Hotel Fuengirola Park 4* Fuengirola, Costa del Sol

2020 - Чартер програма од Софија

Услуга

FB +

Локација

Фуенхирола - 200 м од плажа

Шпанија

Андалузија>Коста Дел Сол

ПРОМО ЦЕНИ ЗА РЕЗЕРВАЦИЈА ДО 23.12.2019

Доколку посакувате одмор од соништата, покрај бескрајни сини пејзажи, тогаш Коста Дел Сол е вистинската дестинација за вас. Позната по долгите брегови, ситна песок и многу сончеви и топли денови, но и нешто повеќе… Јужниот брег на Шпанија на туристите им нуди магија, хедонизам и луксуз. Коста дел Сол нуди комбинација на одмор, уживање на сонце и волшебни пејзажи, место кое со години котира високо на листите со најпопуларни дестинации за совршен летен одмор. Секоја година повеќе од 5 милиони туристи го посетуваат југот на Шпанија и уживаат во магиите на Медитеранот. Климата е совршена, плажите преубави и романтични, спектарот од содржини за одмор и атракции – голем… Марбеља е одлична дестинација и главен туристички центар на Коста дел Сол, со атрактивните места кои го заслужуваат вашето внимание. Со сигурност, Коста Дел Сол ќе ги освои сите ваши сетила!

Хотел FUENGIROLA PARK 4*, Fuengirola

Хотел Fuengirola Park 4* е познат по својата вкусна, традиционалн кујна, одлична локација, чисти и комфорни соби и професионален и љубезен персонал.

Локација

Хотел Fuengirola Park Hotel 4* е на само 200 м од убавата плажа Las Gaviotas.

Собите

Хотел Fuengirola Park **** располага со 393 соби. Хотелот е зграда со две крила ориентирани кон југ. Сите соби се достапни со 4 лифта. Опремени се со: купатило, централно греење, сеф, клима, телевизор, телефон, фен, пространа тераса.

Ресторан

Ресторанот нуди разноврсни национални и меѓународни јадења. На задниот кат е една од кафетериите, а втората е кај базенот.

Забава: голем салон, сала за игри, ТВ сала, фризер, продавница, интернет, базен, лешалки, чадори, градина, тениско игралиште, детско катче.

ПОГЛЕДНИ ДЕТАЛИ

Цената е по лице и вклучува:

Авио билет Софија – Малага – Софија со авио компанијата Булгарија Ер или Wizz air, со вклучени аеродромски такси и багаж 20 кг чекиран и 10/7 кг рачен багаж;

7 ноќевања, на база полн пансион + вино и вода за време на вечерата;

Групен автобуски трансфер аеродром – хотел – аеродром;

Панорамски разглед на Малага со водич на бугарски;

Патничко здравствено осигурување со покритие од 10 000 евра;

Водич на бугарски јазик за време на целиот престој.

Цената не вклучува:

Целодневна екскурзија Алхамбра и Гранада – арапска приказна – 76 евра возрасни / 38 евра дете до 12 г. со вкл. влезница за Алхамбра;

Целодневна екскурзија до Севиља– бисерот на Шпанија со вкл. влезница за Катедралата – 66 евра возрасни/ 31 евро дете до 12 г.;

Целодневна екскурзија до Кордоба – 61 евро возрасни/ 31 евро дете до 12 г.;

Полудневна екскурзија до Нерха– 51 евро возрасни/ 26 евра дете до 12 г.;

Целодневна екскурзија до Ронда– 51 евро возрасни/ 26 евра дете до 12 г.;

Полудневна екскурзија до Марбеља– 22 евра возрасни/ 11 евра дете до 12 г.;

Целодневна екскурзија до Гибралтар и пристаништето Puerto Banus во Марбеља – 26 евра возрасни/ 13 евра дете до 12 г.;

Такса за гориво /задолжителна доплата доколку има зголемување на цената/ – се објавува 21 ден пред лет;

Во цената не се вклучени туристички такси, влезници за објектите, музеите, бротчиња, фериботи, јавен превоз, пијалоците, индивидуалните трошоци и др.

Ред на летање:

Превозник: Bulgaria Air (времињата се локални и се подложни на промени)

Софија – Малага: 18:05 – 21:05 ч.

Малага – Софија: 21:55 – 02:25 (+1 ) ч.

Ред на летање со Wizz air за датуми на патување: 01.06 ; 08.06 ; 15.06; 22.06; 31.08 ; 07.09; 14.09; 21.09  (времињата се локални и се подложни на промени)

Софија – Малага: 14:00 – 16:55 ч.

Малага – Софија: 17:30 – 22:00 ч.

Трансфер аеродром – хотел – аеродром:

Времетраење: околу 40 минути по правец со автобус.

За валидна резервација е потребна уплата од мин. 50% /но не помалку од 250 еур по лице!/од вкупната сума, во денарска противвредност по курс 1 еур = 62 ден. Краен рок за доплата е најдоцна 40 дена пред патување. Сумите се валидни за плаќање на сметка или во готово!

ВАЖНО:

  • Минимален број на лица потребни за реализација: 40 лица. Во случај на недоволен број и откажување на програмата, организаторот е должен да извести мин. 20 дена пред поаѓање.
  • Патувањето не се препорачува за лица со ограничена подвижност.
  • За патувањето е потребен валиден пасош со мин. 6 месеци важност од денот на влез во Шпанија
  • Туроператорот го задржува правото на промена на програмата.

Панорамски разглед на Малага

Вклучена во цената

Малага се наоѓа на брегот на Средоземното море, дел од Коста дел Сол, опколена со планини. Малага е позната како родното место на Пабло Пикасо. И како што кажал самиот уметник – за да станеш кубист, треба да се родиш во Малага.

Градот го основале Финикијците во Х век пр.н.е., под името Малака. Се претпоставува дека името произлегло од финикискиот збор за сол, бидејќи околу пристаништето се солела рибата. Седум века подоцна со градот владеат римјаните заедно со шпанските владетели на Картагена. Во VIII век, Шпанија е поробена од маварите и Малага станува важен трговски центар. Во тоа време градот бил во границите на калифатот на Кордоба. 1487 г. градот го завземаат кастиљанците, со што се става крај на муслиманското присуство. По граѓанската војна, 1936 г. градот е бомбардиран од италијанските војски и приврзаниците на Франко. 1960 г. Малага станува голем туристички центар. Панорамски разглед на Малага: Разглед на родната куќа на Пабло Пикасо, Катедралата на Малага, тврдината Кастило де Гибралфаро и Алкасаба.

Цената вклучува: водич на бугарски јазик.

Цената не вклучува: индивидуални трошоци.

Целодневна екскурзија Алхамбра и Гранада – Арапска приказна

Алхамбра и Гранада – последниот бастион на маварите во Шпанија е едно од најневеројатните места, кое може да се посети во Андалузија – нестварно убава, насликана, извезена и опишана. Неколку места во светот ги оставаат своите посетители  без здив и без зборови.

Градот со белезите на вековно испреплетување на културите и историските настани. Дворецот на Насридите, последната маварска династија, која владеела во Шпанија, е вистинско ремек-дело на архитектурата и не случајно е меѓу новите чуда на светот под покровителство на УНЕСКО.

Со оваа екскурзија ќе можете да влезете во светот на гранадските емири со посета на Дворецот и Градините на Алхамбра. Враќање во хотелот. Вечера. Ноќевање.

Цената вклучува: трансфер, водич, влезница за дворецот Алхамбра.

Важно: задолжителна доплата на слушалки на лице место – 2 eвра по лице.

Целодневна екскурзија на Севиља – Бисерот на Шпанија

Ја нарекуваат Севиља, бисерот на Шпанија, каде што под жешките сончеви зраци се раѓа страсното фламенко. Неспоредливиот шарм на Севиља ја чини сцената на светски познатата Кармен и заводникот Дон Хуан.

Град што ги комбинира минатото и сегашноста. Севиља е четвртиот по големина град во Шпанија и престолнина на Андалузија, со над 700 000 жители. Во Севиља како да застанало времето, каде по улиците се уште можете да видите луѓе во традиционални носии, а некои од зградите, се меѓу најубавите во Европа. По пристигнувањето во Севиља: Панорамски разглед со автобус – зградите на шпанско-американската изложба од 1929 г., убавите мостови Аламио и Баркета, Булеварот на палмите, Плоштад Шпанија и паркот Марија Лујза. Следува пешачки разглед со посета на познатиот кварт Санта Круз, Катедралата на Севиља,  најголемата готска катедрала во светот, изградена во XV век, со познатата камбанарија Хиралда, слободно време кај дворецот Алказар на Шпанскиот плоштад со убавите фонтани – сцена за многуте улични свирачи и актери. Слободно време за прошетка и ручек. Враќање во хотел.

Цената вклучува: трансфер, водич, влезница за Катедралата на Севиља.

Целодневна екскурзија Кордоба

Во својата песна „Песна на јавачот“, Федерико Гарсија Лорка се восхитува на „кулите возвишени“ на овој симболичен, светски познат град на Андалузија, во стариот дел од кој човекот се губи во мудроста на вековите.

Кордоба се наоѓа во централниот дел на Јужна Шпанија и лежи на бреговете на реката Гвадалкивир, со околу 320 000 жители. Областа околу Кордоба била населена уште во праисторијата. Низ годините градот бил освојуван од разни народи, но најголем успон доживува под кордобскиот калифат, во времето на маварите. Денес е со добро развиен туризам, радувајќи ги своите посетители со разновидни културни и историски споменици, многубројни цркви, убави  улици со калдрма… Како и во другите шпански градови, во Кордоба може да се види  христијанската, муслиманската и еврејската архитектура. Впечатлив е историскиот центар на градот, кој е вклучен во списокот на Светско културно наследство на УНЕСКО. Тука е познатата католичка катедрала „Меските де Кордоба“, која е изградена како џамија во времето на маварите и била втора по големина во тогашниот свет. Посета на стариот дел на градот, вклучен во светско наследство на УНЕСКО, познатата џамија Мескита, претворена подоцна во катедрала – една неверојатна комбинација на стиловите и религиите. Прошетката продолжува со разглед на Синагогата, еврејскиот кварт, римскиот мост над р. Гвадалкивир. Слободно време. Враќање во хотел.

Цената вклучува: трансфер, водич, влезница за Катедралата на Кордоба.

Цената не вклучува: индивидуални трошоци

Полудневна екскурзија до Нерха

Нерха е град во шпанската провинција Малага, Андалузија, сместен на брегот на Средоземното море. Градот е познат како летна туристичка дестинација, а и со пештерите во околината, во кои во 1959 година се откриени пештерските слики.

Во минатото римјаните му даваат на селото име „Detunda“, кое во времето на Арапите било сменето во „Narixa“, што значи „блага пролет“ и од каде произлегува денешното име на градот. Во централниот дел на Нерха е сместен таканаречениот Балкон на Европа, плоштадот од каде се протега преубав поглед кон морето.

Цената вклучува: трансфер и водич.

Полудневна екскурзија Марбеља – Лов за знаменитости

Во Марбеља имате шанса да сретнете некоја позната личност од светот на политиката, спортот или шоу бизнисот.

Ја красат убавите плажи, елегантни згради и пријатното опкружување на среќни луѓе.

Полудневен разглед на одмаралиштето Марбеља – местото, кое го бираат за своја летна резиденција Саудискиот крал, каде го поминуваат слободното време Антонио Бандерас и Хулио Иглесиас и др.

Целодневна екскурзија Ронда

„Душата на Андалузија“ – таканаречена  Ронда, сместена на работ на кањонот Тахо над реката Гвадалевин. Исклучително живописно место, исклучителна природа и глетка, белиот град со неповторлив шарм, кој никого не  остава рамнодушен.

Иако е мал по големина, градот Ронда е познат по многу работи. На прво место треба да се напомене, дека градот е лулка на борби со бикови во Шпанија. Тука е изградена првата арена за борба со бикови во 18-ти век. Пред самата арена е бистата на Педро Ромеро, кој се смета за основач на модерната борба со бикови, каде тореадорот се исправа пред бикот, стоејќи на земјата, а не седнат на коњ. Во Ронда е и Музејот на тореадорството. Ронда е позната како местото, каде е изработена познатата шесто-струна гитара. Тој вид гитара се смета за најважниот музички инструмент за фламенко музиката. Разглед на првата арена за борба, стариот дел на градот наречен Сан Франциако, Ла Сиедад и современиот дел на градот Ел Меркадио. Слободно време за прошетка. Враќање во хотел.

Целодневна екскурзија Гибралтар и пристаништето Puerto Banus во Марбеља

Гибралтар е прекуморска територија на Велика Британија, која се наоѓа на најјужниот дел на Пиринејскиот полуостров. Единственото населено место е градот Гибралтар, кој има 28 000 жители. Иако со малата територија, Гибралтар има важна стратегиска улога помеѓу Европа и Африка. Тоа е единственото место во Европа, каде живеат дивите мајмуни макаки.

За време на екскурзијата ќе имате можност да ја разгледате минијаурната територија со локален минибус, да ја посетите пештерата „Сан Мигел” и опфатите со поглед или сликате панорамата од Европа и Африка, да ја искористите бесцаринската зона, каква што е целата територија на Гибралтар.

Краток престој во Марбеља, со можност за посета на познатото пристаниште Пуерто Банус.

Цената вклучува:  трансфер, водич.

Цената не вклучува: индивидуални трошоци. Билет за минибус со аудио водич на бугарски јазик околу 30 евра – се плаќа на лице место.

ПРОГРАМА

1. ДЕН

Состанок на аеродромот Софија, Терминал 2 околу 2 часа пред полетување. Директен лет Софија – Малага со авио компанијата Bulgaria Air. Слетување на аеродромот Малага.

Трансфер до хотелот. Времетраење на трансферот – околу 40 минути. Сместување во хотел. Вечера. Ноќевање.

2 ДЕН

Појадок. Инфо состанок. Слободно време или по желба дополнителна екскурзија:

Полудневна екскурзија до Марбеља – Најлуксузното одморалиште во Шпанија.
/ околу 33.6 км 30 мин

Полудневна екскурзија Марбеља – Лов за знаменитости

Во Марбеља имате шанса да сретнете некоја позната личност од светот на политиката, спортот или шоу бизнисот.

Ја красат убавите плажи, елегантни згради и пријатното опкружување на среќни луѓе.

Полудневен разглед на одмаралиштето Марбеља – местото, кое го бираат за своја летна резиденција Саудискиот крал, каде го поминуваат слободното време Антонио Бандерас и Хулио Иглесиас и др.

Цената вклучува: трансфер и водич.

Цената не вклучува: индивидуални трошоци.

3 ДЕН

Појадок. Слободно време или по желба дополнителна екскурзија:

Целодневна екскурзија до Севиља – Бисерот на Шпанија.
/ околу 218 км- 2:38 часа

Враќање во хотел. Вечера. Ноќевање.

Целодневна екскурзија на Севиља – Бисерот на Шпанија

Ја нарекуваат Севиља, бисерот на Шпанија, каде што под жешките сончеви зраци се раѓа страсното фламенко. Неспоредливиот шарм на Севиља ја чини сцената на светски познатата Кармен и заводникот Дон Хуан.

Град што ги комбинира минатото и сегашноста. Севиља е четвртиот по големина град во Шпанија и престолнина на Андалузија, со над 700 000 жители. Во Севиља како да застанало времето, каде по улиците се уште можете да видите луѓе во традиционални носии, а некои од зградите, се меѓу најубавите во Европа. По пристигнувањето во Севиља: Панорамски разглед со автобус – зградите на шпанско-американската изложба од 1929 г., убавите мостови Аламио и Баркета, Булеварот на палмите, Плоштад Шпанија и паркот Марија Лујза. Следува пешачки разглед со посета на познатиот кварт Санта Круз, Катедралата на Севиља, најголемата готска катедрала во светот, изградена во XV век, со познатата камбанарија Хиралда, слободно време кај дворецот Алказар на Шпанскиот плоштад со убавите фонтани – сцена за многуте улични свирачи и актери. Слободно време за прошетка и ручек. Враќање во хотел.

Цената вклучува: трансфер, водич, влезница за Катедралата на Севиља.

Цената не вклучува: индивидуални трошоци.

4. ДЕН

Појадок. Слободно време или по желба дополнителна екскурзија:

Целодневна екскурзија до Кордоба.
/ околу 186 км- 2:00 часа

Враќање во хотел. Вечера. Ноќевање.

Целодневна екскурзија Кордоба

Во својата песна „Песна на јавачот“, Федерико Гарсија Лорка се восхитува на „кулите возвишени“ на овој симболичен, светски познат град на Андалузија, во стариот дел од кој човекот се губи во мудроста на вековите.

Кордоба се наоѓа во централниот дел на Јужна Шпанија и лежи на бреговете на реката Гвадалкивир, со околу 320 000 жители. Областа околу Кордоба била населена уште во праисторијата. Низ годините градот бил освојуван од разни народи, но најголем успон доживува под кордобскиот калифат, во времето на маварите. Денес е со добро развиен туризам, радувајќи ги своите посетители со разновидни културни и историски споменици, многубројни цркви, убави улици со калдрма… Како и во другите шпански градови, во Кордоба може да се види христијанската, муслиманската и еврејската архитектура. Впечатлив е историскиот центар на градот, кој е вклучен во списокот на Светско културно наследство на УНЕСКО. Тука е познатата католичка катедрала „Меските де Кордоба“, која е изградена како џамија во времето на маварите и била втора по големина во тогашниот свет. Посета на стариот дел на градот, вклучен во светско наследство на УНЕСКО, познатата џамија Мескита, претворена подоцна во катедрала – една неверојатна комбинација на стиловите и религиите. Прошетката продолжува со разглед на Синагогата, еврејскиот кварт, римскиот мост над р. Гвадалкивир. Слободно време. Враќање во хотел.

Цената вклучува: трансфер, водич, влезница за Катедралата на Кордоба.

Цената не вклучува: индивидуални трошоци

5. ДЕН

Појадок. Слободно време или по желба дополнителна екскурзија:

Целодневна екскурзија до Алхамбра во Гранада – Арапска приказна
/ околу 160 км- 1:46 часа

Враќање во хотел. Вечера. Ноќевање.

Целодневна екскурзија Алхамбра и Гранада – Арапска приказна

Алхамбра и Гранада – последниот бастион на маварите во Шпанија е едно од најневеројатните места, кое може да се посети во Андалузија – нестварно убава, насликана, извезена и опишана. Неколку места во светот ги оставаат своите посетители без здив и без зборови.

Градот со белезите на вековно испреплетување на културите и историските настани. Дворецот на Насридите, последната маварска династија, која владеела во Шпанија, е вистинско ремек-дело на архитектурата и не случајно е меѓу новите чуда на светот под покровителство на УНЕСКО.

Со оваа екскурзија ќе можете да влезете во светот на гранадските емири со посета на Дворецот и Градините на Алхамбра. Враќање во хотелот. Вечера. Ноќевање.

Цената вклучува: трансфер, водич, влезница за дворецот Алхамбра.

Цената не вклучува: индивидуални трошоци.

Важно: задолжителна доплата на слушалки на лице место – 2 eвра по лице.

6. ДЕН

Појадок. Слободно време или по желба дополнителна екскурзија:

-Целодневна екскурзија Белата Андалузија – Посета на Ронда

/ околу 109 км- 1:42 часа

Враќање во хотел. Вечера. Ноќевање.

или

Полудневна екскурзија до Нерха – романтиката на Коста дел Сол.
/ околу 127 км- 1:45 часа

Враќање во хотел. Вечера. Ноќевање.

Целодневна екскурзија Ронда

„Душата на Андалузија“ – таканаречена Ронда, сместена на работ на кањонот Тахо над реката Гвадалевин. Исклучително живописно место, исклучителна природа и глетка, белиот град со неповторлив шарм, кој никого не остава рамнодушен.

Иако е мал по големина, градот Ронда е познат по многу работи. На прво место треба да се напомене, дека градот е лулка на борби со бикови во Шпанија. Тука е изградена првата арена за борба со бикови во 18-ти век. Пред самата арена е бистата на Педро Ромеро, кој се смета за основач на модерната борба со бикови, каде тореадорот се исправа пред бикот, стоејќи на земјата, а не седнат на коњ. Во Ронда е и Музејот на тореадорството. Ронда е позната како местото, каде е изработена познатата шесто-струна гитара. Тој вид гитара се смета за најважниот музички инструмент за фламенко музиката. Разглед на првата арена за борба, стариот дел на градот наречен Сан Франциако, Ла Сиедад и современиот дел на градот Ел Меркадио. Слободно време за прошетка. Враќање во хотел.

Цената вклучува: трансфер и водич.

Цената не вклучува: индивидуални трошоци.

Полудневна екскурзија до Нерха

Нерха е град во шпанската провинција Малага, Андалузија, сместен на брегот на Средоземното море. Градот е познат како летна туристичка дестинација, а и со пештерите во околината, во кои во 1959 година се откриени пештерските слики.

Во минатото римјаните му даваат на селото име „Detunda“, кое во времето на Арапите било сменето во „Narixa“, што значи „блага пролет“ и од каде произлегува денешното име на градот. Во централниот дел на Нерха е сместен таканаречениот Балкон на Европа, плоштадот од каде се протега преубав поглед кон морето.

Цената вклучува: трансфер и водич.

Цената не вклучува: индивидуални трошоци.

7. ДЕН

Појадок. Слободно време или по желба дополнителна екскурзија:

Гибралтар и пристаништето Puerto Banus во Марбеља

/ околу 109 км- 1:38 часа

Враќање во хотел. Вечера. Ноќевање.

Целодневна екскурзија Гибралтар и пристаништето Puerto Banus во Марбеља

Гибралтар е прекуморска територија на Велика Британија, која се наоѓа на најјужниот дел на Пиринејскиот полуостров. Единственото населено место е градот Гибралтар, кој има 28 000 жители. Иако со малата територија, Гибралтар има важна стратегиска улога помеѓу Европа и Африка. Тоа е единственото место во Европа, каде живеат дивите мајмуни макаки.

За време на екскурзијата ќе имате можност да ја разгледате минијаурната територија со локален минибус, да ја посетите пештерата „Сан Мигел” и опфатите со поглед или сликате панорамата од Европа и Африка, да ја искористите бесцаринската зона, каква што е целата територија на Гибралтар.

Краток престој во Марбеља, со можност за посета на познатото пристаниште Пуерто Банус.

Цената вклучува:  трансфер, водич.

Цената не вклучува: индивидуални трошоци. Билет за минибус со аудио водич на бугарски јазик околу 30 евра – се плаќа на лице место.

8. ДЕН

Малага – Софија

Појадок. Напуштање на хотелот.

Панорамски разглед на Малага.
/ околу 42.8 км- 00:40 часа

Трансфер до аеродромот во Малага. Директен лет Малага-Софија.

Панорамски разглед на Малага

Вклучена во цената

Малага се наоѓа на брегот на Средоземното море, дел од Коста дел Сол, опколена со планини. Малага е позната како родното место на Пабло Пикасо. И како што кажал самиот уметник – за да станеш кубист, треба да се родиш во Малага.

Градот го основале Финикијците во Х век пр.н.е., под името Малака. Се претпоставува дека името произлегло од финикискиот збор за сол, бидејќи околу пристаништето се солела рибата. Седум века подоцна со градот владеат римјаните заедно со шпанските владетели на Картагена. Во VIII век, Шпанија е поробена од маварите и Малага станува важен трговски центар. Во тоа време градот бил во границите на калифатот на Кордоба. 1487 г. градот го завземаат кастиљанците, со што се става крај на муслиманското присуство. По граѓанската војна, 1936 г. градот е бомбардиран од италијанските војски и приврзаниците на Франко. 1960 г. Малага станува голем туристички центар. Панорамски разглед на Малага: Разглед на родната куќа на Пабло Пикасо, Катедралата на Малага, тврдината Кастило де Гибралфаро и Алкасаба.

Цената вклучува: водич на бугарски јазик.

Цената не вклучува: индивидуални трошоци.

Барање за резервација

МОЖЕБИ ЌЕ ВИ СЕ ДОПАДНЕ

Art of Travel

  • Лондонска 2/17А Скопје

  • +389 2 305 1905

  • +389 70 27 93 95

  • artoftravel.mk@gmail.com

  • info@artoftravel.mk

ГАЛЕРИЈА

КОНТАКТ

Страницата на Art of Travel е од информативен карактер! Се трудиме редовно да ја ажурираме, но постои можност за поинакви информации од моментално објавените. Ве молиме сите цени и описи на објекти да ги проверите директно во агенцијата телефонски, на mail или лично. Ви благодариме на разбирањето.

© Copyright 2018 Art of Travel