пијалоци
  •  Лични трошоци
  •  Доплата за голем куфер 20 кг во двата правци 40 Еур
  •  Услуги што не се споменати во оваа програма

УСЛОВИ И НАЧИН НА ПЛАЌАЊЕ

Плаќањето е во денари по курс 1 еур = 62 денари

За резервација и цена со попуст до 31.08.2019, потребна е целосна уплата.

За резервација без попуст се уплаќа 30% од вкупната сума а останатиот дел се доплаќа најдоцна 10 дена пред поаѓање.

Виза:

За македонските државјани е потребна виза за влез во Грузија. За истата е потребен валиден пасош со мин. 6 месеци важност од денот на напуштање на земјата и една фотографија. Визата чини 20 долари во денарска противвредност. За да се изготви потребни се 5 работни денови.

 

ОПШТИ НАПОМЕНИ НА ОРГАНИЗАТОРОТ НА ПАТУВАЊЕТО

Организаторот го задржува правото да ја смени цената на патувањето /поради оправдани причини како зголемување на цената на горивото, измени во девизниот курс, недоволен број на пријавените патници и сл./ или да го откаже патувањето најдоцна пет дена пред поаѓање

ПРОГРАМА

1. ден Скопје - Битола - Солун - Кутаиси - Батуми

Состанок на групата кај Спортска Сала во 00.30 часот. Заминување за аеродром во Солун. Лет за Грузија во 08:35ч (грчко време). Пристигнување на аеродромот Кутаиси до 12:10 часот – втор по големина град во Грузија. Заминување за Батуми – најразвиениот туристички центар на Црно море. Сместување во хотел. Можност за прошетка по стариот булевар, разглед на градот навечер. Заедничка вечерна прошетка по градот. Слободно време за вечера. Ноќевање.

2.ден Батуми - Мтсхета - Тбилиси

Појадок. Возење до Зелениот гребен, каде што се наоѓа Батумската ботаничка градина. Батумската ботаничка градина е уникатна по своите комбинации на видови од сосема различни климатски зони. Заминување со автобус кон источна Грузија и посета на градот Мтсхета попатно, со локалитетите на светското наследство на УНЕСКО – манастирот на Жвари  VIII век и катедралата Светицховели од 11. век. Прошетка низ уличките наредени со продавници за шарени сувенири во градот Мцхета. Заминување за Тбилиси со попатни паузи. Сместување во хотел. Организирана  вечера во грузиски ресторан со народни изведби (вклучена во цена). Ноќевање.

3.ден Тбилиси - Ананури - Гергети - Црквата Св.Троица – Рафтинг на реката Арагви - Тбилиси

По појадокот заминување  на  грузискиот воен пат кон планините на Голем Кавказ. На патот застануваме во архитектонскиот комплекс Анарури, граден од 14 – 17. век. Комплексот се состои од утврдувања, цркви и станбени згради на локалните феудали. Од Анарури возиме  на север, го поминуваме ски-центарот Гудаури и преминот Јава (2395 м) и стигнуваме до Казбег – административниот центар на провинцијата Кеви, кој се наоѓа на 1700 метри надморска височина. Од Казбеги се искачуваме до планината Гергети за да ја посетиме црквата Св. Троица во Гергети, изградена во 14. век, на врвот на планината под глечерот Казбеги (5047 м). Од Гергети продолжуваме кон провинцијата Псхави со можност за факултативен  рафтинг на реката Арагви. По рафтингот организирана  пикник – вечера со традиционална грузиска храна во природа. Во вечерните часови заминување за Тбилиси. Ноќевање.

4.ден Разглед на Тбилиси и Кутаиси

Појадок. Организиран разглед на градот каде ги посетуваме сите главни атракции: црквата Метехи од 13. век,  која се наоѓа покрај брегот на реката Мтквари. Возење со жичара до тврдината Нарикала. Тврдината Нарикала датира од 4. век од н.е., има извонредна локација со прекрасен панорамски поглед кон градот Тбилиси. Прошетка до Лагатеви – прекрасно место со водопад и мала река. Прошетка продолжува во паркот, во близина на бањите на Сулфур, добро познати по своите лековити способности, кои се наоѓаат во близина, улицата Шардени и населба и плоштадот Мајдан, со своите отворени кафулиња, галерии и продавници за сувенири. Го преминуваме  Мостот на мирот – модерен стаклен мост. Слободно време на авенијата Руставели, каде што можете да купите сувенири и ракотворби. Предвидено време за ручек. Турата продолжува кон запад, преку преминот Рикоти – земјата на Златното Руно. Патување со попатни застанувања на патот: локални фармерски пазари на патеката, продавачи на мед, печурки и овошје. Пристигнување во Кутаиси со можност за разглед  на градот и неговата околина: посета на  две локации од светското наследство на УНЕСКО: Гелати академија и манастирот од  12.  век со прекрасните внатрешни мозаици. Вечера во ресторан во Кутаиси (вклучена во цена)  и ноќевање во хотел во Кутаиси. Ноќевање.

5.ден Кутаиси - Солун - Македонија

Пакован појадок за носење. Трансфер до аеродромот Кутаиси до 05:40 часот. Лет за Солун. Посета на Солун со можност за слободно време, прошетка и шопинг. Заминување  за Македонија во попладневните часови. Пристигнување во Битола во вечерните часови. Организирани трансфери по градови.

ПРОВЕРЕТЕ РАСПОЛОЖИВОСТ НА МЕСТАТА

МОЖЕБИ ЌЕ ВИ СЕ ДОПАДНЕ

Art of Travel

  • Лондонска 2/17А Скопје

  • +389 2 305 1905

  • +389 70 27 93 95

  • artoftravel.mk@gmail.com

  • info@artoftravel.mk

ГАЛЕРИЈА

КОНТАКТ





Страницата на Art of Travel е од информативен карактер! Се трудиме редовно да ја ажурираме, но постои можност за поинакви информации од моментално објавените. Ве молиме сите цени и описи на објекти да ги проверите директно во агенцијата телефонски, на mail или лично. Ви благодариме на разбирањето.



© Copyright 2018 Art of Travel